Потребно време за читање: < 1 минута

69. Свој вет

Тој се согласува со мене дека секој има свој свет во кој и со кој може да прави што сака. Се согласува и дека никој не може сам во својот свет. Зашто кога би можел, тоа би значело дека живее само за себе, нема никој ближен или близок и не споделува ниту миг со друг. Се согласува и со моето становиште дека човек не може да знае колку е богат и колку е вреден неговиот свет ако не го спореди со на друг. Дури и ако не го сопостави на друг.

Само во едно никако не можеме да се согласиме: за светот и за неговиот сопственик или стопан не чини да е затворен, да е доволен сам на себеси и да не дозволува никој да влезе во него или од него да излезе кога ќе посака. Напротив, тој смета дека е таков дури е негов, а веќе не е ако се отвори, ако се најде во состојба да не биде доволен сам на себеси и ако кој било влезе во него или од влезените реши да излезе.

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Има една мисла што постојано ја кажува како лична одбрана:

Човек без свој свет не живее вистински. Не е ни свесен дека бавно, но незапирно умира. Кој има свој свет, тој е со животворен дух.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here