Грешка

Камено небо

Грешка човек грешен
прави една и многу
човек.

Греши пат човек
до куќа грешна на пат
па прави грев мал
и голем по него.

Го фатил грев човек
од друг човек
дека е човек за грев.

Како не му е грев
како не му паѓа грев
за човек.

Бере гревови
а не си ги гледа
а не им ги гледа
а не им ги бере
а не им ги брои
на луѓе грешни
во живот.

Умрел човек во грев
та оставил гревови.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 48

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.