Едности IV, 86-90

86. Исто

Одамна јас и ти меѓу мрак и светлина.

87. Непречено

Биди што си да си и покрај сè.

88. Продолжение

По трага до друга трага упорито.

89. Единствена

Жива грамадна карпа во пустошија.

90. Немоќ

Чекаме лут оган сè живо да пеплоса.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.