4. Интерпункција
Необичен е говорот на Ристана Аврамова, млада Госпоѓица, продавачка во книжарница. Би можел да се назначи како редуцирано, но изразито интерпункциски.
Имено, од интерпункциските знаци таа користи само запирка, извичник, прашалник и точка! Мошне прецизно, без грешка, секогаш секој од нив наместо. На пример, запирката по воздив или кога нешто реди, особено при возбуденост, а извичник кога нешто ја зачудува, ја изненадува или нешто сака да потенцира. Очекувано, најчесто ја користи точката.
Необичен е говорот на Ристана Аврамова зашто интерпункциските знаци многу ретко ги користи со и меѓу зборови, реченици и оформени мисли. Најчесто ги користи молкома додека се обидува некому да му продаде поетско дело на непознат автор.