ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 7 минути

79. Чест, Честољубие, Чистота

Честа и честољубието исто вредат и исто ги брани честит човек. Зашто нему му е чистотата највредна-чистотата на срцето и душата. Честа и честољубието се од дело, со дело и за дело. За чест се живее, со честољубие се умира. Додека со чистота стои или оди напред, но никогаш назад не се враќа.

Со чест, честољубие и чистота човекот е човек.   

Македонски нардони пословици и изреки

Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава.

Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит.

Газ и нос не знаат чес.

Му се сторив мос и па не познаа од чес.

Ретка е честа, затоа е скапа.

Со топуз чес не се крепит.

У секого имат по троа чес.

Чес има и у сиромасите.

Честа е поскапа од парата.

Честа не ет саде у богатите.

Честа чес донесуат.

Во еден саат чоек чес добиват и во еден изгубуат.

Во него чес не барај.

Газо не му го мрднуа, за чес да му стори.

Голема чес доби, ама кога ја изгуби што дека ја доби?

Не те гледаат свето што јадиш, ами што чес имаш.

Ни жив ни умрен, две пари чес нема.

Гладуам, жедуам, гол, бос одам и на честа си стојам.

За една чес живеи чоек.
За на правина го нападнал, и тој се отима и чесен се покажуа.

Тешко нему што не плаќа, си ја скрши честа.

Уште многу чес ќе добие коа си плаќа навреме.

Пословици и изреки од народи во светот

Како кога фрла драгоцен камен во куп камења, така работи кој му прави чест на безумен. (Српска)

Игла ако и низ злато мине гола излегува. (Српска)

Честа е како млеко. Се валка од најмала фурда. (Ромска)

Кој чесно ќе умре, луѓето го паметат и стотина години, а оној без чест и родените деца го забораваат. (Монголска)

Секој човек е единствен чувар на сопствената чест. (Индиска)

Кал може бисер да извалка, но не може да се престори во кал. (Кинеска)

Желен за почест мисли дека небото е негова капа. (Корејска)

Честа е туѓа, а стомакот твој. (Авганистанска)

Макар и жив не се враќај посрамотен од бој. (Авганистанска)

Честа не се купува со пари. (Италијанска)

Повторно внимавај на својот фустан и честа од мали нозе. (Руска)

Кој еднаш ќе изгуби чест, нема повеќе што да изгуби додека е жив. (Португалска)

„-Ќерко, каде ја изгуби чест?

-Таму кајшто зборував зло, а уште полошо слушав“. (Шпанска)

Латински цитати-изреки и пословици

Раката рака мие. (Manus manum lavat.)

Не е сè чесно што е допуштено.

Почестите го менуваат карактерот, но ретко на подобро.

Домисла, гесло, мисла водилка

Честа на твојот ближен нека ти биде исто така мила како и твојата.
Талмуд, збирка верски списи

Честа оди на пат, а нечеста оди крај пат.
Анонимус

Умот раѓа чест, но срамотата и ова другото го одзема.
Анонимус

Рекле, издумале

Честа е надворешна совест, а совеста внатрешна чест.
Артур Шопенхауер

Објективно гледано, честа е мислење на другите за нас, а субјективно наш страв од тоа мислење.
Артур Шопенхауер

Наследената чест не е кауција за онаа која човек треба да ја стекне.
Франсоа Ла Рошфуко

Честа не зависи од тоа од каде сме дошле, туку каде и како одиме.
Фридрих Вилхелм Ниче

Отворете ги очите и ушите само за совршени работи и нека вашиот ум постојано упатува на истражување на чистотата.
Фридрих Вилхелм Ниче

Оди таму кај што те очекува сличен на цвеќник. Оди кај розите, пчелите, гулабите. Оди особено кај птици кои пеат за да те научат на својата песна.
Фридрих Вилхелм Ниче

Го ценам оној што живее за да учи.
Фридрих Вилхелм Ниче

Честа е како и младоста: еднаш изгубена, повеќе не се враќа.
Чезаре Канти

Не им укажувај чест на оние што ти ја зеле.
Станислав Јержи Лец

Честа не може да се одземе-таа може само да се изгуби.
Антон Павлович Чехов

Подобро е да се умре непознат одошто обесчестен.
Мохамед Икбал

Честа е дијамант на раката на добродетелта.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Сакајте ја добродетелта не барајќи го нејзиниот сјај; честа е во срцето.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Она што законот го допушта, честа често го забранува.
Луциј Анеј Сенека

Честитиот човек не ужива сам во своите дела, туку околу себе шири атмосфера на среќа и задоволство која ја вдишуваат сите што го опкружуваат.
Паоло Мантегаца

Подобро е да сте чисти и јасни, зашто вие сте прозорец низ кој морате да гледате на светот.
Џорџ Бернард Шо

Убаво е да се биде честит, но е многу важно да се биде во право.
Винстон Черчил

Честа е луксуз за аристократи, но е неопходна за нивните слуги.
Гилберт Кит Честертон

Честа е најтешко да се здобие ако еднаш се изгуби. Затоа сите други загуби се само лични, а оваа ги погодува семејството и земјата.
Јован Дучиќ

Колку погласно некој зборува за својата чест, ние побрзо ги броиме своите лажици.
Ралф Валдо Емерсон

Кога денес за некој ќе се каже: „Тој знае како да живее“-би можело да се додаде: „…и тој не е баш честит“.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс

Кој бара одликување не го заслужил, а кој го заслужил не му е потребно.
Мартин Кесел

Возвишен човек е оној што не ги изгубил невиноста и искреноста на своето детство.
Менциус

Честитиот човек е секогаш почетник.
Марко Валериј Марцијал

Чистото и нечистото стојат и паѓаат сами од себе; никој не може друг да очисти.
Буда

Честитоста стравува и кога ја фалат.
Јувенал

Во мочуришта ведрото небо е матно.
Милован Витезовиќ

Безгрижно спие меѓу лотосово цвеќе сиромав со чиста душа.
Моше Хаим Лузато

Мил другар, јас умирам. Но во мир, со чиста душа… Па и тебе те благословувам. И ти оди по иста патека.
Николај Доброљубов

Зашто по толку тесен патува теснец.
што само еден може да мине.
Вилјем Шекспир

Мојата чест е мој живот, обете во едно сраснале.
Ако ми ја земете честа, мојот живот не сте го спасиле.
Вилјем Шекспир

Земи ја мојата чест и мојот живот ќе заврши.
Вилјем Шекспир

Подобро е да се заслужат почести, а не да се добијат, отколку да се добијат, а да не се заслужат.
Марк Твен

Честа е како кибрит: може да се искористи само еднаш.
Марсел Пањнол

Кога еднаш честа ќе се разболи и ако не оздрави брзо, никогаш повеќе не се крева од мртвите.
Фридрих Хебел

Честа обврзува на морал, славата уште повеќе, а моќта најмногу.
Бертолд Ауербах

Ако ти се случи да згрешиш, па ако таа грешка може да им штети на други, признај ја отворено и ако никој не го бара тоа од тебе.
Ѓузепе Ѓусти

Честољубие! И на славен си му плата.
Ференц Колчеј

Голем е-кој чест во борби стекнал.
Кондрат Фјодорович Риљеев

Робот има само еден господар, а на оној што силно се стреми кон чест господари му се сите кои би можеле да му користат во неговото напредување.
Жан д Ла Бриер

Честа е како остров стрмен, како стрмна карпа без брег. Кој од него еднаш ќе слезе, не може да се врати.
Никола Боало

Ништо не може толку да го разбуди честољубието во срцето како звукот на туѓа слава.
Балтазар Грацијан и Моралес

Честа е стар светец кого повеќе никој не го слави.
Матурин Рењие

Кој особено копнее по почести, нему му се случува сешто зашто не се осврнува на трудот, опасноста и парите.
Франческо Џикјардини

Честа ги заробува боговите и луѓето.
Хераклит

Сјајот на честа е како Сахара: една бескрајна празнина.
Леополд Седар Сенгор

Биди искрен спрема себеси за да не бидеш лажен спрема другите.
Френсис Бекон

Бескорисно е на човек со предрасуди да му се докажува неправедноста на неговите предрасуди.
Иван Сергеевич Тургењев

Должноста спрема самиот себе се состои во тоа човек да го зачува човечкото достоинство во сопствената личност.
Имануел Кант

Не е неопходно штом живеам да живевам среќно, но е неопходно штом живеам да живеам чесно.
Имануел Кант

Воопшто не ми е грижа што пишуваат за мене сè додека е вистина.
Дороти Паркер

И на највисокиот престол на светот сепак седиме само на својот задник.
Мишел д Монтењ

Сакате ли да ја задржите неизвалканата чес, не смеете да паднете на валкани постапки. Ако го сторите тоа еднаш, следниот пат ќе паднете многу полесно.
Кетрин Хепберн

Чест на оние кои не ги соборувааат очите пред судбината.
Жорж Клемансо

Не може да се обесчести оној што не се плаши од смртта.
Жан-Жак Русо

Не оние силните, туку оние чесните. Честа и достоинството се најсилни.
Фјодор Михајлович Достоевски

Честа исчезнува-останува формулата на честа, која е рамна на чесна смрт.
Фјодор Михајлович Достоевски

Честа е вистинска убавина!
Ромен Ролан

Секоја храбра, секоја вистинољубива личност ѝ носи чест на својата татгковина.
Ромен Ролан

Чест од нечесни е исто така срамота.
Публилиј Сириј

Кој ќе ја изгуби честа, не може да изгуби ништо повеќе од тоа.
Публилиј Сириј

Без добродетел нема слава ни чест.
Александар Суворов

За чесните луѓе ветувањето е обврска.
Марсел Турние

Ако сакаш да бидеш среќен цел живот, биди чесна личност.
Томас Фулер

Честа е како драгоцен камен: најмала ронка му го одзема сјајот и му ја одзема неговата целокупна цена.
Едмонд Пјер Бошеин

Честа е награда што се доделува за добродетелство.
Аристотел

За кого дури и честа е ситница, за тоа и за сè друго е безначајно.
Аристотел

Честа е камен темелник на човечката мудрост.
Висарион Белински

Оној што не е подготвен да умре за сопствената чест, добива срамота.
Блез Паскал

Не можете да се збогатите тргувајќи со честа.
Лук д Клапиер Вовенарж

Некој што бара плата за својата чесност најчесто ја продава својат чест.
Лук д Клапиер Вовенарж

Никогаш не го напуштајте патот на должноста и честа-тоа е единствен извор на среќа.
Жорж Луј Лекрерк д Буфон

Човекот кој од самиот почеток се однесува достоинствено, ослободен е од каење.
Ебу-И-Фарај

Честа е како фустаните: колку се носат повеќе, толку си поневнимателен спрема нив.
Апулеј

Се согласувам да трпам секоја несреќа, но нема да се согласам да трпи честа.
Пјер Корнеј

Мажите имаат една чест, толку се љубовници! Љубовта е лесно да се заборави, но честа е невозможна.
Пјер Корнеј

Немаме право да живееме кај што исчезнала честа.
Пјер Корнеј

Човековата чест е задоволувањето на своите потреби да се потпира само на својот труд, на своето однесување и на својот ум.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Една од основните дефиниции на честа е дека никој со своите постапки не треба никому да му даде предност во однос на себеси.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Што се однесува на честа, јазикот е несоодветен за астрологијата.
Лопе де Вега

Слобода, кралство, среќа нашол оној што за време на животот го избрал ореолот на високата чест и бесмртната слава.
Лопе де Вега

Честа не е ништо друго освен добро мислење на другите луѓе за нас.
Бернар Мандевил

Спротивност на честа е нечеста или срамотата која е лошо мислење и презир на други.
Бернар Мандевил

Постои една чест за сите.
Децим Лабериј

Честа е совест, но совеста е болно чувствителна. Тоа е почитување на себеси и достоинство на сопствениот живот, доведено до краен степен на чистота и најголема страст.
Алфред де Вињи

Честа е храбра срамежливост.
Алфред де Вињи

Честа е поезија на должноста.
Алфред де Вињи

Каде можете да најдете некој што честа на пријателот би ја ставил над сè?
Марко Тулиј Цицерон

Морате да ги чувате тајните на своите пријатели. Кој не чува тајна, ја срамоти својата совест и ја срамоти својата доверба во себе.
Јован Златоуст

Ако лице изгуби љубов спрема чесноста, брзо ќе се вовлече во толку лоши дела што ќе се навикне на нечесни правила на живот.
Николај Чернишевски

На благородниците не им е последна чест да им угодуваат на луѓето.
Квинтиј Хорациј Флак

Вистинска чест не може да ја толерира невистината.
Хенри Филдинг

Со векови ќе газиш на место без богатства. Но полошо ако го имаш-а нема чест!
Пјер д Ронсар

Потомството му дава чест секому.
Публиј Тацит Корнелиј

Пострашно-да се промени честа одошто да се биде во искинати партали!
Роберт М. Берн

Не се здобивате со чест со суета, убавина на облеката или коњот, или со украс, туку со храброст и мудрост.
Теофракт

Кој ќе посее добродетелства ќе жнее чест.
Леонардо да Винчи

Немам ништо, освен убедување дека сум честит. Ако го изгубам и тоа, ќе бидам урнатина.
Меша Селимовиќ

Честа е подрагоцена од животот.
Јохан Фридрих Шилер

Други менуваат чест за чест.
Алфонс Кар

Чест ни е да го следиме најдоброто и да го подобруваме најлошото ако сè уште може да стане подобро.
Платон

Непримерената чест е полоша од навреда.
Вишахадата

Честа е ретко таму кај што е славата, а уште поретко славата е таму кај што е честа.
Јохан Готфрид Сојме

Leave the first comment