ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Грижен, стихозбирка, 1

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Трова

Од мене за мене во мене
Меѓу небо и земја сосе огниште
Заживува штотуку роден плод
За сегашност како утрешен сон
Во која собрана подземна сила
На мртви
Конечно ќе излезе ќе избувне
На виделина со сончева песна.

Радо би се замешале во живи
Во блиски и далечни предели
Ничии
Дури да не се препознаваат
Меѓусебно какви што се
Од два разделени света.

Јас со нив не сум и не можам
Како нив да пеам или мислам
Како моментно расположен
Бидејќи трова не може никого
Да насити
Камо ли да прибере околу себе
Други трови
Пред замин во неврат
И на живите и на мртвите.