ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

9. Врска

Калина Милеска се прашуваше дали ќе успее нејзината нова врска или и таа ќе заврши исто како многу пред неа. Немаше одговор, не се ни обидуваше да го пронајде, ама тоа прашање сѐ почесто и повторливо ѝ се наметнуваше. Таа штотуку ѝ започна, нема ни цели пет дена откога го запозна на една забава со знајни и незнајни во ноќен клуб, а прашањето како да ѝ стануваше судбоносно за нејзината иднина.

Калина Милеска пред два дена го прослави својот триесет и седми роденден во вилата на Славен Јасенски, четириесет и шестгодишен бизнисмен, сопственик на голема извозна компанија што се занимава со производство и продажба на мебел. Со мало негово друштво и нејзината пријателка од детството Нина Попеска.

Славен Јасенски како да ѝ го слушна гласно неизговореното прашање. Ѝ рече:

„Нашава врска ќе успее само ако зависи исклучиво од нас. И ако ѝ се препуштиме целосно“.

Калина Милеска сѐ уште не се прашуваше што значи да успее нејзината нова врска.        

Leave the first comment