68. Право-Правда-Правичност
Без право ништо право за мене, за тебе, за нас, Правото отсекогаш било, е и ќе биде темел на државата кој во себе ги саодржи слободата, слободоумноста, демократијата, организираната заедничка живеачка. Правна држава не значи ништо друго, освен функционална заеднца која еднакво се грижи за поединецот, неговото место и значење, и за постоењето на колективот.
Правото најпрвин значи обезбедување правда за секого. Секој е еднаков пред законот, исто како што е секој еднаков пред друг еднаков; исто и како што мора да има можност да се брани сам или да го бранат негови застапници. Во правда се живее, во неправда може само да се живурка како да се умира.
Правично/праведно е секој да биде што е и рамноправно и рамносилно да се биде со секој близок, далечен, соседен, несоседен. Од сè за правичноста/праведноста најважни се свесноста и самосвесноста.
Македонски народни пословици и изреки
Ако имаш прао, и судо ќе те оправда.
Без да има прао, се инати како со долзите уши.
Двајца кога се караат, кој поеќе викат нему правото му го дават.
Рушвет зеде кадијата, затоа ја пресуди криво давијата.
Ако првината не ни поможи, зер клривината ќе ни поможит.
Будала го слагаат чоека, ако оди по првина и по Бога.
Кај што има сила, има и правина.
Кај што има сила, не правина.
Поеќе милуј ја правината одошто кривината.
Правина планина поместуат.
Првината е помачна за да се држит.
Правината ја надможуа кривината.
Правината не се бој ни од владиката.
Правината се танчи, ама не се кинит.
Правината си е секоаш правина.
Правината со кривината обете се пизмат.
Правио се смеит, кривио се криет.
При кривина не траит правина.
При кривина чуми ти е правина?
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуваат.
Суднико кога суди по правина, и Господ се радуат.
Кај што има кривина, не барај дарбина, а кај што има правина мир и милос царуа.
Мака му е од што правина тера.
Сеедно кривина тера, и еднаш напраи некому нешто право и се каи.
Мутлак у него правина ќе има.
Полесно се живеит со правина ошто со кривината.
Со правината отсега тргна.
Се фатил ѓоа со правина ќе оди, и пак криво си работи.
У владиката бара правина.
Кај има правина сега?
Кој ја загубил правината?
Пословици и изреки на народот во светот
За правда сме слушнале, а кривда сме виделе. (Руска)
Додека правдата темнува, кривдата царува. (Српска)
Децата, будалите и пијаните правда зборуваат. (Српска)
Чија сила, негова и правда. (Словенечка)
Латински изреки
Нека се слушне и другата страна. (Audiatur et altera pars.)
Правдата понекогаш спие, но никогаш не умира. (Dormit aliquando ius, moritur nunquam.)
Правичноста е (треба да биде) основа на владеењето. (Iustitia regnorum fundamentum.)
Правото е уметност на доброто и еднаквото. (Jus est ars boni et aequi.)
Домислоа, гесло, мисла водилка
Зарони во својата душа, погледни во небото и верувај во космичката правда.
Јогини
Рекле, издумале
Најголемото право често е најголема неправда.
Цицерон
Кој еднаш ќе се одрекне од своето право, тој нема повеќе право на тоа.
Платон
Ако човештвото се стремело кон она што е право, можело тоа веќе одамна да го оствари.
Вилјем Хазлит
Не сме задоволни дека сме во право ако не можеме да докажеме дека други немаат право.
Вилјем Хазлит
Од светски аспетк нема поголема грешка одошто кога некој сака да е секогаш во право.
Семјуел Батлер
Секој има толку право, колку што има моќ.
Барух Спиноза
Најнесносно е кога некој едностран и здодевен човек е во право.
Момчило Настасиевиќ
Силата треба да биде во служба на правото, а не правото во служба на силата.
Виктор Кузен
Повластицата е најголем непријателн на правото.
Мари фон Ебнер-Ешенбах
Во коректна игра сите се во право.
Фридрих Хебел
Отсутните никогаш не се во право.
Филип Нерико Дестуш
Повеќето луѓе повеќе сакаат да се „во право“ одошто да се среќни, здрави и успешни.
Роберт Ентони
Да нема лоши клуѓе, не би имало добри правници.
Чарлс Дикенс
Пцостите се аргументи на оние што не се во право.
Жан-Жак Русо
Не е во право оној што ја знае вистината и ја кажува, туку оној што својата лага ја смета за вистина.
Милорад Павиќ
Убавата ќе те предаде, грдата нема да ти се допаѓа; сиромашната ќе те упропасти, а богатата со тебе ќе владее. Ете, избери што најлесно ќе поднесуваш.
Аристип
Вистинската правда е чиста совест.
Виктор Иго
Потешко е да се биде праведен одошто добар.
Виктор Иго
Не може да има спогодба помеѓу злосторство и правда.
Жорж Клемансо
Правдата без моќ е немоќна; моќта без правда е тиранска.
Блез Паскал
Во животот јавно или пред самиот себеси секогаш сум застапувал: дека ништо никому не му попуштам кога е во прашање правдата.
Сократ
Научете се на вагата на правдата да не го ставате товарот на своите страсти.
Франческо Доменико Гераци
Правда без моќ и моќ без правда е најголема несреќа.
Жозеф Жубер
Најстрашна работа на светот е правда без милосрдие.
Франсоа Моријак
Правдата не е ништо ако не поседува мож.
Михаил Еминеску
Да се почитуваат онбие што повеќе вредат од вас, тое а највисок израз на правда.
Конфучиј
Малкумина се оние што го гледаат она што е лошо во оние кои сакаат и кои го гледаат она што е добро во оние што не ги сакаат.
Конфучиј
Кај што владее правда, оружје не е потребно.
Жак Амиос
Јадна е онаа правда која мора да се правда.
Влада Булатовиќ-ВИБ
Не постои никаков апсолутен знак кој би дозволил судското чиновништво да ја претставува правдата, а обвинетиот неправдата.
Жан-Пол Сартр
Правдата е вистина во акција.
Бенџамин Дизраели
Правда без милосрдие е суровост; милосрдие без правда е слабост.
Пјетро Метастасио
Љубовата спрема правдата кај повеќето луѓе е само страв и самите да не претрпат неправда.
Франсоа Ла Рошфуко
И непристраснит се пристрасни: тие се за правда.
Станислав Јержи Лец
Праведноста е добродетел на големи со дух.
Халемунд Аугуст Платен
Само слабите не се осмелуваат да бидат праведни.
Фосилид
Во праведноста е збир на сите добродетелства.
Фосилид
Кој не е човечен, не може да биде праведен.
Лук д Клапиер Вовенарж
Не им верувај на оние кои многу зборуваат за својата праведност.
Фридрих Ниче
Само меѓу еднакви има надеж за праведност.
Фридрих Ниче
Можете ли да очекувате праведност спрема себеси ако не сте праведни спрема другите?
Шандор Петефи
Во осудите треба да се примени човекољубие, разумност и милосрдие.
Николо Макијавели
Правичен е оној човек што нема да биде неправеден, иако би можел да б иде.
Менандер
Кој е само праведен, тој е и суров. Кој би живеел на земјата ако на сите би сме им суѕделе праведно?
Лорд Џорџ Гордон Бајрон
Мисли дека другите се праведни, а ако не е така, не си ти виновен.
Хорхе Луис Борхес
На праведниот не му треба закон, ни на мудриот совет.
Балтазар и Моралес Грацијан
Никој не треба да го сака она што и други не можат да го имаат за иста работа.
Махатма Ганди