588. Ме изнасмеа! Ми посака да напредувам во мојата мислечка и книжевна дејност. На мои 74 години!
589. По којзнае кој пат повторен мој одговор на барање на издавач:
Додека сум жив, а и потоа, мое мислечко или книжевно дело нема да биде објавено/отпечатено во Македонија.
Во странство (превод, препев)-зависи од финансиско-материјалната понуда (авторски надомест и др.)
590. Препород на наци-фашизмот во светот, кај нас и меѓу нас! И не само што нема обиди да се сопре, туку се поддржува и поттикнува.
591. Став:
За мене-мислител и книжевник со грандиозно творештво, единствено на светот, нема македонски издачави!
592. До кога СДСМ и ДУИ во клиничка смрт?! Некој се надева дека може да се вратат во живот какви што се-велепредавнички?
593.-Ќе нè биде?
-Не знам колку зависи од нас, а колку не.
594. Не, не пријателствувам со ниеден македонски книжевник. Можеби некогаш сум познавал некого, а во меѓувреме сум го заборавил.
595. Сè што било ќе помине.
596. Нема мали и големи добрини. Сите се исти.
597. Големо е делото создадено по изблик на творечката енергија. Најголемо кога е таа нескротлива.
598. Македонството/македонизмот/македониумот нема кого да победува. Се брани докажувајќи му се на светот.
599. Со стамен и спокоен чекор кон идно животворно време.
600. Ќе достојам до смрт исправен на ветромет.
601. Ми старее телото. Веќе со набрчкано лице. А и годините ми се сè потешки.
602. Јас ја знам стојноста на моето творештво, но други треба да ја откријат и осознаат.
603. Не сум оној што бев, но за тебе сум истиот од дамнина.
604. Многу ми згрешиле и ми грешат од немоќ или од чувство на помала вредност.
605. Од каде таа потреба да ме познаваш?! Тоа би ти значело нешто?
606. Не постојам за тебе? Добро. И?
607. Не ругај се со добродушен и снеможен старец. Особено ако не сака или не умее да возврати.
608. Секој живот човечен со своја мисија.
609. Си докажувам на себеси дека има уште недокажано од мене.
610. Не знаеш што зборуваш зашто не си научил.
611. Најпрва задача на сите:
Да градиме личности и без престан да се надградуваме заедно со нив.
612. Убавина и вредности во вредност.
613. Секој сам и заедно со нас.
614. Таена љубов тивко умира.
615. Од памтивек:
Исти интереси се судираат, различни се привлекуваат.
616. Не ми бараш кога ти треба оти одамна не сме потребни еден на друг.
617. Некогаш ни збор, а некогаш ни кој било интерпункциски знак.
618. Нашето долго време станува сѐ пократко.
619. Колку нешто може еден, многумина не можат ни заедно.
620. Се свестуваме ли дека без семејство нема заедништво?
621. Нема никакво значење уште колку ќе живеам јас. Особено кога станува најважно како ќе продолжат да живеат нашите по нас.
622. Не создавам дела за кого било. Создавам најпрвин за тебе.
623. Не разбираш што гледаш, ако не читаш и не слушаш.
624. Јас никогаш ништо поради ништо. Белки и ти исто.
625. Не се разделивме, а не сме заедно.
626. Не купувај за да имаш. Купувај што ти треба.
627. За некој мојата творечка енергија несфатлива, а за мене нескротлива.
628. Можеш и да не ме забележуваш, ако сум ти здодеал.
629. Во моите години сум успеал да надминам многу мачни, дури трагични моменти. Кога би знаел колку уште.
630. Некои просто се мачат да се однесуваат како да не постојам.
631. Секогаш прва љубовта.
632. Кога-тогаш? Значи некогаш, а може никогаш.
633. Три суштествени предуслови за создавање големо дело: творечка енергија, сомнеж и заборав.
634. Си ги знам грешките во животот, Но, колку ли сум ти згрешил во него?
635. Во Македонија македонски народ и малцинства. Точка.
636. Жестока борба за одбрана на македонството, а против мафија, корупција и партизација.
637. Ако не прочиташ што сум напишал, ти губиш. Не јас.
638. Дума издумана и за думање.
639. Ма можете вие да се правите наудрени колку сакате, но е непобитно дека моето творештво е грандиозно и единствено на светот.
640. Вие сакате да сум дел од вас, но јас за вас не постојам.
641. Треба мудро да се работи и создава за доброто на сите.
642. Ни на крајот од умот не ми паѓа да барам што било од некој во свој круг.
643. Што да правите со моето дело? Бидејќи тоа зависи само од мене-вие баш ништо.
644. Ни вие за мене ни јас со вас.
645. Не суди за она или во она што си.
646. Најмногу жалам дека одамна не сме и никогаш нема да бидеме заедно.
647. Грамадно творештво:
Немерливо и неспоредливо.
648. Јас сум мислител и книжевник. Ништо друго.
649. Најтажно е совреме да не препознаеме наш човек.
650. Поразително е да се нема свест за вредноста на дело на човек додека живеел со нас и меѓу нас.
651. Не разбирам зошто прашуваш дали е творецот сè уште жив.
652. Отиде во неврат и нè остави без зборови.
653. Дали е богат или сиромав сам човек со свое непризнаено дело?
654. Не си во твоето сегашно време, а се надеваш оти ќе бидеш во нечие идно.
655. Пропадна како бизнисмен зашто не сакаше да биде политикант.
656. Во твојот свет друго време и постоење.
657. Најмногу ме привлекуваат живи луѓе што живеат свој живот.
658. Мудар човек избира и дребнавости за насушни потреби.
659. Многу повеќе вредности за живот, одошто живот со вредности.
660. Веќе немам време да мислам на утре.
661. Ритамот на животот треба најмалку да е во равенство со ритамот на времето.
662. Во бесцелни патувања многу незаборавни нешта.
663. За нас одамна крај, но за мене бескрај.
664. Сопатници се грижат еден за друг.
665. Секој чекор напред жив, решителен и стамен.
666. Измислен народ против исконски за лажење на светот!
667. Ги користиш и ги уживаш сите благодати на држава што не ја сметаш за своја?! Недозволиво!
668. Денес многу ретко и обврзувачко:
Одушевување од почеток на создавање обемен и мошне комплексен роман.
669. Дека не ни помислуваш на мене, ме нема во ниеден твој сон.
670. Многу од мене, ништо за мене додека сум жив.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII