ДУМА, ОПИТ, УКА 71

Потребно време за читање: 4 минути

71. Минливост

Македонски народни пословици и изреки

Поминуам помин: ѓах така, ѓах така.

Помин поминуат како пците на Василица.

Пословици и изреки од народи во светот

И тврдо железо `рѓа нагризува. (Српска)

Ламбата се гаси кога ќе снема масло. (Тибетантска)

На ниедна ствар не се радувај премногу. Поради ништо немој ни да се растажуваш. Зашто ништо не е вечно. (Арапска)

Животот е само мост; не гради куќа на него. Ах, колку брзо минува човечкиот живот, како река која се излева во море. (Кинеска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Сети се, човеку, дека си земја и дека во земја ќе се вратиш.
Нов завет

Отидоа смртниците што ги гледаа претходните зори…Сега гледаат нашите очи. И веќе пристигнуваат оние што ќе ги гледаат во идните денови.
Риг-Веда, индиска збирка химни

Сè е минливо. Кога човек ќе го согледа ова, тој е над патењето. Тоа е јасна патека.
Дхама-падам

Ако некој не може да си ја претставува ни идејата на смртта, ни идејата на минливоста, без оглед колку е паметен за сè друго, личи на будала.
Градина на лотосот

Искршеното огледало повеќе не сјае; паднатото лисје не се враќа на гранките.
Зен пословица

На земјата ништо не останува, сè е привремено, животот е минлив. Само смртта е вечна.
Еп за Гилгамеш

Во ова тело така смртно и фат високо, опремено со свест и осети на чулата; и се наоѓа свет со свој почеток и крај, се наоѓа пат кој води кон исчезнување на тој свет.
Староиндиски запис

Книгата на животот е врховна книга. Не може ни да се затвори, ни повторно по желба да се отвори. Најинтересно место во неа не се чита двапати, туку судбоносниот лист сам од себе се врти. Човекот би сакал да застане на страна на која се сака, а страната на која се умира веќе му е под прстите.
Староиндиски запис

Сè е минливо и нам ништо не ни припаѓа-ни нашето тело, ни нашето семејство, ни нашиот имот. Па што е тогаш наше? Наши се само нашите добра и лошата идеја.
Индиски мислител

Рекле, издумале

Времето минува, во тоа е проблемот. Минатото расте и иднината се смалува. Сè помали и помали се шансите нешто да се направи-а сè повеќе и понавредливо за она за што немал време.
Харуки Мураками

Секое раѓање е почеток на умирање.
Теофил Готје

Кога Бог го создаваше светот, тој го создаде Сонцето; тоа излегува, заоѓа и повторно се враќа.
Тој ја создаде Месечината; таа излегува, заоаѓа и повторно се враќа.
Тој го создаде човекот; тој доаѓа, минува и повеќе не се враќа.
Калил Џибран

Знам, в зори пак Сонцето ќе засјае! Но, за мене веќе никогаш.
Ки но Цуријаки

Наскоро земјата сите ќе нè покрие, потоа таа самата ќе се промени; сè ќе добие поинакви облици во бескрајот. И кога се размислува за овие трансформации, кои надоаѓаат како огромни бранови, ќе се почувствува само една длабока рамнодушност спрема сè што е минливо и смртно.
Марко Аврелиј

Човек живее само сегашен момент. Сè друго е или минато или е неизвесно дали ќе дојде.
Марко Аврелиј

Сè е минливо како привидение, илузија и морска пена.
Буда  

Ништо не останува зад нас; човекот е сениште кое скита, не оставајќи ја ниту својата сенка.
Виктор Иго

На силата што се фали со своите недела ѝ се смеат жолтото лисје кое опаѓа и облаците што минуваат.
Рабиндранат Тагоре

Дојдов на овој свет
и дали тој со тоа нешто доби?
Ќе заминам од него
и дали со тоа што било ќе се промени?
О, кога некој би можел да ми каже
зошто ли сум овде!
Јас кој од прашина дојдов
и кој во прашина се враќам.
Под небото уште многу луѓе ќе минат
а кога ќе умреме, од нашата прашина ќе направат тули
од кои некој ќе изгради свој дом на среќа.
Омар Хајам

О, зла ли несреќа човекова! Само што духот достасал до зрелоста, телото почнува да венее.
Шарл Монтескје

Не е најлошо тоа што сè минува, туку тоа што ние не можеме и не умееме да се помириме со тој прост и неизбежен факт.
Иво Андриќ

Човекот е никој и ништо, патник на земјата, минувач во ова минливо време, сенка на сонце.
Иво Андриќ

Не тече реката, туку водата! Не минува времето, туку ние!!
Иво Андриќ

Мислата за минливоста на сè земно е извор на бескрајно патење и бескрајна утеха.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Човек се бори да создаде нешто, а кога ќе создаде оди во дупка да се одмори.
Душан Радовиќ

Времето минува, старееме и полека заминуваме. Најнапред сме го изгубиле четвртиот за покер, па третиот за преферанс, па вториот за домино и табла. Останавме сами и сега отвораме пасијанс за да видиме што ќе биде со нас.
Душан Радовиќ

Не сум од оние наивци кои едвај чекаат некој ден и се радуваат на родендени и нови години. Напротив, мене веќе долго ми пречи дека минува времето.
Ѓорѓе Балашевиќ

Мерено со човековата мера времињата, животот, музиката, науката постојано ќе продолжат, иако ние лично можеме да учествуваме во тоа само кусо време-како набљудувачи или соиграчи во големата драма на животот.
Вернер Хајзенберг

Уште еден паднат цвет-така минува животот.
Уеџима Оницура

Кога нозете ќе ти станат слаби, времето почнува да минува побрзо.
Михаил Туровски

Потпри го моето време на своето. Така вечноста ќе трае подолго.
Мирослав Мика Антиќ

Сегашноста е точка која штотуку минала.
Дејвид Расел

Никогаш не стоиме во иста река. Во протекувањето на времето, изгубената прилика таа е изгубена засекогаш.
Хераклит

Не можеш двапати да влезеш во иста река.
Хераклит

Времето е наш најголем непријател, не се луѓето. Луѓето се минливи како и сè друго, но времето секогаш ќе биде тука да ви одземе сè. Годините, младота, љубовта, сеќавањата, саканите лица, а на крајот и вас. Времето никому не му простува. Од времето уште никој не избегал.
Небојша Глоговац

Често заминував; и се вртев; и велат тогаш посакуваш некогаш да се вратиш. И се враќав. И ништо не беше исто. Ни пејзажите, ни луѓето, ни јас. Сфатив дека не треба да се враќам . Она што некогаш било убаво, нека остане засекогаш во соништата. Вечно ќе трае.
Сергеј Александрович Есенин

Времето минува, но изговорениот збор останува.
Лав Толстој

Leave the first comment