ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

37. Црно облачиште

Од никаде мигум се собра големо црно облачиште на ведро небо над питомина. Се собра или го собраа, уште не се знае.

Постоја некое време како да се замислува за нешто, како да се прашува дали му е време да се истури, и тоа токму врз питоминава. Ама не се ни помрдна. Ниту, пак, задува ветар што би го однел накај некаде.

Се истури мигум и надојдоа многу матни реки. Многу прост и невин народ се исподави. Многу негови видни и умни изгинаа.

 

Leave the first comment