Потребно време за читање: < 1 минута

7. Силна суша

Сушава што ја издржува со недели е навистина силна. Суши, просто гори сѐ со што е соживеан, сѐ поради што живее, сосе сите досега преживеани невремиња во кои г продолжувал сопствениот опстој. Сѐ повеќе се очајува.

Утрово конечно секна и последниот извор со питка вода колку за гаснење на неговата жед.

Ова е најсилна суша од сите што ги памети во негови години. Природата му открива последни свои знаци на издишување. Насекаде околу него гол камен, распукана земја, суви дрвја со мртви корени на поврнината. Над него безоблачно небо.

Веќе е сосем сам. Сите заминаа во потрага по плоден предел. Тој не може. Бессилен е и малодушен.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here