276. Тоа што не ме почитуваш како мислител и творец е твој проблем. Јас немам проблем што не те почитувам оти знам зошто.
277. Без одговор зошто:
Жалам, но директна средба со мене не е можна. (Ни со сакани луѓе, со кои некогаш сум споделувал добро и лошо.)
278. Не ќе од годините:
Сè подлабоко молчам и сè почесто зборувам сам со себе.
279. Колку поблизу до крајот, толку подалеку од почеток на што било.
280. Открив многу во мојот мал творечки свет.
281. Веќе ништо не може да ме изненади, ниту да ме порадува.
282. Најголема лична победа:
Да се надминеш себе во борба со себе.
283. Нема повеќе од пријателство. Како што нема повеќе или помалку љубов.
284. Да си што е можно почесто со личности и дела. Најпрвин е чувството единствено.
285. Во сечиј живот има една голема и многу мали цели до неа.
286. Според делото и те препознаваат и те паметат.
287. Власт ти треба за да ги придвижиш напред државата и општеството?! А без неа не можеш?
288. Доверба само за сè чисто и бистро.
289. На светската сцена почна борба за главните и споредните улоги во претставата „Кројачи на нов свет“.
290. Не бидува ни држава ни општество со купи, продај и препродавај.
291. Политичари, како натаму со неморалот и изгубениот дигнитет? Не со „Марш надвор од политиката!“?
292. Додека е љубов, нема неосвоиви врвови.
293. Безлични и безидејни на раб на бездна.
294. Никогаш не е сè изгубено.
295. Лично и за маж и за жена:
Биди човек и биди личност.
296. Во љубовта се најпрвин разбирањето и споделувањето.
297. И мажи и жени убави и грди.
298. Страст и љубов-страст во љубов.
299. Мислам и промислувам за мене. Може и за некој, може и за некои.
300. Традиционалните семејни вредности се всушност вредности на домашното огниште.
301. Во заедничка живеачка и на мажот и на жената сè им е колку полесно, толку подоблесно.
302. Вистината постојано ги поразува лагата и измамата, но никако да ги сотре.
303. Не се согласуваш со мене? Тоа е за тебе проблем?!
304. Секогаш поводот и причината пред последицата.
305. Нема политика без знаење.
306. И во љубовта игра животворна.
307. Прво научи да прашуваш, па потоа барај одговор.
308. Блиски сме колку што знаеме еден за друг.
309. Технологијата и економијата го раздвижија мултиполарниот свет и го зајакнаа државниот суверенитет.
310. Културата и традицијата на народите на светот ги богатат човечките животни хоризонти.
311. Нè препознаваат според големи личности во нашето минато и нашево денес.
312. Моите дела постојат независно од мене. Додека постојам.
313. И морам и можам без многу нешта додека сум сам.
314. Сеедно е дали имало или немало нешто меѓу нас. Кога веќе нема.
315. Природно, сè поголем е бројот на оние што не ме знаат, а сè помал на оние што ме паметат.
316. Се случува да создавам нешто за мене непознато. А претставува предизвик.
317. Лично си одговорен еднакво за својот и за животот на оние со кои живееш.
318. Залудно е бојкотирање на избори за власт. „Слободното“ гласање е „демократска“ подигравка со народот.
319. Не за „демократски“ избори за партократско владеење (на кое било ниво), туку за референдумско одлучување за едно од две или повеќе решенија на проблем во колективниот живот.
320. Во демократското владеење со државата не постои „конструктивна“ опозиција. Таа е бескорисна и небулозна политикантска измислица.
321. Несомнено!
Стратешкиот партнер на Македонија, во „стратешко заедништво“ со наци-фашистичкиот дел од неговиот привезок-ЕУ, е одлучувачки фактор во разнебитувањето на исконскиот македонски народ и неговата држава.
322. Не конструктивна или деструктивна опозиција (во борба против актуелната власт за да ја собори и да завладее; освојувањето на власта или учеството во неа не е една од, туку е единствен цел на секоја политичка партија), туку критичка или критизерска.
323. Замисли ниедна видна, авторитетна, способна и дејствена мислечка и творечка личност да не е, ниту да сака да членува во која било политичка партија. Тогаш, кои партии, со какво членство и со која цел?!
324. Чесен политичар-посебно и најретко човечко суштество.
325. Годините не ја намалуваат моќта на љубовта. Може напротив.
326. Интгелектуалците се настрана од политиката?! Не е точно! Најголемиот број од нив се политички влијателни и активни надвор од политичките партии.
327. Имам свој став и од никого не барам да го прифати. Како што никому не му го оспорувам правото да ми се спротивстави со свој.
328. Начинот на владеење на владетелот е многу повеќе дел од неговиот карактер, одошто на затврден систем.
329. Во секоја модерна и развиена држава:
Власта работи, создава и гради за народот, а раководи (не владее!) со неговата држава. Опозицијата се бори против власта-да ја собори и да стане власт.
330. Престројувањето на мултиполарниот свет мора да се промислува како долгорочен геостратешки и економско-политички процес.
331. Никако не затворање во себе, но никако не и без самозаштита.
332. „Македонската приказна“ за членство во ЕУ не е тажна, туку е трагична и срамна за Европа и светот.
333. Дефинитивно, силата на една држава се мери исклучиво според ресурсите што ги поседува и можностите за нивна експлоатација.
324. Зошто редовни или вонредни избори (на кое било властодржачко ниво), ако раководењето (не владеењето!) со државата од страна на избрани авторитени и способни мислечки и творечки личности (на вистински демократски избори-со независни кандидати) е успешно и во името на народот?!
335. Самостоен си и независен онолку, колку што можеш сам. Слободен колку што си самосвесен и самобитен.
336. Власт за одговорност, а не за бегање од неа.
337. Никој не работи за ништо. Работи барем колку да работи.
338. Човек без своја трага-со бесмислена живеачка.
339. Имало и има сè помалу радости при забрзано снеможување.
340. Каде сум? Сегде исто како нигде.
341. Не му излегувај пред очи на народ кого си го лажел и крадел. Ќе ти ја прикаже мизеријата.
342. Не се надевај на каков било успех во животот, ако не го работиш она што го сакаш и што си го учел.
343. Не можеш да не мислиш на љубов која белки некогаш помислува на тебе.
344. Со оригиналност кон совршенство.
345. Малку од тебе за доволно за сите.
346. По точка и нов ред. Не само збор со почетна голема буква.
347. Добро е да нема меѓу кога сме на или-или.
348. Не е прашање дали, туку како и до кога ќе преживуваме.
349. Нешто се движи, но многу бавно. Мора да може да се забрза.
350. Несомнено, во современата геополитика во прв план се лагата и мимикријата.
351. Голем ум со нас и меѓу нас, а непознат, а непрепознаен.
352. Малите љубови во животот наспроти една голема и по смртта.
353. Трагите на постоењето во историското минато се неизбришливи.
354. Лажни се, лажат и се самозалажуваат. За да опстанат во туѓи простори и времиња.
355. И во болно тело здрав дух.
Нема здраво тело со болен дух.
356. Општеството според културата, државата според редот, поредокот и свеста.
357. Радувај се и на мали и на големи нешта.
358. Не отстапувај откако ќе решиш.
359. Ако ти е исто како вчера, не се надевај на различно утре.
360. Не можеш во нов живот со изминат.
361. Никогаш доволно љубов. Ако е.
362. Користољубието е по дифолт непријателско.
363. Малку знаеш за мене оти не сме блиски.
364. Во тишина се слуша и разбира секој жив збор.
365. Не знаеш за моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, според бројот и разновидноста единствено на светот?! Искрено жалам.
366. Мора многу да знаеш за своето постоење, ако сакаш да се знаеш себеси.
367. Гаснеш несетно и долго или пребрзо.
368. Видни личности пред нас и со нас.
369. Голем народ со своја земја.
370. Без тебе нема живот, љубов.
371. Неминовен е сечиј крај животворен.
372. Што да се прави? Сè што се може за добро.
373. Едни го зборуваат, други го озборуваат.
374. Нештата се едноставни кога стануваат безначајни.
375. Политикантот нема чиста совест. Ниту знае што е.
376. Да не си со сами луѓе заедно.
377. Објаснуваш неразбирливо!
378. Растеш до важност и неминовност, па се смалуваш, па премалуваш, па стануваш никој и ништо.
379. Не би била недостижна, љубов, кога би знаела колку ми значиш.
380. Ги прифаќаш нештата какви што се, зашто веќе немаш сили да ги смениш.
381. Во дело на творец еден негов миг.
382. Незналец нема што друго да бара меѓу зналци, освен знаење.
383. Ако не успееш, здравје!
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV