ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

21. Занесна на залез

На залез нејзината љубов, нејзиното сонце и годините заедно. Како последен издив радосен, тажен, длабок, болен, спокоен, претсмртен. Проштален.

На залез нивната педесетгодишна љубов. Ниту ден, ниту час, ниту миг повеќе. Можела да биде помалку, ама заедно успеаја дотука да ја одржат во живот.

На залез пред мирна вода, на хоризонт сончев зрак одблеснат по вода, сосе темномодри облаци на синожолто и црвеникаво небо.

Отсега мора сама. Сама? Не. И отсега како досега. Со нејзината љубов, нејзиното сонце и годините заедно.

Leave the first comment