ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 4 минути

57. Лага-Лажење-Лажливец

На лагата ѝ се кратки нозете? Ма, не е важно дали ѝ се долги или кратки кога е помеѓу нас и конечно мораме да се соочиме, да се судриме со неа, како откриена да ја докусуриме.

Се разбира, малку е важно, а не многу кога бега, зашто ѝ е лесно да избега од оние што се научиле на неа, ѝ се навикнале, дури им станала некако блиска. Па кога мора да бега оти им дошла преку глава или мораат да ја избркаат за да ги подбере и добере вистината, кога е долга тоа трае подолго, а како кратка покусо време. Ама ќе избега кога-тогаш.

Македонски народни пословици и изреки

Ако греши нешто, да прао кажи. Ако излажим душата раат ќе му стори.

Ама таков лаж не сум видел никоаш.

Ама што да речи, сè ќе излажит.

Во секој муабет што ќе го кажи, сè ќе излажит.

Голема лага-со пари ја продаа.

До еден збор што ќе го речи, сè ќе те излажит.

Другар нема во лагите што ји има.

Ем сиромав, ем лаж.

За прао не знаи да речи, а за да те излажи не барај други.

За резил стана со тие пусти лаги.

За сто души сам тој лажи. Зер сефте му је нему лагата.

Кажи, кажи, ама не лажи.

Камен му вадеше на татка си за со лаги.

Кантар не го држи во лаги.

Коа лажи, нека кажи кај се пули.

Кој му кладе жар на мео, да да излажит.

Колку зборои ќе кажи, толку лаги ќе врзи.

Крк-јалан го викааат, дека лажи четириесе лаги на саат.

Лагата му је сермија.

Лаги со рогои; лаги со опашки-праи.

Лажи и се крсти.

Му се чини оти никој не го познаа оти лажит.

На сто еден нема здрав. И прао коа да кажи никој не го веруа.

Не тргна рака од тие пусти лаги, не тргна, битул даваси.

Од лажење дури не му се види.

Би лага, доби, скака скакулец, доскака.
(Кога ќе се фати некој во лага.)

Лага река не гази.

Лагата е ѓаолцка.

Лагата е колната од Бога.

Лагата куса ја има ногата.

Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро.

Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.

Лажот и сам себе се лажит.

Пословици од народите на светот

Лага и на самиот лажливец понекогаш му е одвратна. (Арапска, исто така и Мадагаскарска)

Кажи лага и сознај ја вистината. (Шпанска)

Лагата ќе го обиколи целиот свет додека вистина ги обиуе своите чевли. (Шпанска)

Лагата може да нанесе болка сто пати поголема одошто копје. (Африканска)

Лагата има седум различни варијанти, а вистината само една. (Африканска)

Лажливецот секогаш мора покрај себе да има свој сведок. (Ерменска)

Ако лажливецот престанал да лаже, тоа не значи дека ја променил својата природа. (Индиска)

Оној што се служи со лаги, од корен пропаќа. Лажеме за да се измамиме себеси, да утешиме друг; лажеме од сомилост. Лажеме дека не ни е страв; за да охрабриме, да сокриеме своја и туѓа беда. Лажеме од љубов и човечност, лажеме поради чесност. Лажеме поради слобода. Лагата е вид патриотизам и потврда на нашата вродена интелигенција. (Индиска)

Двајца лажни сведоци обесуваат човек. (Албанска)

Можеш да лажеш и тогаш кога нема да кажеш ништо. (Португалска)

Кој лаже за тебе, ќе лаже и против тебе. (Српска)

Латински изреки

Децата и пијаницие не лажат. (Vinum et pueri veraces.)

Новата лага е секогаш најдобра.

Домисла, гесло, мисла водилка

Лагата трча побрзо од деманти.
Принцип на специјална војна во новинарството

Најголема казна за лажливецот е да не му се верува ни кога кажува вистина.
Талмуд

Рекле, издумале

Лагата што е само лага може веднаш да се побие, но не е лесно да се побие ако во себе содржи и вистини.
Алфред Тенисон

Безопасната лага е подобра од навредливата вистина.
Роџер Ашам

Научете да лажете добро, за да можете успешно да тешите.
Андре Субиран

Не почнувајте да лажете, зашто можете засекогаш да го изгубите чувството на вистината.
Жозеф Мари Девондел

Во неискрените односи тешко е да се изрече вистина.
Бјорнстјерн Бјорнсон

Лажливецот треба да има добро паметење.
Марко Фабиј Квинтилијан

Не е интересно она што ви го кажува жената, интересно е она што го премолчува.
Александар Дима, синот

Што може студената и гола вистина против блескавите чари на лагата?
Анатол Франс

Само жените и лекарите знаат колку лагата им е потребна на луѓето.
Анатол Франс

Лагата е толку плодна, што од една можат да се излежат илјадници.
Карло Голдони

Лагата е религија на робовите и господарите. Виситната е бог на слободниот човек.
Максим Горки

Понекогаш пристојноста бара лага.
Максим Горки

Лагата со ништо не се разликува од вистината, освен оти не е вистина.
Станислав Јержи Лец

Природата не трпи лаги.
Томас Карлајл

Има прилики кога е допуштено да се премолчи вистина, но таа никогаш не треба да се замени со лага.
Свети Августин

Оној што на пролетта ѝ дава зеленило, рози на есента, црвенило на младите усни, непотребно лаже.
Огист Роден

Покажете ми лажливец и јас ќе ви покажам крадец.
Џорџ Херберт

Кога би ги знаеле стравотиите на лагата, би ја изгониле со оган побрзо од другите злосторства.
Оноре де Балзак

Постојат три вида лага: лага, проклета лага и статистичка лага.
Марк Твен

Ако некој вели: „Го сакам Бога“, а го мрази својот брат, лажлив е, зашто како некој може да не го сака својот брат кого го гледа, а да го сака Бога кого не го гледа!
Исус Христос

Лагата убива пријателство, а вистината љубов.
Мигел де Сервантес

Заразна е и разурнувачка моќта на лагата.
Иво Андриќ

Не ме потресе тоа што ме излажа, туку дека повеќе не ти верувам.
Фридрих Вилхелм Ниче

Лагхата е услов на животот. Всушност, разликата е за која цел се лаже: дали да се одржува или да се разурнува.
Фридрих Вилхелм Ниче

Лажливецот е секогаш издашен во заклетвите.
Пјер Корнеј

Лажи, ама знај ја мерата.
Александер Грибоедов

Има околности во кои лагата е најсвета должност.
Ежен Марин Лабиш

Лагата е како грутка снег: колку подолго се тркала, толку е сè поголема, но кога ќе застане ќе се истопи.
Мартин Лутер

Ако само еднаш во својот живот кажеш лага, сите добри дела што си ги направил можеш да им ги фрлиш на кучињата.
Ману

Лажеме творечки, имагинативно, инвентивно.
Добрица Ќосиќ

Добар дел од убавото говорење содржи знаење на лажење.
Еразмо Ротердамски

Човечкиот дух е така создаден што лагата сто пати повеќе го освојува одошто вистината.
Еразмо Ротердамски

Ако го навикнам слугата да лаже за мене, морам да претпоставам дека тој ќе изрече многу лаги за себе.
Семјуел Џонсон

Лагата и фразата се близначки.
Иван Тургењев

Ако на човек му ја ускратите неговата витална лага, ќе му ги одземете и часовите на среќа.
Хенрик Ибзен

Leave the first comment