91. Пред заспивање
Уморен, а буден во глува мрачнина.
92. Слутам
Од сите страни трубат силни војски.
93. Самак
Човек крај извор меѓу голи планини.
94. Предаден
Го предале понизни на мракобесие.
95. Неминовно
Скришни знаци во говор на крици.
ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)