Потребно време за читање: 6 минути

1. Од него било како да не било оти он бил како да не бил.

2. Сеедно е дали сум жив или мртов? Како за кого.

3. По мене траги секакви, И мои меѓу нив.

4. Може да згрешам, само да не ти наштетам.

5. Се разбира дека и мене ќе ми дојде времето за молчење. Но, мене ни во него нема да ме замолчат.

6. Се прашувам и не си одговарам:
Па што ако престанам да создавам нови дела кога создадените и онака не значат ништо?

7. Старецу, гледај си ја староста и не барај повеќе од она што таа ти го дава.

8. Тио си важен! Нема врска што за мене не си.

9. Најтешко е да си во меѓувреме.

10. Богатењето на сопственото знаење со знаења на други мора да биде секојневно.

11. Творецот никогаш не е задоволен од себеси. Не само од создаденото дело.

12. Во центар најдобриот со најдоброто.

13. Цел живот борба сам со себе

14. Мал човек навредува голем.

15. Не заборавам, но не сакам ниту да се сеќавам, ниту да спомнувам.

16. Одамна се простивме. Но, дали во меѓувреме си простивме?

17. Љубовта е за живот, не за докажување.

18. Цел живот лична борба сам со себе и заедно со други.

19. Само се чини едно исто прекуден или прекуноќ.

20. Не сме ако не сме согласни за ништо и во ништо.

21. Се сојузиле итри и будали за да владеат со умни и опитни.

22. Жална запустена земја засекогаш напуштена од род.

23. Обзнанувам, обелоденувам, оголувам, соголувам за наше добро.

24. Божем ми даваш за да ми земеш или одземеш.

25. Партија на абдали, дибеци, токмаци, шутраци, простаци, лигуши, одродени и апашишта. За на власт!

26. Дребен си, човеку, без свое препознатливо дело.

27. Доживувањето и преживувањето неретко се еднакво блиски и далечни.

28. Со пари и за пари духовното добро се престорува во материјално.

29. Сакам да сум со луѓе кои сакаат луѓе.

30. Не дозволувам да ме надвладее ни најмала бесцелност.

31. Не заживува пеплосана душа.

32. Разумни се разбираат во молк без зборови.

33. Една недостижна и незаборавна љубов.

34. -Уште си при ум?
-Мислам да. Засега.

35. Сè почесто се будам во ниедно време.

36. Не му се слуша ни збор од што кажува.

37. Ме стави на мисла во мисла да ја ставам.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIII, 247-378

38. Се случува исто за да не се случи ништо.

39. Мисла длабока-недоискажлива.

40. Не брзам оти е неважно дали ќе стасам или не.

41. Вредните дела не ти се нудат сами. Треба ти да ги откриеш, да ги осознаеш и да ги вградиш во твојот вредносен систем.

42. Што помалку што не зависи од тебе.

43. Човек е со свое вчера и денес за утре со други.

44. Со стереотипи, навики, баналности и повторливости-на маргините на животот.

45. Сенката на човекот најмногу се крие зад него.

46. Никогаш против човек. Секогаш за луѓе.

47. Само со добрини за добро во секакво време и невреме.

48. Свои сме секогаш на свое.

49. Не прва, а права љубов нема ни мигновен заборав во себе.

50. Ве открива она што не сте можеле да го сокриете.

51. Ние во мртва држава и мртво општество со надеж последна умрена.

52. При состојба на клиничка смрт, неминовно е прогласување вонредна состојба.

53. Или не знаат како или се плашат од нов почеток на сè. А немаат време ни за здив, зашто последиците од сè досега се несогледливи.

54. Многу интересно!
Сум станал „интересна личност“ во странство поради моето непризнаено грандиозно мислечко и книжевно творештво?!

55. Неговата големина како творец несогледлива, а он како човек незабележлив меѓу луѓе.

56. Соголено:
Глобална економија за лично профитерство, политикантство за потрошувачко општество.

57. Нема ништо слулчајно денес за утре. Ни горење-пеплосување на Македонија.

58. Власта и граѓаните се борат против пожари-опожарување на Македонија. А опозицијата?!

59. Меѓу песимисти и оптимисти најмногу рамнодушни.

60. Недозволиво е да не може да се смени неспособна и исфрустрирана градоначалнуичка, а градот да биде во катастрофална состојба.

61. Не, немам никаков контакт ни со власта ни со опозицијата. А зошто да имам?!

62. Ништо против народната волја.

63. Нема проблем кога сакаме заедно. Има не еден, а многу кога сме заедно оти мораме.

64. Ма не ви е вам оти веќе не сте власт, туку ви е поради сè што сторивте, расипавте и растуривте додека бевте.

65. И формата и содржината на едно дело губат од својата валидност, ако не се во рамновесие.

66.-Можам уште!
-Што можеш?
-Можам!

67. Трагично:
Се кинат и најтенките врзовни нишки меѓу генерациите.

68. За нас доста е само здравје, а за вас сè најдобро.

69. Тој е толку над сите, што нема ништо заедничко со никого.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 135-246

70. Не се занимавам со што би било. Е што е и веќе не може да биде друго.

71. Заборавен од сите со кого сум имал наше време?! Просто невозможно!

72. -Ме познаваш? Бевме заедно некое време.
-Ми личиш на една со која не бев.

73. Спокојството и ведрината се немерливи во наши години.

74. Секогаш труди се да бидеш подобар од што си. За себе, не за други.

75. Нема никој што завршил сè во животот. Сè завршува само смртта.

76. Со почеток и продолжение. Крајот кога ќе дојде.

77. Одамна создавам дела за ништо.

78. Особено ги почитувам сите што имаат свои животи.

79. Секоја убавина за секој што знае и умее да ја препознава.

80. Една љубов што била како ниедна друга што не била.

81. Што со моето грандиозно мислечко и книжевно творештво? Никому ништо!
Допрва признавање?! Ај не ме смејте!

82. Има во животот на човек во години сè повеќе исти денови и ноќи. Како минато во денес.

83. Во сè подолг и подлабок молк сè поизлитени зборови.

84. Не е животот ист без оние со кои бил.

85.-Како си расположен?
-Не сум.

86. Посветеноста е прв предуслов за врвен успех. Докажано, но никако свесноста за неа да го надвладее медиокритетството.

87. На личноста не ѝ треба признание, ниту почит. Ѝ треба само можност да чекори напред стамено и непоколебливо.

88. Смртта докажува или минливост или вредност на животот.

89. Те таам и те болувам, љубов единствена.

90. Оди тешко и ќе биде уште потешко меѓу нас, доколку не сме заедно на дело.

91. Едноста во равенство со различноста треба да биде стожер на еднаквоста.

92. Се издели од другите и е веќе недостижен.

93. Омаловажувањето и пренебрегнувањето се алатки на бездарните и некадарните.

94. Тргај ми се од патот штом не си свој со свое.

95. Согледај и промисли пред да пресечеш.

96. На делото му е сосем неважно што се случило или се случува со неговиот творец.

97. Нема време без твојата убавина и твојата постојаност, љубов.

98. Јас сум човек во години кој со грандиозно творештво е докажан на себеси

99. Физички и материјално минлив живот, а духовно богат и со длабоки траги за паметење.

100. Во чекор со рамноправни и рамносилни.

101. Одамна докажано:
Секогаш она што се чини најлесно е всушност најтешко.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIII, 247-378

102. Секакви времиња и многу повеќе невремиња во сечие време што трае.

103. Многумина не постоеле и не постојат за мене, а на многумина не сакам да се сетам.

104. На лице во длабока старост безброј длабоки брчки.

105. Многу нешта предоцна и прерано, малку совреме за сомничав и страшлив човек

106. Тргаш со љубов за да продолжиш со неа.

107. Нечисто лице лицемерно.

108. Пријател не е за личен интерес.

109. Игри со маски за на сцена. Не зад кулиси.

110. Што помалку ненадејности и случајности.

111. Полесно ли е или потешко да знаеш дека е последно?

112. Подобро разделени одошто заедно за ништо.

113. Продолжуваш пред последен воздив со лесен чекор?!

114. Кој не сака, нема ни збор од мене да прочита.

115. Чуму Олимпијада?!
Според што таа се разликува од другите светски првенства во поединечни и екипни спортови?

116. Ништо не вреди без вреднување единствено според вредносни критериуми.

117. Сè е гнило во нечовечен, деструктивен, перверзен свет. Во кој материјалноста ја поразила и унижила креативноста на духот.

118. Само луѓе чесни, мудри, зналци и опитни можат против нелуѓе. Само со нив светот може да де спаси и да оди напред.

119. Состојбите се крајно драматични, па е крајно време за сè преку ноќ.

120. Мораме да бидеме не гласни, туку громогласни. За ни да нè замолчат ни да нè премолчат.

121. Јас не запирам, а ти продолжи да стоиш во место. Или зачаури се во сопствената рамнодушност.

122. Не е прашање зошто не признаваш непорекливо дело. Прашање е дали знаеш да признаваш.

123. Не треба време за нов почеток. Најмногу треба мудрост и доблест.

124. Против бедата на духот со вредности и убавини.

125. Опстојувачка е разликата меѓу љубов, страст и љубовна страст.

126. Не е важно како се чувствуваш, туку што си.

127. Нескротлив дух творечки на човек со кого живееш.

128. Не жалам за ништо од она од што сум морал да кренам раце.

129. Ти знаеш и разбираш што е незаборавна љубов. Најпрвин оган во срце неугаслив.

130. Се докажало и се докажува:
Ништо не добиваш, а губиш сè со омраза спрема оној што не можеш да го надминеш.

131. Те одминувам оти ме разочара.

132. Не ти вреди да преживееш единствен.

133. Ни натпревар ни борба меѓу вредности. Туку меѓусебно приопштување и проткајување.

134. Да сме заедно како било.