ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

19. Бездомник

Нема кој што не го знае бездомникот. Најпрвин оти е единствен во градот, но и според веселоста која ја шири околу себе, заразувачки. Зошто, како единствен? Зар не се наоѓа никој да го вдоми или да му направи каков-таков дом? Тоа не е проблем. Проблем е тој. Не сака, не прифаќа! Ама…Нема ама!

Бездомникот е во години. Телото му премалува сѐ почесто и сѐ позабрзано. Пред луѓето и меѓу нив, децата, младите, возрасните, старите снеможени и болни секогаш е облечен исто, испрано, чисто. И кога е топло и кога е студено: маслинеста капа со стреа, маслинеста волнена јакна со постава, маслинести волнени пантолони со многу џебови и маслинести длабоки чевли.

Најчесто ноќева на крајот од градот, во една од запустените висококатници, без прозорци и врати. На ветромет. Обграден со сенки, шепоти и гласови на незнајни.    

Leave the first comment