32. Графит
На ѕидот на облакодерот спроти „Народен булевар“, во центарот на градот, со недели беше испишан графит со големи црни букви „Биди самосвесен човек!“.
Утрово секој што минува крај него се чуди и се прашува кому му пречел зборот „самосвесен“, та го покрил, го избришал со бела боја.
Од утрово никој во врвулицата од луѓе не подзапира пред графитот „Биди човек!“. За да се замисли и да се праша дали тој и нему му се обраќа, и на него ли се однесува.