52. Џган
-Голем џган се накотил и насобрал во власта,-со огорчен глас ми вели Петко Стаменовски.
Случајно се разминуваме пред белите згради на Владата соѕидани на кејот на Матната река.
-Ама е избрана од народот на слободни избори,-му одговарам.
-Слободни?! Како да не! На наместени, фалсификувани, режирани! Народ да избере џган?!-му расте гневот.
Не ни помислувам да се обидам да го потсмирам. Се разминавме, а тој продолжи да збори сам со себе.
Опцу:
-Ебате џган власт и џган држава, ебате!