12. Еден мал здив
Во скривница од камења
крената одамна до небо
еден немошен круг
од обични, уморни луѓе.
На плоча со цртежи
на насилна смрт
празнина
за во неа со бела креда
некој од нив
да нацрта умирање
на оган покриен
со нанижани
отворени рани
од едни и други и трети
војни до смрт.
На неговиот врв,
на едно од жарчињата
камен
од уморните луѓе
кој како да им е
за уште живот.
Жарчето не се опира,
а каменот скоро
ќе се ослободи
од својата тежина
и несопирливо ќе тргне
кон безмерна слобода!