236. Сонувач
Сонува соништа
во кои не е тој.
237. Суд
Даваш суд за
рамнодушен.
238. Мудар
Не им дава од својата мудрост
на зломислени и злонамерни.
239. В гради
Собрала в гради горчина
што му го оболува срцето.
240. Не знае
Не знае колку знае штом
нема замисла животворна.