Потребно време за читање: < 1 минута

13. Две очи

Одејќи по нечија незнајна врвица, првпат откога почна да открива такви кон изворот на бистра вода, прво го откри првиот знак како око изделкан на дебело стебло на дрво, со речиси излупена кора. Под него зборовите „Го здогледувам“.

Потоа, стотина метри подалеку, поблизу до целта го откри и вториот знак како око, на камен што го запрел стркалувањето на место на врвицата меѓу две бездни. Под него зборовите: „Не успеав да го догледам“.

Стоеше загледан во него неко време, како замислен, се насмеа загадочно, па продолжи по незнајната врвица кон изворот на бистра вода.   

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here