274. Народот не може да ве смисли оти ништо добро не му мислите.
275. Материјално богат, а духовно беден политикант на власт.
276. Мои дела за луѓе со мене.
277. Нема потрагикомични ликови од ликови на нервозни политиканти на власт.
278. Неморално општество-гнила држава.
279. Алчноста најпрвин ја ништи добрината, а потоа заедничката живеачка.
280. Лична одбрана на личниот живот:
Што подалеку од држава на мафија.
281. Нема решение без решителност.
282. Ако продолжиме вака денес, утре ќе се најдеме во состојба да не можеме никако. Луѓе, животот ни е загрозен!
283. Натурена платеничка власт не прави ништо, а растура сè што е пред неа направено за да не може да се поправи.
284. Или ние без вас или вие и натаму против нас.
285. Во љубов се, а ништо не знаат еден за друг.
286. Никој, ништо и за никаде до небо извишен мислител и творец.
287. Партиите во гнила држава се борат за власт и народни пари.
288. Никакво знаење над доволно, солидно или големо.
289. Кои антимакедонски идиоти во северџганскава власт натурена од „стратешки партнери“!
290. Македонци, зар уште не согледувате дека власта почна жестока војна за ништење на македонството!?
291. На сет глас:
Овде е мрачно. Мрак земја покрива, мрак нè обвива!
292. Од многу седење мадро, народот си добива модро.
293. Еден дребникав старец на крајот од животот за никого, дури ни за себеси не е проблем.
Проблем е на сите ако тој создал непризнаено грандиозно мислечко и книжевно дело, единствено на светот!