Движење

Тивки клокоти

Движи се, човеку, зашто си роден да се движиш до смрт. И за здравје и со здравје, и за нешто блиско и за нешто далечно, а достижно. И за од овде до онде, и за од негде до сегде. Просто не си жив ако не се движиш. Не си жив и ако стоиш во место.

Дали домислуваш кога најмногу се плашат од тебе, човеку? Кога се движиш! Поготово кога не се движиш сам, а со луѓе, а со многу луѓе. Зашто твоето движење заедно со движења на други, на многу кои не дозволуваат ниту да премалат движејќи се, ниту да стојат во место, лесно и брзо прераснува во сеопшто движење кое не може никој да го запре.

Движи се, човеку,за да бидеш и до смрт да останеш човек!

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 167

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.