Во делото „Жива мисла“ на Теодор Вишен:
Цел живот се трудиме глупостите што не сме ги направиле да бидат што помалу и помали од оние што сме ги направиле.
Молчењето е глупаво ако не е повредно од зборењето.
Паметниот со добрини за светот, глупавиот во него со добрини за себе.
На паметниот му треба поткрепа на годините, а на будалиот на будалштините.
Сите глупави си личат едни на други, до непрепознавање меѓу нив.
Глупав е оној што со свои глупости им се спротивставува на глупости на други.
Отишле тројца будали на пазар. Двајца да се пазарот, а трет да го плаќа испазареното.
Немерлива е моќта на човечката глупост.
Што бара паметен меѓу глупави?!
Глупави и празноглави одат рака под рака низ животот.
На паметниот не му е важно што јал и пиел, туку што видел, слушнал и запомнил.
И паметно магаре молчи меѓу глупави.
Глупав си кога прашуваш паметен, а немаш трпение да чекаш да ти одговори.
Глупакот знае сè, а мудриот понешто од сè.
Малите народи ретко успеваат да ги надминат глупостите на големите.
Мудриот кога треба умее да се прави глупав.
Глупаво е да се караш со глупак.
Глупавиот не знае само едно-дека е глупав.
Повторената глупост докажува дека глупавиот не може без неа.
Една глупост се вљубила безгранично во себе.
Глупоста е болест која единствено се лечи со глупост.
Итроштината е мудрост на глупак.
Глупоста е заразна.
Глупавиот е најголем непријател на човештината.
Глупоста и боговите ги замолчува.
Полесни ти се сторените глупости, одошто глупостите кои допрва ќе ти ги сторат.
Глупоста е болест од која глупак не заболува.
ЖИВА МИСЛА, поетски роман