61. Штедење-Штедливост
Треба да се биде штедлив? Во сè?
Треба ли и животот да се штеди? Да, зависи што од него. Здравјето сигурно, по малку и силата (да се сочува за стари години), но не во заедништвото, зборувањето, промислувањето…
Човек не треба воопшто да се штеди кога е збор за творечката енергија. Без оглед што тоа се одразува на сè.
Народот за штедливоста си го кажал своето. Сосема е разбирливо најмногу за парите, без оглед што знае дека „парите се отепувачка“.
Mакедонски народни пословици и изреки
Бели пари за црни дни.
Кој го држи клучето, тој ќе го наполни ќупчето.
Кој можи да држи во раката болви, тој можи да држи и пари.
Крпеж и трпеж две села поминале. (Икономија).
Мала невеста, голема, со тапани ќе се мажит. Сиромав, богат, арч во куќата ќе имат.
Парата је врзуа во четириесе јазли.
Пет пари не арџи за бадијала.
Поеќе дни сет од колбаси.
Поеќе печали од што јади, да ти се најдат бели пари за црни дни.
Со суо лепче и здравје ние ќе си поминиме.
Со црк, мрк, ќе си поминиме (Со икономија.).
Чуал, та затоа имал. (Икономија.)
Пословици и изреки од народи во светот
Што човек не потроши, тоа го добил (Српска)
Кој сака да штеди, нека почне од најрано (Српска)
Малку треба за да се собере големо богатство, но многу за да се собере мало. (Француска)
Празните буриња најмногу се слушаат. (Француска)
Мали потоци прават големи реки. (Француска)
Двојно се заработени заштедените пари. (Италијанска)
Не троши кај што можеш да штедиш, не штеди кај што мораш да трошиш. (Англиска)
Латински пословици и изреки
Кога касата ќе се испразни до дното, доцна е да се штеди.
Домисла, гесло, мисла водилка
Секој прв ден во неделата нека секој од вас кај себе настрана остава и собира што може за да не се собира со исто кога ќе дојдам.
Библија
Прекрасно е богатството и маслото во станот на мудриот, а човек безумно ги растура.
Библија
Рекле, издумале
За да бидете богати мислете и на штедење, а и на добивање.
Бенџамин Франклин
Кој сака да стекне богатство, мора да мисли и на штедење исто колку и на заработката.
Бенџамин Франклин
Едноставниот факт кој е тешко да се научи е дека е време за заштеда кога ја имате.
Џо Мур
Штедливоста ги вклучува сите добродетелства.
Цицерон
И во семејството и во државата штедењето е најдобар приход.
Цицерон
Ако штедите, успевате.
Стив Буркхолдер
Не е работата колку пари заработувате, туку колку пари задржувате, колку тешко ви паѓаат и колку генерации ги чувате.
Роберт Кијосаки
Штедливоста е вештина во избегнување на трошоци.
Луциј Анеј Сенека
Купувај го не она што ти е потребно, туку она што ти е многу потребно.
Луциј Анеј Сенека
Ако сакаш да се збогатиш, сочувај го она што ќе го добиеш. Будалиот може да заработи пари, но треба мудар човек да го заштеди и да располага со него во своја корист.
Бригам Јанг
По дваесет години повеќе ќе бидете разочарани од работите што не сте ги направиле одошто од оние што сте ги направиле.
Марк Твен
Најбрз начин да ги удвоите своите пари е да ги преполовите и да ги ставите во задниот џеб.
Вил Роџерс
Начин да ја запрете финансиската веселба е да го затворите возачот, а не автомобилот.
Вудроу Вилсон
Ниедна придобивка не е толку сигурна како што е штедење на стекнатото.
Публилиј Сириј
Навиката на штедење е сама по себе образование; негува секоја добродетел, учи на самоодрекување, го негува чувството за ред, се увежбува за промислување и така го шири умот.
Т.Т. Мангер
Никогаш не трошете пари пред да ги заработите.
Томас Џеферсон
Најбогат е оној човек чии задоволства се најевтини.
Хенри Дејвид Торо
Доларот што ќе го заштедиш денеска, утре ќе вреди три четвртини долари.
Ричард Никсон
Фрлете ги парите и само сте без пари, но губите време и сте изгубиле дел од својот живот.
Мајкл Лебеф
Внимавајтге на ситнината; дукатите сами се чуваат.
Филип Стеноп Честерфилд
Обидете се нешто да заштедите додека платата ви е мала; невозможно е да заштедите откако ќе почнете да заработувате повеќе.
Џек Бени
Знајте што поседувате и знајте зошто го поседувате тоа.
Петер Линч
Ослободи се од сите издатоци што ги правиш од самољубие.
Лав Толстој
Финансискиот мир не е стекнување на ствари. Учете се да живеете со помалку одошто заработувате, така што да можете да ги вратите парите и да имате пари за вложување. Не можете да победите додека тоа не го сторите.
Дејв Ремзи
Понекогаш е тешко да се знае што е тоа паметно штедење, а што паметно трошење.
Мирослав Радојчиќ
Секогаш кога позајмувате пари, го пљачкате своето идно јас.
Натан В. Мори
Кога на пријател ќе му позајмиш пет долари, а тој повеќе нема да се појави, знај дека се тоа добро вложени пари.
Пол Гети
Немојте да ми кажете што цените, покажете ми ја својата сметка, а јас ќе ви кажам што цените.
Џо Бајден
Штедењето од нас бара да не купуваме работи сега за да можеме да купиме поголеми работи подоцна.
Џин Кацки
Заштедете една третина, живејте со една третина и една дајте за потребите
Анџелина Џоли
Ако е штедењето пари погрешно, не сакам да бидам во право.
Вилјем Шатнер
Постојано штедејќи за дождлив ден, можеме да пропуштиме прилика да играме на сончев ден.
Ерол Флин