fbpx Прескокни до главната содржина

Им размина

-Разбрав дека им размина болката, со неа и тагата.

-И јас разбрав. Не можеле да се препознаат колку сјаела радоста на нивните лица.

-Ах, да ги сретнев…Макар на разминување…Ќе им порачав дека требаше многу порано да ги надминат разделбата  и самостите поради меѓусебни недоразбирања и неприфаќања на средината во која растат, живеат и се докажуваат како дејствени и творечки личности.

-Не е важно непотребно истрошеното време. Важно минало што било и да не се повтори.

-Којзнае, можеби им требаа разделбите и самостите за да спознаат колку се потребни еден на друг. И дека наместо неприфаќањето на средината многу е подобро, дури поздраво и порадосно прилаголдувањето на неа.

-Се согласувам. Особено зашто не станува збор за некаква туѓа, спротивна, противречна, сложена, ним спротивставена средина, туку за средина на блиски, роднини и пријатели.

-Мислам дека ќе запаметат колку болката, а со неа и тагата им размина самостојно, без сугерирање или припомош, без замешување од кого било.

Прочитај и за ... >>  Ти и ти

-Да, но од друга страна ќе им разминеше многу полесно и побрзо со помош, поткрепа, поттик, расположба…

-Можеби. Во секој случај, тоа е големо животно искуство. Во најголема мера како зреење и затврдување на врската, љубовта, заедништвото…

-Ако ги сретнам скоро, макар на разминување, ќе им забележам зошто дозволија болката сосе тагата, што им размина без поголеми последици, да им остави толку длабоки лузни на нивните лица. Подлабоки од брчките на нивните чела.

-И јас…Мислиш дека ќе си дозволат пак?

-Не смеат да си дозволат! Нема пак да им размине.       

МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ, раскази, 7

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.