ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 6 минути

60. Агресија-Насилство

Основно значење: однесување што го карактеризираат контактот и комуникацијата со други луѓе со сила. Човечката агресија се изразува директно по пат на вербални, физички или комбинирани напади, а може и индиректно, низ компензација. Неприфатлива е, без оглед дали се користи за самоодбрана, лично подобрување или е деструктивна колку за  за себе, толку за други. Сосема се во право оние што прават дистинкција помеѓу однесувањата што се штетни и оние со кои се нема намера да им се наштети на други. Па за првите го користат терминот „агресија“, а за вторите „асертивност“.

Особено за споделување е ставот дека нагонот на агресивноста нема сопствен извор на енергија, туку е изведен од нагонот за живот, па се јавува како реакција на фрустрација. Исто така ставот дека агресивноста е и стремеж за разурнување, одговор на ускратување на основни човечки потреби.

Кога насилството од ден на ден расте, тоа значи дека го поттикнуваат силници. Кога станува од големо до преголемо, значи дека е во нивни раце, та станале толку силни што никој ништо не им може. И најмалото насилие не е човечко, ниту е само врз човек. Најпоследично и најтрагично е кога тој го врши врз себеси до самоти смрт.

Македонски народни пословици и изреки

Викај по волкот дури не влегол во булукот.

Кој сече со меч, од меч гине.

Кога стариот пес лае, треба да се види што е.

Пословици и изреки на народи во светот

Подобро да се биде внимателен отколку слепо да се јуриша. (Индиска)

Забите се граница на јазикот. (Српска)

Она што ќе го зафатат огнот, војската и водата, не може да остане. (Српска)

Борба против оган со оган. (Англиска)

Кога ќе дозволиме да се срушат куќите, настојуваме да ги спасиме урнатините. (Руска)

Полесно е да се извади мечот од ѕидот, отколку да се закачи. (Руска)

Ако си го одбрал едниот крај на стапот, си го одбрал и другиот. (Африканска)

Ако чеканот е твоето единствено средство, секој проблем ќе ти изгледа како шајка. (Африканска)

И една ноќ анархија е полоша од многу години тиранија. (Арапска)

Латински изреки

Fer aut feri: ne feriaris feri! (Или трпи или удри; удри за тебе да не те удрат.)

Gutta cavat lapidem non vi sed saepe cadendo. (Капката длаби камен не со сила, туку со често капење.)

Ira initium insaniae. (Гневот е почеток на лудило.)

Mala herba cito crescit. (Плевелот брзо расте.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Устата на праведниот е извор на живот, а устата на нечесниот крие насилство.
Библија

Подобро е ако се наоѓаме меѓу прогонети одошто меѓу прогонители.
Талмуд

Рекле, издумале

Да наметнуваш своја волја е насилство, а да се наметнуваш самиот себе е врв на насилство.
Лао Це

Таму кај што мора да се избира помеѓу кукавичлак и  насилство, јас сум за насилство.
Мохандас Карамчанд-Махатма Ганди

Кај оној што се користи со сила сè уште постои надеж дека тој еден ден ќе го пронајде патот до ненасилството. Кај кукавиците таа надеж не постои.
Махатма Ганди

Најголема сила со која располага човештвото е ненасилството. Тоа е посилно и од најмоќното разурнувачко оружје што го создал човечкиот мозок.
Махатма Ганди

Око за око и целиот свет би бил слеп.
Махатма Ганди

Повеќе сакам мирно и храбро да умрам одошто да убивам. Но кој ја нема таа храброст, порадо нека се вежба да убива и да биде убиен одошто срамно да ги избегнува опасностите. Зашто кој бега, врши насилство свесно; бега затоа што нема храброст убивајќи и сам да биде убиен.
Махатма Ганди

Силата е оружје на слабите; ненасилството е е оружје на јаките.
Махатма Ганди

Ненасилството е првиот чин на мојата вера. Тоа е, исто така, и последен чин на моето кредо.
Махатма Ганди

Целосното ненасилство е целосно отсуство на лоши намери спрема се што живее. Активното ненасилство е совршена љубов.
Махатма Ганди

Што ќе се добие со насилство мора да се изгуби пред поголемо насилство.
Махатма Ганди

Лелекот се слуша без оглед дали тепаш или тебе те тепаат.
Хенрик Јохан Ибзен

Насилството им е од корист само на оние кои немаат што да изгубат.
Жан-Пол Сартр

Прави добри дела и не биди суров, зашто насилството е оружје на глупав.
Сабир Термези

Агресијата што е ужасна кога ќе ја стори еден не се казнува кога ќе ја стори мноштво.
Херберт Спенсер

Ние токму имаме доволно религии за да се мразиме, но не доволно за да се сакаме меѓусебно.
Џонатан Свифт

Доброто по наредба-не е добро.
Иван Сергеевич Тургењев

Ако си се упатил кон цел и по патот си почнал да подзапираш и со камења гаѓаш секој пес што лае на тебе, никогаш нема да стигнеш на целта.
Фјодор Михајлович Достоевски

А слободните луѓе би требало…да бидат вооружени.
Џорџ Вашингтон

Да се биде човек значи да се поседува чувство на инфериорност кое постојано притиска кон сопствени освојувања. Поголемо доживеано чувство на инфериорност е помоќен порив за освојување и понасилно спрема емоционалната вознемиреност.
Алфред Адлер

Вистината е често ужасно оружје на агресијата. Можно е да се лаже, па дури и да се убие со вистина.
Алфред Адлер

Бог не ни го испраќа очајот за да нè убие, туку за во нас да разбуди нов живот.
Херман Хесе

Демократијата е несовршен начин на управување меѓу насилството на анархијата и насилството на тиранијата, со најмалку насилство потребно за самоодржување. Од таа причина не сметам дека е таа триумф, но е најдобра опција која досега сме успеале да ја осмислиме.
Кристофер Еклестон

Добар план извршен насилно е сега подобар од совршен план извршен следната недела.
Џорџ Патон

Општеството неумоливо одбива од себе два сталежа луѓе: оние што го напашаат и оние што го чуваат.
Виктор Иго

Држава во која насилството и поедионци остануваат неказнети ќе завршат во длабока темнина.
Софокле

Душата не се победува со оружје, туку со љубов и благородност.
Барух де Спиноза

Граѓанска војна. Ура! Во име на народот самите себе ќе се истребиме.
Карел Чапек

Вистината, храброста и одлучноста се наше оружје. Нашата борба мора и натаму да биде ненасилна и без омраза.
Далај Лама

Кога ќе удрите дете, настојувајте тоа да биде во бес, дури и по цена да го осакатите. Ладнокрвниот удар ниту може, ниту би смеело да се прости.
Бернард Шо

Лавот и телето можат да легнат заедно, но телото нема баш да се изнаспие.
Вуди Ален

Луѓето ноќе спијат мирно во своите кревети само затоа што цврстите луѓе стојат подготвени да сторат насилство во нивно име.
Џорџ Орвел

Мир не може да се постигне низ насилство. Тој може да биде постигнат единствено низ разбирање.
Ралф Валдо Емерсон

Насилствотго е последно уточиште на неодговорните.
Исак Асимов

Насилството е навистина во родство со стравот.
Артуро Граф

Насилството може да се покрие само со лага, а лагата може само со насилство да се одржи.
Александар Солжењицин

Да не заборавиме дека насилството не живее само, дека е неспособно да живее само: тоа е интимно поврзано со лагата. Насилството го наоѓа своето единствено уточиште во лагата, а лагата својата единствена поддршка во насиолството. Секој човек што го избрал насилството како средство без прашање мора да ја избере лагата како правило.
Александар Солжењицин

На насилникот секогаш послаби му се виновни, често само поради тоа што се јадни-живи.
Иван Андреевич Крилов

Насилната власт никој долго не ја задржал.
Луциј Анеј Сенека

Не ја сакам хуманоста која се состои во посматрање на патење.
Фридрих Ниче

Во околности на мир воениот човек навалува на самиот себе.
Фридрих Ниче

Никогаш нема да ти треба аргумент против употребата н насилство-секогаш ќе ти треба аргумент за негова употреба.
Ноам Чомски

Никому не би требало да му биде допуштено насилно да гази по закон.
Владимир Путин

Основен субјетк на насилството се дегенерирани со алкохолизам и сиромаштија, крадци, просјаци, сиромашни скитници, невработени безволни работници. Тие сочинуваат опаснаа маса на востание.
Гистав Ле Бон

Агресијата која е ужасна кога ќе ја направи еден, не се казнува кога ќе ја направи мноштво.
Херберт Спенсер

Во овој свет повеќе не е изборот мешу насилство и ненасилство; сега е меѓу ненасилство и уништување.
Мартин Лутер Кинг

Агресијата е една од примарните состојби на провинцијалниот дух.
Радомир Константиновиќ

Ако велат дека Балканот е крв и месо, црна дупка, нешто од што светот треба да се срами и плаши, што се тогаш злосторствата во име на цивилизацијата кои се направени надвор од географските рамки на Балканот? Значи, секоја аристократија настанала на безобразен грабеж и бесрамна агресија и се радува на секоја нова што се воспоставува.
Зијах Соколовиќ

Националната предаденост е ограничувачка; луѓето треба да се учат да мислат во светски категории. Секоја земја ќе мора да се одрекне од дел од својот суверенитет низ меѓународна соработка. За да се избегне разурнувањето, треба да се жртвува агресијата.
Алберт Ајнштајн

Историја: големите сили секој ден тепаат некој мал агресор.
Брана Црнчевиќ

Човекот е кротко суштество кому му е потребна љубов, а умее и да се брани ако некој го нападне; тој поради своите нагонски својства мора да смета, во голема мера, на наклонетите кон агресија. Поради тоа ближниот не му претставува само можност на помагач и сексуален објект, туку и искушение врз него да ја задоволи својата агресивност, без надомест да го искористи неговото дело, без негова согласност да го искористи сексуално, да го присвои неговиот имот, да го понижи, да му причини болка, да го мачи-да го убие.
Сигмунд Фројд

Агресијата насекаде во светот е во несомнен пораст: агресија на родители спрема деца и на деца спрема родители, на маж спрема жена и на жена спрема маж, на сосед против сосед и на држава против држава, сè до најопасната и по животот на човекот на Земјата можеби кобна агресија-на човекот против природата.
Владета Јеротиќ

Агресивниот човек е и самоагресивен. Уништувајќи други, тој се уништува себеси, а со самото тоа и изворот на агресијата.
Владета Јеротиќ

Животинското начело во човекот не може да се угасне сè додека во буржоаското општество постои огромно количество влијанија кои во човекот го распалува ѕверот.
Максим Горки

Просечноста е секогаш агресивна.
Ристо Трифковиќ

Треба да се плашите од злонамерниот пријател повеќе одошто од див ѕвер; ѕверот можеби ќе ви го рани телото, но злостениот пријател ќе ви го рани духот.
Буда

Една од главните причини за човечките неволји е лажното сфаќање дека едни луѓе можат со насилство да им го поправаат и дотеруваат животот на други луѓе.
Лав Николаевич Толстој

Ако е можно луѓето со насилство да ги принудиме на правичност, тоа сè уште не значи дека е правично да ги потчинуваме.
Блез Паскал

Кога е вистината слаба да се брани, тогаш мора да премине во напад.
Бертолд Брехт

Ако сте замолчиле некого, не сте го и преобразиле.
Џон Морлеј

Сила без правда е насилство.
Отон Жупанчич

Кога сите други средства останале без успех, праведно е да се потегне меч.
Гуру Нанак

Волкот врз овцата свое право има
ко тиранин врз слаб човек.
Петар Петровиќ Његош

Гледај, фатиле птица песнопојка,
Ја мачат, ја стегаат-ох, тешко нејзе!
Писка сиромашката, црцорењето ѝ запрело,
А тие велат: „Пеј, птицо, пеј!“
Гаврило Романович Державин

Leave the first comment