66. Дело
Во делото го препознаваме човекот. Колку е голем, а колку мал. Без дело неговото постоење е залудно, ништожно, никому потребно.
Делото е од дејствување и е секогаш делотворно. Никогаш не може да биде докрај создадено-завршено, туку е секогаш за досоздавање.
Нема големи и имали дела. Има дела што успеале и дела што не успеваат да го продолжат времето на својот создавач во нечие друго. Како неповторливо сведоштво на постоењето.
Македонски народни пословици и изреки
На секое дело негово време.
Добар човек во дела.
Секој човек во делата негови се познава.
Секое дело човек прави и човек слави.
Дело во време не е бреме.
Според твоите дела за тебе ќе судат.
Дрвото гледај го во плодовите, човекот во делата.
Делата не се птици преселни.
Пословици и изреки на народи од светот
На делото време, а на задоволството час. (Руска)
Едно дело создавај, од друго не бегај. (Француска)
Човечките дела ги просудуваме споре тоа колку ни даваат задоволства и ни задаваат болка. (Француска)
Совршеното дело утре нема да се разбуди. (Англиска)
Делата се прават со ум. (Турска)
За добро дело говори смело. (Балкански народи)
Делата не се гулаби, не се разлетуваат. (Унгарска)
Делото не е богато ако е направено рогато. (Шпанска)
Делото зборува само за себе. (Германска)
Не го гледај човекот, гледај го неговото дело. (Украинска)
Човекот е должен да биде во делото. (Азербејџанска)
Не гледај му го лицето, гледај му го делото. (Романска)
Оној што е долбар во лоши дела, добар е и во добри дела. (Јапонска)
Латински изреки
Зората им е на музите пријателка. (Aurora Musis amica est.)
Од ништо ништо не настанува. (Ex nihilo nihil fit.)
Дела, дела, не зборови! (Facta, facta, non verba!)
Крајот делото го краси. (Finis coronat opus.)
Дела, не зборови. (Res, non verba.)
Како ќе посееш, така и ќе ожнееш. (Ut sementem feceris, ita metes.)
Делата на смртниците не ги измамуваат боговите.
Нема големо и значајно дело без опасности.
Домисла, гесло, мисла водилка
Ниту во воздух, ниту среде океан, ниту во длабоки шуми, ниту во кој било дел на пространиот свет не постои место во кое човекот може да ги избегне последиците од своите дела.
Будистички запис
Најприродното и најсовршеното дело се состои во создавање еднакво на себеси.
Постулат на алхемичарите
Сите нешта се создадено со силата на делотворноста. Уживањето во светот на блаженствата или маката во светот на бедата само се плод на делотворноста и ништо повеќе.
„Градина на лотосот“
Зашто кој од нас, сакајќи да ѕида кула, најнапред не седне и не пресметувајќи ги трошоците не погледне има ли доволно за да ја заврши.
Библија
Рекле, издумале
Ако си успеал со зборови да опфатиш неколку моменти на вистинскиот живот, си создал дело подрагоцено од сите фрази на светот.
Ливиу Ребреану
Големи дела тв рда бараат шија.
Вељко Петровиќ
Ремек-делото е дете кое секогаш го крстат дури по татковата смрт.
Адриен Декурсел
Краткиот живот е како сон, делата се вечни.
Јован Стерија Поповиќ
Делувај! Само во своите дела човек може да се открие себеси.
Фридрих Рикерт
Не блескаво дело пред очите на светот, не бурен аплаус на мноштво-внатрешниот извор на делото е она што одлучува помеѓу добродетелт и покорот.
Фридрих Шилер
Човек со дела се слика себеси.
Фридрих Шилер
Како ќе се запознаеш самиот себе? Со посматрање никогаш, но затоа со делување. Обиди се да ја обавуваш својата должност, па веднаш чќе сознаеш колку вредиш.
Јохан Волфганг Гете
Земјата се ослободува со љубов, а голема станува со дела.
Јохан Волфганг Гете
Напишано е: „На почетокот беше З б о р о т!“
Како ќе одам натаму? Запнав веќе!
Не можам зборот толку високо да го ценам;
јас морам со друг него да го заменам
ако сум се надишал вистински дух.
Тука пишува: „На почетокот беше С м и с л а т а!“
Кај првиот ред добро внимавај
твоето перо да не пребрза!
Дали смислата е таа што дејствува и што создава?
Треба да стои: „На почетокот беше С и л а т а!“
Но и при овој збор застанувам
и додека го пишувам, веќе се каам.
Помага малиот дух! Наеднаш пишувам смело,
оти јасно гледам: „На почетокот беше Д е л о т о!“
Јохан Волфганг Гете
Делата го учат човекот, делата и го утешуваат.
Јохан Хајнрих Песталоци
За да се направат големи работи треба да се живее како никогаш да нема да се умре.
Лук д Клапиер Вовенарж
Последно што наоѓаме составувајќи некое дело е ова: да се знае што да се стави на вистинско место.
Блез Паскал
Помал е творецот од своето дело,
па така и уметноста владее над природата.
Ако сам си го искусил тоа среде вајарска работа,
убав кип смртта да допре не смеела.
Микеланџело Буонароти
Да се изневериш себеси во дело значи да се уништиш себеси.
Владо Готовац
Делата се конечна мера на целосен човек.
Владо Готовац
Ако намерата не е чесна, делото нема да биде добро.
Луциј Анеј Сенека
И по слаба жетва треба да се сее.
Луциј Анеј Сенека
Кој сторил добро дело нека молчи. Нека зборува оној што го примил.
Луциј Анеј Сенека
Не жалам за тоа што други испокрадоа мои идеи. Жалам што немаат свои.
Никола Тесла
Сите Дрини на овој свет се криви, Ние нема да стасаме да ги исправиме. Ние никогаш не смееме да престанеме да ги исправаме.
Иво Андриќ
Сите ние умираме само еднаш, а големите луѓе по два пати: првиот пат кога исчезнуваат од земјата, а вториот кога пропаѓа нивната задужбина.
Иво Андриќ
Сознанијата мора да одат до делата; делото мора да има одредедна цел.
Иво Андриќ
Никогаш не е предоцна да се прави она што треба, толку долго додека на земјата постои барем едно дрво, едно животно, еден човек.
Маргерит Јурсенар
Делувај без очекување.
Лао-Це
Големи дела се остваруваат кога мали се извршуваат како што треба.
Конфучиј
Џентлменот се срами зборовите да му се подобри од делата.
Конфучиј
Кога слушам како некој човек зборува, го задржувам својот суд додека не видам како работи.
Конфучиј
Нема добро дело, без оглед колку е мало, што е направено залудно.
Езоп
Подобро работете вистинска работа одошто каква било на вистински начин.
Петер Друкер
Или оган во дело или дело во оган.
Рабиндранат Тагоре
Кој создава дело, сведочи.
Бела Хамвас
Сè би требало да се направи што е можно поедноставно-но не и поедноставно од тоа.
Алберт Ајнштајн
Господе, направи секогаш да сакам повеќе отколку што можам да постигнам.
Микеланџело Буонароти
Пламенчето ќе угасне не станувајќи никогаш оган ако за него не се грижи никој.
Вилијам Хазлит
Самодовербата е првиот алат за големи дела.
Семјуел Џонсон
Ако нешто не сакаш да направиш, запри на права скала.
Овидиј
Човечките дела никогаш не остануваат скриени за боговите.
Овидиј
Не е потребно да се надеваш за да преземеш.
Џуила Уме д`Оранж
Ниедно големо дело никогаш не се остварило без занес.
Ралф Валдо Емерсон
Ако сакате да се направи нешто добро, направете го тоа сами.
Наполеон Бонапарта
Никогаш не гледам што било направено, го гледам само она што треба да се направи.
Сидарта Гаутама Буда
Повеќето од луѓето се поспособни за големи дела одошто за добродетелство.
Луј д`Монтескје
Човековите дела најдобро ги толкуваат неговите мисли.
Скот МекКензи
Небесата никогаш не му помагаат на човек кој не делува.
Софокле
Жив неуспех е подобар од мртво ремек-дело.
Џорџ Бернард Шо
Ако постои нешто што човек може добро да направи, нека го направи тоа. Дајте му шанса.
Абрахам Линколн
Ние можеме да оствариме сè што сакаме, но не можеме да сакаме сè што можеме.
Артур Шопенхауер
Ако делата ве надживеат, нема да умрете.
Хорациј
Нема да умрам цел зашто моите дела ќе ме надживеат.
Хорациј
Количината на знаењето, необичноста на појавите, дури новоста на откритието не се сигурна гаранција за бесмртност. Ако делата што ги содржат се занимаваат само со мали нешта, ако се напишани без вкус, без благородност и дух, тие ќе пропаднат. Зашто знаењата, појавите и откритијата лесно исчезнуваат, се менуваат, а можат да добијат на вредност ако ги обликуваат поподготвени раце.
Жорж Луис Леклер д Буфон
Потешки се делата одошто зборовите.
Цицерон
Секој знае дека е многу потешко да се претвори збор во дело, одошто дело во збор.
Максим Горки
Пријателе, изгубив ден!-извика римскиот цар Титус кога се сети дека тој ден не направил ниедно добро дело. Секој знае дека е многу потешко да се претвори збор во дело, одошто дело во збор.
Максим Горки
Кога веќе ни е ускратено да живееме долго, барем да оставиме нешто трајно со што ќе посведочиме дека некогаш сме живееле.
Плиниј
Од огнот настанува и дело и пепел.
Станислав Јержи Лец
Да бидеме толку паметни, па да признаеме дека нашите дела се далеку од тоа дека се целосно само наши.
Анатол Франс
Кога делото останува, минатото е присутно- и тоа веќе не е минато.
Валтер Липман
Кога гледдам некои дела, ми доаѓа да се вратам на река.
Милован Витезовиќ
Човек не се раѓа како благородник. Човек не се раѓа како бедник. Благородник се станува со сопствени дела. Сопствените недела го прават бедник.
Нипата Сута
Понекогаш ние би се срамеле од своите најубави дела кога светот би сознал за побудите од кои сме ги создавале.
Франсоа Ла Рошфуко