ДУМА, ОПИТ, УКА 48

Потребно време за читање: 3 минути

48. Мера-Умереност

Македонски народни пословици

Го милуат веќе од мерата надвор.

Мера-вера.

Со мера продаа, ама оката триста драм да ја дава.

Сос јак не се бори а сос богат не се мери.

Кога даваш со мера права, секој те веруат.

Селска (или опшча) мера (дома) не се држит.
(Кога ќе земеш општо (заедничко) нешто за да свршиш со него некоја своја приватна работа, треба бездруго да го вратиш; зашто тоа му припаѓа на цело општество, на многумина, па може да му притреба и на друг. Оваа пословица често се употребува по гозбите, каде што кога ќе му го подадат на еден грнето со вино да се напие, тој не треба да го држи многу време кај себе, ами да тргне и да му го подаде на друг седнат до него; зашто по него има уште многумина што го чекаат. (Шапкарева белешка: Доскоро по нашиве места, а по селата и до денеска, по гозбите гостите не пиеја вино со чаши, ами со полно грне што си го подаваа еден на друг по ред по трпезата.) Во противен случај му се вели горната поговорка, за да се потсети та да го подаде поскоро грнето.

Пословици од народите на светот

Кравата знае колку ѝ е доста. (Германија)

Кој самиот не се мери, го мерат него. (Германија)

Не се грижам за големата чинија кога и од малата можам да се најадам. (Полска)

Ракот рие јама според својата лупешка. (Јапонија)

Сигурно чекори оној што ги мери своите чекори. (Италија)

Не го товари врз себе она што не можеш да го поднесеш. (Србија)

На едно магаре еден самар му е доста (Хрватска).

Умереностам во сè е најдобра. (Грчка)

Подобро е малку оган што нè грее, одошто пламен што нè пржи. (Шкотска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Не успеале во животот оние што не овладеале со вештината на рамнотежата: стегање-попуштање, напнатост-опуштање.
Учител на јога

Понекогаш чувството на мера ги потиснува другите чувства.

Литературнаја газета

Рекле, издумале

Ниту со нозете, ниту со желбите не треба да се помине повеќе одошто е можно.
Епиктет

Постои мера во сите ствари.
Хорациј

Златна средина.
Хорациј

Во сè што работиш знај да ја сочуваш мерата.
Хесиод

Тешко e да се држиш до мерата во она што си открил дека е пријатно.
Луциј Анеј Сенека

Особина на мудрецот е во тоа да биде умерен во она што им е на сите допуштено.
Децим Јуниј Јувенал

Среќата од самата себе се урива кога ќе ја мине границата на мерата.
Цицерон

Златна средина. Кај повеќето работи најдобра е средината.
Цицерон

На тебе, што ја фалиш „златната средина“ за да ми биде животен пат, ти одговарам:
Кој сака да биде млак помеѓу ладно и топло, или да трепери помеѓу живот и смрт, или да е пифтијаст-ни течен, ни цврст?
Калил Џибран

На едно стебло гради само едно гнездо.
Теокрит

Кој е обнослив преку мера, станува здодевен.
Кој е внимателен преку мера, исгледа плашлив.
Кој е одважен преку мера, предизвикува неред.
Кој е искрен преку мера, делува сурово.
Конфучиј

Да се оди премногу далеку е исто толку лошо колку што и да не се оди доволно далеку.
Конфучиј

Човек со голем дух се однесува со умереност во добрата, како и во лошата среќа; тој никогаш нема да се покаже ниту депримиран, ниту егзалтиран; него нема да да го понесе успехот, ниту да го обесхрабри неуспехот; тој нема да бара пофалби за себе, ниту покуди за други.
Аристотел

Кога доброто и злото ќе надминат секоја мера, ние повеќе не ги чувствуваме.
Франсоа Ла Рошфуко

Умереноста на среќните луѓе потекнува од смиреност која добра незгода ѝ ја дала на нивната душа.
Франсоа Ла Рошфуко

Кој нема да се протегне спрема покривачот, нему ќе му изѕемнат нозете.
Јохан Волфганг Гете

Со мудра умереност најлесно ќе се стекнеме со љубов и почитување.
Балтазар Грацијан и Моралес

Најдобар услов за мирен живот: да не се биде толку богат за да ти завидуваат, ниту толку сиромашен за да те сожалуваат.
Патриша Билингс

Leave the first comment