Господин во теретана

Виц-блиц

Еден господин во години вежба во теретана и забележува како исклучително згодна млада жена влегува во салата. Го повикува тренерот и го прашува:

-На која справа треба да отидам за да можам да ја импресионирам онаа убавица?

Тренерот го одмерува од глава до петици и одговара:

-Хм, пробајте со банкоматот во предворјето.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.