Грутка земја

Потребно време за читање: < 1 минута

Собрал човек грутка
некогаш плодна земја
пред да замине
никој не знае каде
во кој свет
меѓу пусти светови
одново заживеал.

Собрал грутка
в гради до срцето
тајно
никој да не знае
да не се најде некој
да му ја одземе
да му ја украде.

Грутка некогаш
плодна земја
некогаш.

Секој што го знае
тоа
се прашува зошто
човекот не одговара
дека грутката
негова од искони
му дава сила исконска.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 42