Потребно време за читање: 11 минути

77. Иднина

Иднината е секогаш пред нас доколку не стоиме во место со оние што се плашат од неа.

Иднината еднакво зависи од сегашноста и минатото, но различно е зависна од секој од нас. Oд тоа кој колку живее во, а колку со минатото; и кој колку ја доживува, соживува или преживува сегашноста.

Македонски народни пословици и изреки

Некогаш луѓето имале страв од утре, а денес утрешот треба да стравува од луѓето.

Утрешот ќе доје пред да си отидеова сега.

Пословици и изреки од народи во светот

Лесните почетоци подготвуваат тешка утрешнина. (Јапонска)

Сите цветови на иднината се во семето на сегашноста. (Кинеска)

Со златни букви е запишано: надевај се на најдобро, биди подготвен за најлошо. (Кинеска)

Далекувиден човек не е оној што гледа планина, туку оној што гледа зад неа. (Руска)

Ако не мислиш за иднината, не можеш ни да ја имаш. (Италијанска)

Иднината е матно огледало. Секој што ќе се погледне во него не гледа ништо друго освен контури на познато загрижено лице. (Австриска)

Иднината е само сенка која ги сокрива радостите на сегашнината и ги истакнува тешките моменти на минатото. (Француска)

Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на нејзините соништа. (Француска)

Постои иднина што се создава и иднина што ја создаваме. (Арапска)

Минатото е лектира за тираните, а иднината Библија на ослободените. (Израелска)

Латински изреки

Што и да работиш, мисли на крајот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Мажот мисли на иднината дури откако ќе се ожени, а жената пред да се омажи.
Анонимус

Иднината на децата е дело на нивните мајки.
Анонимус

Рекле, издумале

Јас не знам што бил мојот дедо; повеќе ме загрижува што ќе биде неговиот внук.
Абрахам Линколн

Не можете да побегнете од одговорност во утрешнината избегнувајќи ја денес.
Абрахам Линколн

Немав храброст да размислувам за иднината. Сè ми се случува минатото.
Џон Гришам

Ако започнеме кавга меѓу минатото и сегашноста, ќе увидиме дека така ја губиме иднината.
Винстон Черчил

Царствата на иднината се царства на умови.
Винстон Черчил

Наместо да се грижиме однапред, подобре е однапред да размислуваме и планираме.
Винстон Черчил

За создавање демократија важно е да ја оставиме на мира пепелта на минатото и да се свртиме кон ѕидање на темелите на иднината.
Адолфо Суарез

Наш нов човек, наши нови патишта, наши нови идеи, наш нов капут, наша нова цел, наше ново минато, наш нов живот, наши нови закони, наша нова иднина, наши нови односи, наш нов излез, наша нова средина. Сè околу мене е ново, а мене ме фаќа нашиот стар страв.
Бранислав Црнчевиќ

Секогаш е добро да се гледа нанапред, но е многу тешко да се гледа подалеку отколку што може да се види.
Винстон Черчил

Постои иднина што се создава и иднина што ја создаваме. Вистинската иднина се состои од обете.
Пол Брантон

Посветете се на сегашноста.
Марко Аврелиј

Не плаши се од иднината! Ќе ја доживееш ако ти е судено, па сè разумно ќе уредиш како што си знаел разумно да постапиш во сегашноста.
Марко Аврелиј

Иднината или ќе биде како сегашноста, па нема да ѝ требаме, или ќе се разликува од неа, па нема да нè разбере.
Борислав Пекиќ

Иднината е секогаш сокриена во минатото, само заблудите за линеарното време, антропоцентризмот на нашето умвствување за тн. димензии, нè спречува минатото да го гледаме пред себе, а иднината како нешто низ што веќе сме минале.
Борислав Пекиќ

Ако не мислиш на иднината, не можеш ни да ја имаш.
Џон Голсворди

Иднината не постои, таа треба да се создаде.
Џон Бергер

Човек што не размислува и не планира однапред, ќе наиде на неволја веднаш пред својата врата.
ЛаоЦе

Ако сфатите дека е сè минливо, ништо нема да ве држи. Ако не се плашите од смртта, ништо не може да ве запре.
Лао-Це

Единствениот начин да се обликува иднината лежи во моќта да се има точна претстава за неа.
Публиј Насо Овидиј

Ако е сегашноста сувопарна и маглива, а иднината непроѕирна, тогаш сиот сјај и богатство на светот почива во сеќавањето на минатото.
Анатол Франс

Мудар е оној што не стравува, ниту се надева од неизвесни настани во иднината.
Анатол Франс

Единственото нешто што го знаеме за иднината е дека ќе биде поинаква.
Питер Фердинанд Дракер

Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја создадете.
Питер Фердинанд Дракер

Иднината им припаѓа на оние што најдалеку и најдлабоко се сеќаваат на минатото.
Фридрих Ниче

Човек што умее да се стави во кожата на други луѓе и да ги гледа нештата со нивни очи, не треба да се грижи за сопствената иднина.
Овен Д. Јанг

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.
Елеанор Рузвелт

Го жалам минатото, се надевам на иднината, не сум задоволен од сегашноста-тоа е мојот живот.
Петар Илич Чајковски

На почетокот од љубовта љубовниците зборуваат за иднината, а кога е таа при крај зборуваат за минатото.
Андре Мороа

Живејте ден по ден и вршете работа по работа. А потоа продолжете кон она што доаѓа после. Тоа има смисла. Не се обидувајте да живеете во минатото, сегашноста и иднината во ист час. Успешен е човек кој се научил да живее само во сегашноста, но секогаш се движи спрема она што доаѓа после.
Норман В. Пил

Опсесијата од иднината понекогаш е добар начин да се преспие сегашноста.
Бранко Миљковиќ

Иднината нека не се грижи сама за себе.
Перл Бак

Ако сакаш слики на иднината, замисли чизма како стои на човечко лице-засекогаш.
Џорџ Орвел

Како можеш да се однесуваш со иднината? Тоа е невозможно според природата на нештата. Или иднината ќе личи на сегашноста, па во тој случај нема да ја слуша и ќе се разликува од неа, па нејзините проблеми ќе немаат значење.
Џорџ Орвел

Животот разочарува како сонот. Зошто тогаш се свртуваме наназад?
ЛиТаиПо

Немој да се плашиш од иднината, зашто кога ќе дојде ќе те води истиот оној здрав разум како и досега.
Ирвинг Стон

Времето е зад нас, времето е пред нас. Само што ќе почнеш подолго да мислиш за она што било и за она што ќе биде, веднаш го губиш она што е главно: вистински живот во сегашноста.
Лав Толстој

Она што минало веќе не постои, она што ќе биде уште не дошло. Па што постои тогаш? Само онаа точка во која се составуваат минатото и идното. Ете, во таа точка е сиот наш живот.
Лав Толстој

Искористи го денот, малку надевај се на утрешнината.
Хорациј

Сегашноста не содржи ништо повеќе освен минато и она што се наоѓа во последица веќе постоело во причина.
Анри Бергсон

Иднината доаѓа полека, сегашноста прелетува, а минатото стои неподвижно засекогаш.
Фридрих Шилер

И кога би имал сто години, најубавиот ден секогаш би ми бил: утре!
Жан-Пол Сартр

Никој не може вистински да гарантира за иднината. Најдобро што можеме е да ги одмериме изгледите, да ги предвидиме можните опасности, да ја процениме сопствената способност на соочување со неа и потоа со самодоверба да преминеме на планирање.
Хенри Форд II

Кога е сè изгубено, останува иднината.
Кристијан Невел Бови

 

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Проблем со иднината е што обично доаѓа пред да сме подготвени за неа.
Арнолд Х. Глазгов

Среќен е оној што знае да се сети на нешто од минатото, во што да ужива во сегашноста и што да планира во иднина.
Арнолд Х. Глазгов

Добро размислете што било и што ќе биде уште.
Публилиј Сириј

Потомството секому му оддава почест која му припаѓа.
Публиј Корнелиј Тацит

Ги фрлам своите грешки од минатото и ја посматрам својата иднина.
Грин Деј

Подобро е да се живее најдобро и да се дејствува најдобро и твоето денес да е твое најдобро. Зашто денес е сигурно подготовка за утре и сите други утре што следат.
Хариет Мартино

Иднината е нешто што секој го достигнува во брзина од шеесет минути на час. Што било да работите, што било да е.
Клајв Стејплс Луис

Од сите нешта, иднината е најмалку како вечност. Таа е најкраток дел од времето: зашто минатото е замрзнато и повеќе не тече, а сегашноста е осветлена со вечни зраци.
Клајв Стејплс Луис

Иднината лежи во дизајнот и продажбата на компјутери за кои луѓето воопшто не сфаќаат дека се компјутери.
Душко Трифуновиќ

Иднината не им припаѓа на мажите.
Шарл Де Гол

Да се подготви иднина значи да се создаде сегашност.
Антоан д Сент-Егзипери

Иднината почнува со она што ние ќе го направиме.
Пол МекКартни

И сиромашните и богатите клечат на стартната линија на нова и потресно поинаква трка кон иднината.
Алвин Тофлер

Во животот нема ништо повозвишено, појако, поздраво, покорисно за иднината од некој мил спомен, особено ако тој му припаѓа на детството.
Фјодор Михајлович Достоевски

Утре ќе биде поинаку, си ветувате, но утре е обично повторување на денешницата.
Џејмс. Т. Меккеј

За жал, патот во иднината води низ сегашноста.
Жарко Петан

Ако не се сместиш во траењето, не можеш ништо да разбереш.
Луис Л. Ламбриш

Иднината не може да се предвидува, туку треба да се создава.
Морис Блондел

Не сакам иднина која ќе ја прекине врската со минатото.
Џорџ Елиот

Зашто кој копнее по утрешнината ја занемарува денешнината.
Свети Августин

Само со поставување нови прашања и нови погледи ќе можеме да го утврдиме курсот низ несигурните мориња на нашата иднина. Конечно, иднината е она што сè уште не го знаеме.
Лејф Единсон

Иднината не е резултат на избор на еден од патиштата што ги нуди сегашноста. Таа е место што е создадено најнапред во мислите и волјата; создадено потоа во дејствувањето.
Волт Дизни

Луѓето кои ја гледаат иднината секогаш се прогонувани во животот, а по смртта испокрадени.
Бенџамин Дизраели

Тагата за минатото и стравот од иднината се опасни.
Лајза Минели

Се грижиме толку за сигурноста во иднината зашто се чувствуваме така несигурни во сегашноста.
Харлан Милер

Во иднина ќе постојат само два вида претпријатија-брзи и мртви.
Дејвид Вајс

Најголема среќа за човекот не е во искористување на сегашноста, туку во изградба на иднината.
Лав Троцки

Оној кому сегашноста му е само сегашност, не знае ништо за векот во кој живее.
Оскар Фингал Вајлд

Ги сакам мажите кои имаат иднина и жените кои имаат минато.
Оскар Фингал Вајлд

Времето лета, вечноста чека.
Папа Јован Павле II-Карол Војтила

Не можете да имате подобро утре ако цело време размислувате за вчера.
Чарлс Ф. Кетеринг

Се интересирам за иднината зашто таму ќе го минам остатокот од животот.
Чарлс Ф. Кетеринг

Проблемот со иднината е што обично доаѓа пред да сме подготвени за неа. Ја прочитав последната страница на Библијата. Се чини дека на крајот сепак сè ќе се заврши добро.
Били Грахам

Добрите стари денови всушност биле така добри, а утре не е така страшно како што изгледа.
Били Џоел

Минливоста е онаа вистинска стварност што ни е пред очи.
Диоген

Иднината доаѓа ден по ден.
Дин Ачесон

Не одете таму кај што ве води патот. Одете порадо таму кај што нема пат и оставете трага.
Ралф Валдо Емерсон

Секогаш се подготвуваме да живееме, но всушност никогаш не живееме.
Ралф Валдо Емерсон

Секој ден сум благодарен дека сум жив. Никогаш не се знае, можеби утре ќе ве удри автобус, така што би ви било подобро да сте задоволни со она што моментно го имате.
Џозеф Гордон Левит

Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината, концентрирајте го умот на сегашноста.
Буда

Вие сте само човек. Живеете само еднаш и тој живот е прекрасен. Затоа изедете го тој проклет колач.
Ема Стоун

Времето ви е ограничено, не трошете го живеејќи туѓ живот.
Стив Џобс

Не постојат каења во животот. Само лекции.
Џенифер Анистон

Јасната визија на одржлива иднина ги мобилизира човечките сили на спроведување на преку потребни промени и за прекинување со затврдените навики. Кога водачите од сите општествени подрачја ќе ги здружат своите сили во спроведување на таа визија нема да има пасивност, а наместо судири ќе дојде соработка.
Стефан Ернст Шмидхајни

Не постои идеа на иднината која во народните редови би можела да има сила на минатото.
Милан Шуфлај

Империите можат да се градат само на мртви. Убиениот живот е нивен градежен материјал. А човечката иднина и сегашност не можат да се градат како градби. Веќе во мислењето за „изградба“ се крие она лажно мислење за доминацијата. Човечката иднина и сегашност мораат да ги доживеат луѓе кои произведуваат живот.
Клаус Тевалејц

Лесно е да се предвиди иднината. Тешко е да се погоди што се случува сега.
Фриц Р.С Дреслер

Секое утро  ние се будиме за да тргнеме на ново патување. Неговата раздалечина е далечина меѓу утро и ноќ. Тогаш ние одмораме до следното утро. Кога ќе се разбудиме, да бараме што било што ни помага да продолжиме на својот пат.
Мехмет Назим Адил-Шејх Назим

Човек кој не размислува и не планира однапред ќе наиде на неволја пред својата врата.
Конфучиј

Уште во младоста треба да го отсечеш стапот на кој ќе се потпираш во староста.
Конфучиј

Човекот може да се измамува со минатото како и со иднината.
Аугустин Тин Ујевиќ

Денешното вино ќе го испијам сега, утрешната тага ќе ја проголтам утре.
Сјао Хе

Децата не се само нашата иднина. Тие се и наша сегашност.
Рики Мартин

Децата-тоа се наши утрешни судии.
Максим Горки

Да го дочекаме времето онакви како што нè бара тоа.
Вилјем Шекспир

Кога ќе простиме, на никаков начин не го менуваме минатото, но сигурно ја менуваме иднината.
Бернард Мелцер

Кога ќе погледнеме во идното столетие, водачи ќе бидат оние што ќе им даваат сила на другите.
Бил Гејтс

Кога почнав навистина да се сакам себеси, се одреков од навиката да живеам и натаму во минатото и да се грижам за својата иднина. Сега пак живеам само за овој момент во кој се случува сè. Така живеам секој ден и тоа го нарекувам исполнување.
Чарли Чаплин

Книжевноста ја води во иднина читателот, а не писателот.
Милорад Павиќ

Колку верени или штотуку венчани парови сонуваат за блаженството на својата љубов која ќе им се случи во иднина, иако токму во тој момент почнуваат да се досадуваат. Ова е во согласност со општиот став карактеристичен за модерниот човек. Тој живее во минатото или во иднината, но не во сегашноста.
Ерих Фром

Убава му е ноќта на човек кој знае дека ќе му се раздени.
Ханс Кристијан Андерсен

Љубовта е единствена страст која не признава ни минато ни иднина.
Оноде Де Балзак

Луѓето од своите патила бегаат најчесто во иднината. На патеката на времето замислуваат црта зад која сегашни маки веќе нема да има.
Милан Кундера

Младоста е среќна зашто за неа постои иднината.
Николај Гогољ

Мораме да го почитуваме минатото и да се сомневаме во сегашноста, ако сакаме да обезбедиме сигурност во иднина.
Жозеф Жубер

На почетокот на љубовта љубовниците зборуваат за иднината. Кога љубовта е на залез, зборуваат за минатото.
Жорж Санд

На светот секогап постои едно лице кое го чека она другото, било да е среде некоја пустина или среде голем град. А кога тие ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, целото минато и целата иднина губат секое значење. Само постои тој момент и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под сонцето ги испишала една иста рака, рака која создала по една душа близначка за секое лице и која во нив разбудила љубов без која ни еден сон на човечката раса не би имал смисла.
Пауло Коељо

Напредокот не е обично поправање на минатото; тој е непрекинато движење кон иднината.
Калил Џибран

Не треба да се размислува за иднината, зашто и онака стигнува прерано.
Алберт Ајнштајн

Не знам со кое оружје ќе се води третата светска војна, но знам дека четвртата ќе се води со колци и камења.
Алберт Ајнштајн

Среќен човек е премногу задоволен со ссегашноста за премногу да се занимава со иднината.
Алфред Ајнштајн

Среќни сме само тогаш кога ништо не бараме од утрешниот ден, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни носи.
Херман Хесе

Сржта на проблемот е моралот на луѓето. Нема визија на иднината. Што било да планираме, што било да изградиме може да се избрише во еден ден. Таа струја на несигурност тече во сечиј ум и спречува секое претприемништво.
Кенет Фолет

Постојано сонувам за иднината, а иднината во долг и здрав живот не живее во сенката на ракот, туку во светлината.
Патрик Свејзи

Да не бараме републикански или демократски одговор, туку вистински одговор. Да не бараме вина за иднината. Да ја прифатиме сопствената одговорност за иднината.
Џон Ф. Кенеди

Промената е закон на животот. Оние што го гледаат минатото или иднината, сигурно ќе ја промашат иднината.
Џон Ф. Кенеди

Не учи, туку измислувај го тоа што е незамисливо. Иднината ќе докаже дека сме имале право.
Мирослав Мика Антиќ

И најдалечната иднина има своја иднина, која во себе го слуша гласот на својата иднина.
Мирослав Мика Антиќ

Да ѝ оставиме на иднината да ја каже вистината и секого да пресмета според неговата работа и достигнувањата. Сегашноста е нивна, но иднината за која работев сериозно е моја.
Никола Тесла

Образованието е пасош за иднината, за утре им припаѓа на оние што се подготвуваат за тоа денес.
Малколм Икс

Промената денес нè доведува до драматично различно утре.
Јохан Себастијан Бах

Прашање е сакаме ли да тргнеме напред во иднината или ќе се вратиме назад во минатото.
Ден Квејл

Историјата и задачата на иднината не значат повеќе борба на класа против класа или борба на црковни догми против црковни догми, туку борба меѓу крв и крв, раса и раса, народи и народи.
Алфред Розенберг

Променете го својот живот и денес. Немојте да рескирате на иден чин без одлагање.
Симон Де Бовоар

Минатото е најдобар пророк на иднината.
Рене Антоан

Војната, и тоа најдолгата, само ги протресува прашањата поради кои се завојувало, а нивното решение им го остава на времињата кои настапуваат по склопувањето мир.
Иво Андриќ

Разјасни го минатото, сфати го денешното и предвиди го идното: тоа е задачата на лекарот.
Хипократ

Соништата создаваат иднина.
Виктор Иго

Спасот (напредокот, иднината) на државата не е во рацете на еден човек.
Марко Тулиј Цицерон

Среќата и несреќата ја создале природната религија-религијата на надежта и иднината; неа луѓето ќе ја сочуваат додека има слаби и несреќници.
Карло Бини

Во иднината треба да се оди. Во иднината гледаат и одат сите среќни луѓе.
Милош Црњански

Вашата иднина зависи од многу нешта, но главно од вас.
Френк Тајгер

Сè што сме знаеле во минатото, сегашноста и иднината е ништо во споредба со она што никогаш нема да го сознаеме.
Константин Циолковски

Не се обидувам да ја опишам иднината. Се обидувам да ја спречам.
Реј Брадбери

И јас, господа судии, ја познавав иднината. Сите жени ја знаат: секогаш сметаат на тоа дека сè се ззавршува лошо.
Маргерит Јурсенар

Она што ни се чини сериозно, значајно и важно, во идни времиња ќе биде заборавено или воопшто нема да се чини важно.
Антон Павлович Чехов

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here