ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 3 минути

88. Безнадежност-Неизвесност-Залудност

Безнадежноста убива каква било дејственост и делотворност во човекот. Таа е во исто време последен и конечен пораз на неговиот опстанок и неговата постојаност. Со безнадежен ни стоење во место ни чекор напред на свој пат, но и на заеднички до заедничка цел.

Неизвесноста е пред безнадежноста или по неа? Како за кого. За кого е неизвесноста иста со безнадежноста? За оној што не верува дека може да биде поинаку одошто е, па му се предал или му се предава на оној што предводи во денес и утре безнадежни.

Безнадежноста е еднаква со рамнодушноста и малодушноста или попрво со залудноста? Во животот на секој човек тие се еднакви и едновремени, а најчестосе рамносилни.

 Македонски народни пословици и изреки

 Падна ио веднаш стана.

Падна камено и обете нозе му `и вати.

Кај што паѓа чоек, таму и стануа.

Пословици и изреки од народи во светот

Ако снеможи јавачот, ни коњот нема да скока. (Руска)

Ако мислиш дека си готов, тогаш зошто си загрижен? (Српска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Ништо не е пострашно од извесноста на траењето, а неможноста на избор.
Анонимус

Да се очајува, значи да му се сврти грбот на Бога. Рекле некои
Анонимус

Човек со еден часовник знае кое доба е. Човек со два часовника никогаш не може да биде сигурен во тоа.
Анонимус

Јалов е трудот околу некоја безвредна работа: враната нема да ја научиш на говор како папагалот.
Хитоподеша

Оној што ги знае правилата напамет, а не се управува според нив, сличен е на оној што пали ламба, а потоа ги затвора очите.
Гласови на молчењето

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 150

Рекле, издумале

Кога човек ќе дојде до тоа да верува дека ќе му се случи она што не го сака, а она што го сака никогаш нема да се оствари, тогаш навистина дошол во состојба на безнадежност.
Артур Шопенхауер

Ништо не е побезнадежно од планирање на радоста.
Семјуел Џонсон

Сè трепери во неизвесноста: сама по себе несреќата не е така страшна колку немирното исчекување и бесплодното надевање.
Иван Цанкар

Незнаењето на идните несреќи е покорисно од знаењето.
Цицерон

Помеѓу устата и залакот многу нешта можат да се случат.
Цицерон

Ако се сомневаш и не знаеш како да постапиш, замисли дека таа вечер ќе умреш и сомнежот веднаш ќе исчезне; веднаш ќе ти биде јасно што е твоја должност, а што твои желби.
Лав Николевич Толстој

Залудно слушаш паметен човек, ако веќе сам по себе не си паметен.
Публилиј Сириј

Кога врвот на стрелата е наострен, зошто тогаш напнување на лакот?
Весна Крмпотиќ

Вечер во која сите се наполно сложни е пропадната.
Алберт Ајнштајн

Болно е спознанието на човекот ако на крајот од животот согледа дека се борел залудно.
Семјуел Тејлор Колриџ

Кога еднаш нешто ќе одлучиме, потоа не треба да се губи време на жалење.
Перл Бак

Повеќето луѓе трошат повеќе време на расправа за неволјите, одошто на нивно решавање.
Хенри Форд

Ако е сè залудно, тогаш сè е допуштено.
Едгар Морeн

Постои огромна сила во тагата и безнадежноста.
Чарлс Дикенс

Најважните нешта во светот постигнале луѓе кои продолжиле да се трудат кога се чинело дека повеќе нема надеж.
Дејл Карнеги

Како му веруваме на човек кој предците во кафез ги држи, а потомците во неизвесност?
Брана Црнчевиќ

Никогаш не зборувајте за безнадежност. Безнадежно е кога грутка земја ќе падне на поклопецот на ковчегот. Сè друго е одлучено.
Џејсон Стетам

Бог не ни испраќа очај за да нè убие, туку за нов живот во нас да разбуди.
Херман Хесе

Се губам внатре во себе, ништо не е важно, никој друг, изгубив волја за живот.
Металика-музичка американска хеви-метал група

И по илјада години човекот ќе воздивнува вака: „Ах, тешко е да се живее“-и во истиот момент вака исто како и сега ќе се плаши и нема да сака да умре.
Антон Павлович Чехов

Од безнадежната борба против детерминираноста никнале сите илузии човекови, сите вирови и вители на неговата мисла заробена меѓу тесните карпи на стварноста.
Владан Десница

Има луѓе кај кои и очајот е смешен.
Михаил Љермонтов

Кога среќата ќе ни затвори една врата често ни отвора друга, но ние понекогаш знаеме предолго да гледаме во онаа затворената и не ја гледаме отворената.
Хелен Келер

Да се чувствуваш напуштен, тоа мора да е нешто ужасно.
Јохан Волфганг Гете

На поезијата не ѝ се посветуваме, туку ѝ се жртвуваме.
Жан Кокто

Ништо не е неизбежно. Сè е неизвесно.
Борислав Пекиќ

Неизвесноста е имот на оние кои немаат ништо и најголема надеж на оие кои не се навикнале на добро во животот.
Иво Андриќ

За човек да не застане и премали се залажува самиот себеси, ги затрупува недовршените задачи со нови кои исто така нема да ги доврши, и во новите потфати и новите напори бара нови сили и повеќе храброст. Така човекот се поткраднува самиот себе и со време станува сè поголем и побезнадежен должник спрема себеси и спрема сè околу себе.
Иво Андриќ

Во непрестаната мена на нештата и на најсилните би можело да им затреба помош од најслабите.
Езоп

Ако човек секој ден стои на работ и гледа во провалијата, еден ден и провалијата ќе погледне во него.
Фридрих Вилхелм Ниче

Leave the first comment