ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќио говор и пој на птици), 1-5

1. Прашање

Какви победи и порази на глас во самост?

2. Фрлен камен

Меѓу камења камен фрлен од врв до небо.

3. Тихи

Ни збор веќе ни глас веќе во тихи ноќи.

4. Далечина

Премавна далечина конечно, пред смрт.

5. Итака-итака

Некогаш како секогаш, нигде како сегде.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.