ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 176-180

Потребно време за читање: < 1 минута

176. Јаснота

Нема излез во јаснота обѕидана.

 

177. Кривда

Од него кривда за кришно сè.

 

178. Страна

На своја страна оти си стои настрана.

 

179. Лик

Лик се крие за да не се обезличи.

 

180. Овардак

Камо уште како нашиов овардак.

Leave the first comment