ДУМА, ОПИТ, УКА, 181

Потребно време за читање: 22 минути

181. Толеранија

Македонски народни пословици и изреки

Живејме заедно оти немаме ништо меѓу нас за поднесуање.

За точно навреме, нема разбирачка за неточно.  

Ја сакам и ги поднесуам луѓе во мои и нивни најдобри деној.

Ја сум чоек со чоек шо го знам како растеше ко чоек.

Сиот свет во мојто срце и мојта душа. Со сè убоо, а и неубоо во него.

Смелост за менуање и поднесуање по поразии.

Со вера шо го прифаќа свето каков шо је.

Со волја и решителност први чекори кон трпение и она што је како што је.

Со сакање и поднесуање против мразење.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако сакаш кокошката да ти носи јајца, мораш да го трпиш нејзиното кокодакање. (Англиска)

Било да е плод на разум или замор, трпеливоста е корисна. (Турска)

Емпатија, знаење, почит, духовност, толеранција и разбирање во мене за вас. (Турска)

Кој сака ружи, мора да го прифати нејзиното трње. (Турска)

Крпежот и трпежот држат половина свет.  (Српска)

Мали групи луѓе кои не кажуваат вистини взаемно, а се толерираат, а се приспособуваат до разделување. (Англиска)

Неподносливо е на други да им го допуштаме она што си го допуштаме на себеси. (Норвешка)

Остави му го на оној што сака она што го сака, ако му кажеш да го остави она што го сака, тој и натаму ќе го сака тоа, а тебе ќе те замрази. (Сенегалска)

Се менува во животот особено што го толерираш иако е за тебе бескорисно. (Романска)

Со староста тесноградоста се зголемува, а толеранцијата се намалува. Сè поретко се поврзани таа и мудроста. (Италијанска)

Туѓа вера ниту куди, ниту фали. (Српска)

Латински изреки

Во природата на културниот човек е тој да биде нетолерантен.

Луѓе навикнати на разлики се толерантни.

Нема толеранција кога се бориме со стрес во загубена игра.

Толеранција е љубов кон луѓето и кога тие не возвраќаат со љубов.

Толеранција придружена со насмевки, срдечни поздрави и живеачка каква што е.

Домисла, гесло, мисла водилка

Толеранцијата за мир, нетолеранција за неред и расправии.
Анонимус

Ги прифаќаме културниот релативизам и толеранција на различностите.
Анонимус

Толерантноста е добра сама по себе, но не кога владее нетолерантноста.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако беше возможно да се поттикнат масите да го усвојат атеизмот, тоа верување би ја пројавило сиот нетолерантен плам на едно религиозно чувство и во нејзините надворешни форми би се претворило во култ.
Гистав Ле Бон

Ако две души се сакаат, тогаш што е проблемот? Секој треба да има шанса да стане мизерен ако сака. Тоа е мојата нова толерантност!
Еминем

Ако лидерот стапи на функција на привидно фер избори и толерира несогласување, тој или таа ги исполнува нашите барања за одобрување.
Стивен Кинзер

Ако ме прашаа што треба да даде образованието, би рекол дека треба да нуди широчина на погледи, леснотија на разбирање, толеранција кон другите и фон од кој умот може да истражува во секоја насока.
Луис Л’Амур

Ако можете да се ослободите од гордост, самосожалување, егоцентризам, егоизам, љубомора, завист, нетолеранција, нетрпеливост, алчност, лакомост, страст, мрзеливост, ароганција и нечесност, тогаш внатре има состојба на спокој и поврзаност.
Расел Бренд

Ако некогаш сте се нашле притиснати до границите на својата толеранција…се наоѓате себеси како правите некои нешта кои однадвор можат да се разгледуваат како прилично безумни.
Брендон Ли

Ако нетолеранцијата прејде во навика, ризикуваме да ја изгубиме вистината.
Махатма Ганди

Ако сакаш луѓето да те поднесуваат, поднесувај ги и ти нив.
Тома Кемписки

Ако се занимаваме со прашањето за оружјето за масовно уништување, треба да испратиме единствена, конзистентна порака дека има нулта толеранција кон секоја земја што развива оружје за масовно уништување, вклучително и Северна Кореја.
Мохамед Ел Барадеј

Ако толеранцијата се земе до степен во кој го толерира уништувањето на оние принципи кои на прво место дозволуваат толеранција, таа станува неподнослива.
Гаетано Моска

Апсолутна толеранција е сосема невозможна; таканаречената апсолутна толеранција се претвора во жестока омраза кон оние кои јасно и најнагласено изјавија дека постојат непроменливи стандарди вградени во природата на човекот и природата на нештата.
Лео Штраус

Ароганција-јас имам многу ниска толеранција спрема тоа.
Рита Морено

Без сомнение, тој имаше нулта толеранција кон дебелите луѓе, жените, возрасните луѓе, припадниците на другата раса, ненаркоманите и наркоманите и, се разбира, беше таков сноб што никој не одговараше на неговите потреби.
Едвард Сент Обин

Бидете водени од добрина и толеранција-ќе си помогнете на себеси и на други.
Жозеф Мари Девондел

Важно е да не ги прочитате погрешно моите совети како разрешување на толерирањето луѓе кои не се вклопуваат. Премногу често лидерите знаат дека служителот навистина не припаѓа и би било подобро на друго место, и не успеваат да дејствуваат затоа што им недостасува храброст.
Патрик Ленциони

Важно е дека жестокоста и омразата и нетолеранцијата не се монопол на никаква конкретна раса, вера или време. Тие се со нас од почетокот на светот и сè уште се со нас, во секоја земја во светот.
Алистер Меклејн

Веднаш можете да помислите за иднината: колку помалку една жена е обземена од комплекс на сопствениот изглед, толку е поинтелигентна, урамнотежена, толерантна и доверлива.
Вис Виталис

Веројатноста власта да ја толерира опозицијата се зголемува до степен во кој се зголемуваат очекуваните трошоци за нејзино потиснување.
Роберт Дал

Верувам дека сме биле премногу толерантни кон нетолерантните. Треба да се научиме да станеме нетолерантни кон нетолерантните.
Герт Вилдерс

Верувањата се нешта кои треба да ги цениме, но не можеме да бидеме нетолерантни кон другите со чии верувања не сме согласни. Оваа нетолеранција може да доведе до војна, дури и до убиство.
Питер Тримејн

Веќе не мислам дека кој и да е принцип или мислење вреди нешто, ако ве прави жестоки или нетолерантни.
Карен Армстронг

Ви велам дека не сум диктатор, не сум нетолерантен, не сум препотентен! Сите грешите, грешите, грешите, ви велам! Јас сум најспокојниот и најразбирачки меѓу луѓето! Никој од вас, инсистирам, никогаш повеќе не смее да вели дека сум диктатор!
Невил Чемберлен

Вие сте одговорни за режимот што го толерирате-ќе врескаше татко ми.
Розела Посторино

Во демократијата опозицијата не само што се толерира како уставна, туку треба да се поддржи зашто е незаменлива.
Волтер Липман

Во името на толеранцијата од верникот се бара да се дружи со атеистот на општо ниво на целосно прифаќање, перверзниот, криминалецот и следбениците на други религии, како да не постојат разлики.
Раусас Џон Рашдуни

Во принцип ужасните прогнози треба да се третираат како лажни тревоги. Во обичниот живот сме прилично толерантни кон лажни тревоги.
Џаред Дајмонд

Во тоа да знаеш кој си има елеганција која ќе ти помогне да развиеш слатка толеранција спрема себеси. Познавањето и допаѓањето на себеси ќе дозволи да бидете мила и сочувствителна кон другите, длабоко свесна дека тие ги сакаат истите нешта: љубов и исполнетост.
Маргот Берген

Вредностите на една организација му кажуваат на секого како ќе дејствува внатре во рамките на ѕидовите на организацијата. Вие, како лидер, не можете да толерирате никакви дејствија што противречат на овие вредности.
Сам Силверстајн

Генијалците се многу потолерантни кон идеите и гледиштата на другите луѓе, отколку обичните луѓе. Освен тоа, тие имаат многу помалку проблеми и не се грижат премногу дали ќе врне или не.
Глен Доман

Герилските водачи победуваат во војни со тоа што се параноични и безмилосни. Откако ќе ја земат власта, од нив се очекува да ги изостават овие квалитети и да го примат спротивното: толеранција, компромис и смирение. Речиси никој не успева да го направи тоа.
Стивен Кинзер

Го добивате она што го толерирате.
Хенри Клауд

Да бидеме претпазливи во искажувањето тврдења и критички во нивното испитување, но толерантни во признавањето на јазичните форми.
Рудолф Карнап

Да ​имаш доверба е најголемата наука што ни е неопходна во животот. Судбината е како благородна арапска кобила, таа не толерира кукавички коњаник, туку се потчинува на храбриот.
Леонид Соловјов

Да не зборуваме за толеранција. Овој негативен збор претполага груби отстапки од самодоволни совети. Поскоро да зборуваме за взаемно разбирање и взаемно почитување.
Доминик Пир

Да признаеме дека веќе не можеме да толерираме насилно угнетување на жените во име на религијата и културата, како што би толерирале насилно угнетување поткрепено од кој било друг насилник во име на искривено образложение.
Ајан Хирси Али

Да се научите да ги набљудувате и толерирате вашите физички реакции е претпоставка за безопасно преразгледување на минатото.
Бесел ван дер Колк

Да трпиме, не значи да заборавиме дека тоа што го толерираме не заслужува ништо повеќе.
Николас Гомез-Давила

Дали ќе ја прифатиме Божјата благодат толерирајќи го во себе самиот грев што го прикова Христос на крстот?
Џери Бриџис

Две нешта човек мора да научи да ги трпи, ако сака животот да не му биде неснослив: лошо време и човечка неправда.
Диоген

Дека вашето дете е веќе многу мотивирано да работи добро и дека неговите предизвикувачки епизоди одразуваат забавување во развојот на флексибилност, толеранција на фрустрација и решавање проблеми.
Рос Грин

Дел од научниот темперамент е оваа толеранција кон разгледување на множество хипотези истовремено.
Дејвид Иглман

Додека секој човек претендира за својата слобода како прашање на право, слободата што ја дава на други луѓе е прашање на толеранција.
Волтер Липман

Додека [толеранцијата] е повеќе или помалку тивко и уставно повлечена од опозицијата, таа е претворена во задолжително однесување во однос на востановените политики.
Херберт Маркузе

Дојдов до заклучок дека недопаѓањето на човек со кого се инсистира да имаме работа не е од првостепено значење. Но, почитта е од решавачко значење на двете страни, како и толеранцијата и длабочината на разбирањето на оние влијанија кои го обликуваат карактерот.
Жаклин Винспир

Достојната жена никогаш не толерира никакво безобразие во својот живот.
Лиза Си

Е, ние правиме големи усилби да се обидеме да ги образуваме сите за да им дадеме на знаење дека имаме политика на нулта толеранција кога станува збор за сексуално насилство.
Дик Чејни

Еволуцијата на општеството во суштина е процес на психичка адаптација од страна на индивидуите, под стрес на околностите кои веќе нема да толерираат мисловни навики формирани и одговорни на различен сет околности во минатото.
Даниел Квин

Единствената можна основа за здрав морал е взаемната толеранција и уважување: толеранција кон обичаите и мислењата на другите; уважување на правата и чувствата на другиот; свесност за потребите еден на друг.
Алфред Џулс Ајер

Една од најважните форми на херојство е херојството на свеста, херојството на мислата: подготвеноста да се толерира осаменоста.
Натаниел Бранден

Емпатијата, како што видовме, води до грижа, алтруизам и сочувство. Гледањето на нештата од гледна точка на другиот ги руши пристрасните стереотипи и раѓа толеранција и прифаќање на разликите.
Даниел Големан

Живееме во сложено, многустрано и мултимилијардерско општество, кое ќе пропадне ако не умееме да соработуваме, да преговараме и да сме толерантни еден кон друг.
Каја Нурденген

Живејте низ дела на љубовта и оставете ги другите да живеат со толеранција кон нивните единствени намери.
Рудолф Штајнер

За да бидеш мек, толерантен и да разбираш е нужна извесна цврстина во карактерот.
Питер Устинов

За да го препознаеме апсурдното и да го прифаќаме, не треба да замижуваме пред трагичната страна на постоењето; напротив, на крајот можеби ќе помогне за придобивање на потолерантен поглед на светот.
Грегор фон Рецори

За земја заснована на идејата дека правата се неотуѓиви и својствени од раѓањето, ние развивме висока толеранција кон условните права и условното државјанство.
Мет Таиби

За оваа рамнотежа, која е сега видлива, да веруваме дека човештвото, како што се случувало во најголемите периоди од своето минато, ќе најде за себеси нов етички кодекс, општ за сите, изграден од толеранција, храброст и верба во Духот на луѓето.
Алберт Клод

Затоа што толеранцијата (и треба да го запомните ова кога ќе пораснете) е од многу неодамнешно потекло, па дури и луѓето од нашиот сопствен таканаречен „модерен свет“ се склони да бидат толерантни само за прашања кои не ги интересираат многу.
Хендрик ван Лун

Земја која ги толерира злите средства-лошите манири, етичките стандарди-за едно поколение ќе биде толку отруена што никогаш нема да има добар крај.
Синклер Луис

Знаеш, луѓето кои читаат многу се многу потолерантни од оние кои не сакаат да читаат.
Дејвид Балдачи

И двајцата се одликуваа со рамнодушност која се граничи со толеранција.
Даниел Глатауер

И добро и лошо е како луѓето можат да се научат да толерираат речиси сè, ако треба.
Гејл Ханимен

И приказните за херојството, како што се случило, секогаш сожителствуваат со приказните за човечките подлости, како човечката природа да не толерира пристрасност во една насока и изискува задолжителен баланс меѓу плус и минус.
Дарја Дезомбре

И природата толерира чудовишта. Затоа што тие се дел од Божествената промисла и преку нивната незамислива грозота се пројавува големата сила на Творецот.
Умберто Еко

И сега, фалејќи се со мојата толеранција, треба да признам дека оваа толеранција има граници.
Френсис Скот Фицџералд

Изживејте го животот во вистина и праведност, толерантни кон оние кои не се ниту вистинити, ниту праведни.
Марко Аврелиј

Има само два начина за борба на интелектуално поле: догматски и нетолерантен.
Алфонсо Рејес Очоа

Има само три збора со кои треба да живееш, синко: почит, внимание и толеранција.
Оливер Џеферс

Имајќи предвид дека луѓето се разликуваат по јазик, религија, етничка припадност, политички ставови, меѓусебната толеранција е единствената алтернатива на тиранијата и масовните убиства.
Џаред Дајмонд

Имам висока толеранција кон болка, но ниска толеранција кон непријатност.
Марија Семпл

Институцијата на кастата го илустрира духот на сеопфатна синтеза, карактеристичен за хиндуистичкиот ум со неговото верување во соработката на расите и соработката на културите. Колку и да изгледа парадоксално, системот на касти е плод на толеранција и доверба.
Сарвепали Радакришнан

Исламот е религија на толеранција и логика, а не религија на казнување.
Орхан Памук

Историјата толерира предаторски, сурови, цинични влади, но само кога тие се силни, сакаат да владеат, знаат како да владеат. Владите се „добри“, но немоќни, сурови, но паразитски, благородни, но бескорисни-не толерирај.
П.А. Сорокин

Историската професија никаде не е позната по својата толеранција, но нема многу земји во кои историчарите можат да очекуваат да платат за своите мислења со тешка работа или отпуштање.
Норман Дејвис

Истражувањето на непознатото изискува толерирање на несигурноста.
Брајан Грин

Јас сум агностик. Понекогаш длабоко размислувам за сили кои се невидливи за мене. Кога ќе се приближам до идејата за Бога, веднаш се чувствувам отуѓено од ужасите на овој свет што тој се чини дека ги толерира.
Станислав Улам

Јас сум многу толерантен човек, можам да го ислушам и мислењето на други луѓе.
Јарослав Хашек

Јас сум слободен, независно од тоа какви правила ме опкружуваат. Ако ги сметам за подносливи, ги толерирам; ако го сметам за премногу непријатни, ги прекршувам. Слободен сум затоа што знам дека само јас сум морално одговорен за сè што правам.
Роберт Хајнлајн

Како читател имам многу краток период на внимание и ниска толеранција за досада, и сметам дека тоа е корисно со моето пишување. Ако ми е здодевно да пишувам нешто, ги жалам луѓето кои потоа ќе се обидат да го прочитаат.
Џон Скалзи

Кога карактерот веќе не се толерира, туку само потчинетоста, вистината оди, а лагата иде.
Еден фон Хорват

Кога луѓето не разбираат дека да се чувствуваш непријатно е дел од процесот на постигнување, тие ја користат неудобноста како причина да не го прават тоа. Тие не го добиваат тоа што го сакаат. Треба да се научиме да ја толерираме неудобноста за да растеме.
Питер Мек Вилијамс

Кога создавате средина за поддршка на вашите цели, не заборавајте дека во животот го добивате она што го толерирате. Со други зборови, во животот ќе го добиете она што го прифаќате и очекувате, дека сте достојни.
Дарен Харди

Колку и да верувам во толеранција и праведност, никогаш не сум изгубил ни миг од сонот односно од тоа што не сум без жалење нетолерантен кон секој кој одбива да покаже почит кон луѓето околу себеси.
Роберт И. Сатон

Колку повеќе зависности имате, толку помалку сте способни да ја препознаете вистината за себе. Уметноста не е да ја барате вистината, туку да се научите да ја толерирате-за тоа станува збор.
Кони Палмен

Компромисот и толеранцијата се магични зборови. Ми требаа 40 години за да станам филозоф.
Хеди Ламар

Лекцијата за потпора е следната: претпоставете дека ќе се случи најлошиот можен резултат и се прашувате дали можете да го толерирате. Ако одговорот е не, намалете го заемот.
Едвард Оукли Торп

Лошата религија е арогантна, самобендисана, догматска и нетолерантна. Како и лошата наука. Но, за разлика од религиозните фундаменталисти, научните фундаменталисти не сфаќаат дека нивните мислења се засноваат на вера. Тие мислат дека ја знаат вистината.
Руперт Шелдрејк

Луѓето како татко ми проповедаат љубов, но се исполнети со омраза. Секој што ги загрозува нивните тесни верувања не може да биде толериран.
Бони Гармус

Луѓето кои живеат досадно, глупаво и нељубезно не поднесуваат друг живот-светол и чесен. Не толерирајте ги луѓето со директни мисли и отворени погледи.
Владислав Крапивин

Љубовта не е само толеранција. Тоа не е само далечно оценување. Тоа е топло чувство на „Уживам во фактот дека ти си ти“.
Том Рајт

Љубовта толерира и простува сè, но ништо не пропушта. Таа се радува на малку, но и бара сè.
Клајв Стејплс Луис

Метал фановите се исто толку сочувствителни, грижливи и толерантни, колку и секоја друга форма на музички фанови.
Роб Халфорд

Мирниот свет е свет во кој разликите се толерираат и не се елиминираат преку насилство.
Џон Фостер Далeс

Мислам дека луѓето се нетолерантни кон уметниците.
Дејвид Чејс

Мислам дека толерирањето на одреден степен на неуспех-не затоа што е добро за вас, туку зашто е неопходен дел од растeжот-е многу важен дел од посланието што раководството може да го даде.
Хауард Гарднер

Многу е пријатно да сте во блиски односи со човек кој ве познава цел живот и сè уште се однесува со вас толерантно. Не секој сопруг е способен за тоа.
Феј Велдон

Можеби некогаш светот можеше да го толерира начинот на кој ловевме, начинот на кој голотавме, но веќе не.
Шарлот Меконахи

Можеше да се толерира самотен маж од неговата класа да има љубовница, но жените требаше да се управуваат со многу построги правила.
Едвард Радерфорд

Можно е да се бориме со нетолеранцијата, глупоста и фанатизмот кога идат одделно. Кога ќе ги соберете сите три, веројатно е поразумно да се измолкнете, дури само за да го задржите здравиот разум.
П.Д. Џејмс

Мудри зборови на мудра жена-грижете се еден за друг! Збогум. Бидете толерантни кон слабостите. Доверувајте се еден на друг. А сепак-бидете сочувствителни и милостиви. Бракот е такво нешто…Не може без трпение и милосрдие.
Марија Метлицкаја

Мудриот одговор на нетолеранцијата не е повеќе нетолеранција или самопочит; тоа е обединување на идеолошкиот спектар од луѓе кои сакаат да ги направат демократиите поефективни.
Медлин Олбрајт

Мудроста е толеранција кон когнитивна дисонанца.
Роберт Терман

На предизвикувачките деца им исчезнуваат умеењата за флексибилност, адаптибилност, толеранција на фрустрации и решавање проблеми кои повеќето од нас ги земаат за даденост.
Рос Грин

Надежите на републиката не можат вечно да толерираат ниту незаслужена сиромаштија, ниту себично богатство.
Франклин Рузвелт

Најдоброто однесување кое треба да го примите е сочувствително трпение, кое треба да вклучува толеранција кон неуспех.
Габор Мате

Најправилно е да покажете толеранција во текот на животот и достоинствено да се соочите со смртта.
Ерик Франк Расел

Наречете ме социјалист или како сакате, сè додека се фатите за другиот крај на пилата со мене и да помагате да ги исечеме големите трупци на сиромаштијата и нетолерамцијата на парчиња.
Синклер Луис

Науката покажа дека некои спортисти имаат повисока толеранција кон болка и страдање, отколку други, и дека оние кои имаат повисока толеранција подобро ги поднесуваат овие сензации.
Мет Фицџералд

Научив дека многу често најнетолерантни и тесногради луѓе се оние кои си честитаат за нивната толеранција и отвореност.
Кристофер Хиченс

Научив молчење од зборлестите, толеранција од нетолерантните и добрина од недобронамерните; но чудно, јас сум неблагодарен кон овие учители.
Калил Џибран

Нашата заедничка сфера не е и не може да биде лишена од вредности-јас категорично ја отфрлам идејата дека религијата на некаков начин треба да се толерира, но не да се поттикнува во општествениот живот.
Гордон Браун

Нашата прекумерна толеранција во однос на самоубиството се должи на фактот дека состојбата на умот од која тој произлегува е општа, и ние не можеме да го осудиме без да се осудиме себеси; ние сме премногу наситени со него, но не делумно за да го оправдаме.
Емил Диркем

Нашата реакција кон другиот е тесно поврзана со нашата самодоверба. Само социјална политика заснована на почитување на достоинството на поединецот може да му помогне на просечниот граѓанин да биде поотворен кон идеите за толеранција.
Абиџит Банерџи

Нашето општество веќе не може да ја толерира грдотијата. Ја гледате во автомобилите, софите и жените. [Но] грдотијата има право на постоење.
Рем Колхас

Не беше злото што доведе до угнетување (ропство), колку неговата толеранција.
Мартин Ван Бурен

Не би можел да ти дозволам да престојуваш на место каде што се толерира толку лош правопис.
Сузан Енох

Не е секогаш лесно да се толерира поезијата; може да го одведе човекот во неочекувани насоки. Ми дадоа крилја, но каде е воздухот во кој да летам?
Џон Калман Стефансон

Не куди ништо што е човечко. Сè е добро, само не сегде, не секогаш и не за секого.
Новалис

Не можам да го поднесам женското кукање. Сите мажи, драг читателу, не ги толерираат женските врисоци. Така било од од незапаметени времиња.
Ден Симонс

Не можам да се сетам на поопасна позиција од тоа да се научиш да го толерираш злото за да се навикнеш на реалноста.
Сара Моли

Не може да се очекува дваесетите да ги толерираат шеесетите во сè, а шеесетите им се многу досадни со вечните љубовни врски на дваесетите.
Емили Кар

Не можеме да принудиме никого да биде она што не е. Ни треба толеранција, ни треба љубов. Ќе бидеме ли посреќни ако ги повредуваме другите?
Ерве Ле Телие

Не можеме да толерираме перспектива која е враќање назад и неразбирање на слободата на избор на жените. Жените имаат вредност. Жените имаат право да одлучуваат за сопствениот живот и за сопственото тело.
Камала Харис

Не поднесувам лоши манири кај згодна девојка.
Роалд Дал

Не се откажувајте од традиционалните вредности. Важно е да пројавувате почит и толеранција кон другите, но тие треба да ја покажат истата почит кон вашите вредности. Толеранцијата е двонасочна улица.
Роџер Ејлс

Не толерирајте присуство на внатрешни конфликти, стремете се кон хармонија.
Стив Павлина

Небото заборава или толерира-чека да се реформирате.
Алесандро Каљостро

Некаде треба да има добри бракови, но мене бракот ми се чинеше како луѓето да се толерираат еден со друг, да се трпат еден со друг затоа што се плашат да бидат сами или затоа што секој од нив бил навика што другиот не може да ја прекине.
Октавија Е. Батлер

Некогашните почитувани новински организации и искусни национални новинари дозволуваат грешки кои не се толерираат во новинарските училишта. Кога нивните грешки воопшто ќе бидат корегирани, тоа е со мало привидно жалење.
Шерил Аткисон

Некои луѓе сметаат дека имаат право да си дозволат многу, но не им се допаѓа кога други го следат нивниот пример. На крајот на краиштата, едно е кога те толерираат, а сосем друго е да се издржиш себеси.
Валерија Вербинина

Некултурниот човек е толерантен во секојдневјето, во секоја обична професија, но во готвењето без интелигенција ќе загинете.
Јарослав Хашек

Нема објаснување. Тие даваат премногу вулгарност. Љубовта не толерира објаснувања. Таа има потреба од дејствија.
Ерих Марија Ремарк

Нема такво нешто како празна мисла и дека сите ние сме премногу кавалерски и толерантни кон скитањето на нашите умови.
Пем Граут

Немојте да бидете нетолерантни кон она што сè уште не го разбирате. Според вашата вера, така ќе ви се направи.
Џон Софорик

Нетолеранцијата за почитување на туѓата религија е самата толеранција во споредба со нетолеранцијата кон туѓата уметност.
Валас Стивенс

Нетрпеливоста е недостиг на верба во сопствената ствар.
Карло Бини

Неуспехот обично се толерира од оној што се колеба.
Стивен Кинг

Ние не можеме да толерираме неутралност и добронамерност кон секоја можна форма на дискурс, вклучително и онаа на магичното мислење, како што не можеме да ги споиме џелатот и жртвата, доброто и злото.
Мишел Онфре

Ние, родителите, раѓаме ново поколение деца на овој свет, ние ги формираме нивните вредности, приоритети и однос кон светот и сме одговорни да ги научиме на љубов, добрина, сочувство-тие од нас се учат на меѓусебно разбирање, толеранција, емпатија и сочувство.
Малика Чопра

Ние сите зовриваме на различна температура.
Ралф Валдо Емерсон

Ние сме едно од најтолерантните општества во светот и за да останеме толерантни мојата партија смета дека треба да престанеме да бидеме толерантни кон луѓето кои се нетолерантни кон нас.
Герт Вилдерс

Никој нема да биде толерантен кон вашите лични неволји. Ако зборувате за нив, нема да можете да ги развеселите луѓето.
Дон ДеЛило

Никоја навистина авторитарна влада не може да ги толерира оние кои имаат реален апсолут со кој ќе ги судат нејзините произволни апсолути и кои зборуваат и дејствуваат според тој апсолут.
Џон Френсис Шефер

Ништо не може да биде попогрешно од духот на толерантниот дух кој во секое време ги карактеризира политичките партии.
Александар Хамилтон

Но, секој на свој начин беше засегнат од растечката нетолерантност кон неумерената нееднаквост, иницирајќи општествено осигурување за да се компензира личната неадекватност.
Тони Џад

Ова е ера на специјалисти, секој си го гледа својот проблем и не е на јасно или е нетолерантен кон поголемата рамка во која се вклопува.
Рејчел Карсон

Ова е многу различно од синџирот изграден со негување на издржливост: „Непријатноста се случува, непријатноста е местото каде што се учам. Не се плашам од непријатноста затоа што се научив да го толерирам во моето детство-затоа што мојот родител го толерираше во мене“.
Беки Кенеди

Ова е парадоксот на толеранцијата во нејзината чиста форма: до кој степен треба да ја трпиме толерантноста кон нестрпливоста спрема друг?
Славој Жижек

Од сите религии, христијанската, се разбира, треба да вдахновува најмногу толеранција, но досега христијаните биле најнетолерантните од сите луѓе.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Одете подалеку од толеранцијата кон прифаќањето.
Џоди Вилијамс

Одржливоста се состои во тоа да знаеме како да се обновиме, брзо да преминеме од црвената или сината зона во зелената: да го напуштиме хаосот или нестабилноста за да ја вратиме хармонијата во прозорецот на толеранцијата.
Даниел Сигел

Омразата, нетолерантноста, лошите хигиенски услови и насилството имаат корени во неписменоста, така што ние се обидуваме да направиме нешто за да им помогнеме на бедните и сиромашните.
Абдул Кадир Кан

Она што не можеш да го измениш, поднесувај го онакво какво што е.
Публилиј Сириј

Оние кои не се подготвени да демонстрираат толеранција, не можат да очекуваат или дури да бараат толеранција кон себеси.
Валтер Каспер

Отсекогаш сум се восхитувал на толеранцијата на моето семејство-знаете ли дека тие го толерираа моето несогласување за семејниот консензус.
Ехуд Олмерт

Охрабрувањето на толеранцијата и човечкото достоинство е еден од нерешените предизвици пред човештвото.
Ехуд Олмерт

Парадоксот на вистинската љубов е тоа што нашата способност да одржуваме интимност почива на нашата способност да ја толерираме осаменоста во врската.
Теренс Рил

Поддржувајќи ја поделбата на црквата и државата, Соединетите Држави ја избегнаа нетолеранцијата која така го подели останатиот светот со религиозни војни.
Бери Голдвотер

Подобро е да се трпи неправда, одошто да се прави.
Цицерон

Политичарите треба да размислат за добро документираниот факт дека исплашените, несигурните луѓе го губат чувството за толеранција и алтруизам.
Гај Стендинг

Понекогаш е полесно да се толерира измамата на оној што го сакате, отколку да ја чуете целата вистина од него.
Франсоа Ла Рошфуко

Понекогаш ни е најтешко да го толерираме сопствениот одраз во другите.
Лиу Цисин

Попустливоста стекнува пријател, а вистината омраза.
Теренциј

Попушти му на непријателот и ќе отидеш како победник.
Махатма Ганди

Порано имав повеќе толеранција кон овие погледи, но го губам трпението од она што го гледам. Тестот за секое нешто е плодот што го носи. Не гледам дека се раѓаат добри плодови.
Чарлс М. Шулц

Последното дејствие на баба ми на земјата беше призив за прошка, љубов и толеранција.
Шерман Алекси

Правете повеќе од она што го сакате, помалку од она што го толерирате и ништо од она што го мразите.
Џон Асараф

Практиката во науката ни кажува дека треба да го прифатиме духот на толеранцијата, инаку лесно можеме да паднеме во грешка.
Ален Бушар

Практично, според сите показатели либералниот меѓународен поредок го направи светот поздрав, побогат, помудар, побезбеден и потолерантен, отколку што некогаш бил.
Ентони Блинкен

Предолго бевме пасивно толерантно општество кое на нашите граѓани им порачуваше: додека го почитувате законот, ќе ве оставиме на мира.
Дејвид Камерон

Претполагам дека по иронија на судбината тајната да се стане светска „хиперсила“ е толеранцијата. Ако ја погледнете историјата, ќе видите дека големите сили се многу толерантни во своето издигнување до светска доминација.
Ејми Чуа

Признавањето на геноцидот е триумф на човечката совест и справедливост над нетолеранцијата и омразата.
Серж Саркисјан

Природата не ја толерира празнината и бидејќи првобитната природа на Вселената е добра, тогаш празнината е секогаш исполнета со добро. Ете затоа еден од најбрзите начини да донесете просперитет во вашиот живот е да создадете празнина.
Ренди Гејџ

Природата не толерира крајности. Во текот на последните милиони милиони години човештвото се распространи премногу.
Торнтон Вајлдер

Прифаќањето, толеранцијата и простувањето се лекции кои го менуваат животот.
Џесика Ланг

Проблемот е што целата наша култура се карактеризира со ниска толеранција кон грешки. Тоа тера некои луѓе да развијат опсесивно-компулсивно растројство (ОКР) како резултат на постојан страв да не направат нешто погрешно-особено на работа.
Сенди Ман

Просветлувањето ја напаѓа религијата-христијанството, главно-поради две причини: дека е тоа збир на идеолошки заблуди и дека е систем на институционална потчинетост, со огромна моќ на прогон и нетолеранција.
Тарик Али

Работата во универзитетот е дека сте прилично толерантни кон младите луѓе кои кажуваат нешта кои не би требало да ги кажуваат.
Мери Бирд

Работниците, фармерите и луѓето од малиот бизнис нема долго да толерираат модел на економска организација при кој тие се подложени на периодични драматични колебања во нивните секојдневни економски околности.
Карл Полањи

Раздорот е големата болест на човештвото; и толеранцијата е единствениот лек за тоа.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Реалниот живот не толерира таков вишок на детали. Ѓаволот е во деталите.
Семјуел Бекет

Резултатот од тоа што стануваме толерантни кон гревот е дека стануваме нетолерантни кон Бога и Неговото Слово.
Русас Џон Рашдуни

Самиот термин „толеранција“ претполага дека сте опкружени со другите кои треба да ги толерирате, како да сте носител на повисока култура која никогаш не се поставува себеси под сомнение.
Владимир Каминер

Само незнаењето прифаќа, а рамнодушноста го толерира царувањето на просечноста.
Хозе де Аленкар

Само човечкиот мозок може умислено да ги менува перцепциите, да ги менува моделите, да измислува концепции и да толерира нејаснотии.
Едвард де Боно

Самосовладувањето е поврзано со свесноста, толеранција и недозволување на вашите природни тенденции да го ограничуваат вашиот потенцијал.
Скот Белски

Секогаш кога толерирате просечност кај другите, тоа ја увеличува вашата просечност. Важен атрибут кај успешните луѓе е нивното нетрпение спрема негативно мислење и негативно дејствување на луѓето.
Колин Пауел

Секој Американец, секој љубител на слободата, секој добронамерник на своето потомство нека се заколне во крвта на Револуцијата, никогаш ни најмалку да не ги прекршува законите на земјата; и никогаш да не го толерира нивното прекршување од други.
Абрахам Линколн

Секој поединец е биолошки единствен и различен од другите. И затоа слободата е големо богатство, толеранцијата најважна добродетел, а воведувањето целосна еднообразност-голема несреќа.
Олдос Хаксли

Секој човек и секој народ по едно или друго време станува слаб. Затоа никој не треба да го толерира прогонството, камо ли истребувањето како преседан.
Франц Верфел

Секој што е стабилен во својата решеност за напредна фаза на духовна реализација и може еднакво да ги толерира нападите на неволја и среќа, сигурно е човек кој има право на ослободување.
Бхактиведанта Свами Прабхупада

Се разбира, откога белите луѓе се појавија и го донесоа со себе своето христијанство и нивните стравови од ексцентричност, Индијанците постепено ја изгубија сета своја толеранција.
Шерман Алекси

Се чини дека вистината е прогресивно приближување, при кое релативниот дел од нашата спонтано толерирана преостаната грешка постојано се намалува.
Бакминстер Фулер

Се чудам зошто сè уште ме сакаат и зошто не можам да ги сакам и како двајца нормални стабилни луѓе можеле да создадат нешто како мене, да живеат со нешто како мене и да толерираат нешто како мене.
Џејмс Фреј

Сè што ми треба од една религија е да бидам толерантен кон оние кои не се согласни со неа.
Роџер Еберт

Сè што се прави од чисто срце може да биде толерирано.
Оливие Бурдо

Силата и толеранцијата одат заедно.
Калил Џибран

Силна сум, да. Но, да си силен не значи никогаш да не бидеш повредена. Тоа значи дека имате висока толеранција кон болка. Не сум доволно глупава за да ја засилам.
Л.Џ. Шен

Сите ние имаме различни потреби за храна, витамини, одмор, упразнувања, толеранција спрема стресот или способност да се справиме со токсините.
Марк Хајман

Слободата го вклучува правото да го кажуваш она на што другите можат да приговараат и да негодуваат…Суштината на граѓанството е да бидеме толерантни кон силните и провокативни зборови.
Џон Дифенбејкер

Слободата се претвора во стока чија достапност, парадоксално, го држи општеството под контрола. Се чини дека заканата од загуба ни дозволува да го толерираме неговото наметнување.
Анджеј Стасјук

Смртната казна може да биде толерирана само од крајни етатистички реакционери кои бараат држава која е толку моќна што го има правото да убива.
Ноам Чомски

Смртта на мојот сопруг го промени мојот карактер. Чувствувам дека е невозможно веќе да бидам молчалива и толерантна. Невозможно е да бидеш секогаш роб.
Розмари Саливан

Со активирање на експанзивно, толерантно и творечко размислување, позитивните чувства ги увеличуваат максимално социјалните, интелектуалните и физичките придобивки што ќе се насоберат.
Мартин Селигман

Современиот тероризам е премногу деструктивен за да биде толериран, уште помалку поддржуван.
Ричард Хас

Созреав. Имам многу повисока толеранција кон здодевноста.
Том Перота

Соочен сум со имиџот на европската елита како толерантен, додека под нос жените им живеат како робови.
Ајан Хирси Али

Сопствениците не се земјоделци; тоа е злоупотреба на термините што била толерирана премногу долго.
Ричард Кобден

Според максимите на универзалната толеранција, Римјаните заштитувале суеверие кое го презирале.
Едвард Гибон

Спротивно на она што можеби го мислите, вашата компанија ќе биде многу попродуктивна ако одбиете да ја толерирате конкуренцијата меѓу вашите вработени.
Алфи Кон

Срцевата болка е најлошото страдање. Му ја одзема на човекот рационалноста, логиката, предвидливоста и трпението. Прави сè убаво болно светло и го зголемува лошото со интензитет што е тешко да се толерира.
Хелена Хантинг

Срцето на мудроста е толеранцијата.
Стивен Ериксон

Станав потолерантен-се надевам дека тоа е признак на мудрост, а не на умор.
Џулија Хиберлин

Страотно достигнување! Се учам како да бидам толерантен кога ќе станам жртва на нечија духовна гордост.
Рајнхолд Нибур

Студентите се подготвени да толерираат секоја друга форма на некомпетентност кај инструкторот, но не и непријателство.
Херберт Сајмон

Таа беше доволно толерирана за да го сака грешникот и едновремено да го мрази гревот.
Хектор Манро

Тагата е матрицата од која извираат остроумноста и иронијата; тагата е непријатна и творечка, поради што потрошувачкото општество не може да ја толерира.
Џермејн Грир

Така, прифаќањето на себеси не значи самовосхитување или дури и самољубие во секој момент од нашиот живот, туку толеранција на сите наши емоции, вклучително оние што нè тераат да се чувствуваме непријатно.
Габор Мате

Таканаречениот антички режим се гордееше со својот континуитет и стабилност. Влегувањето на претприемачи и талентирани луѓе во нови професии би создало нестабилност и не се толерира.
Дарон Ацемоглу

Теоријата на портфолио, користена од повеќето финансиски специјалисти за планови, препорачува диверзификација со баланс на акции и облигации и парични средства соодветни за вашата толеранција на ризик.
Хари Марковиц

Тогаш ослободувачката толеранција би значела нестрпливост кон движењата оддесно и толерирање на движењата одлево.
Херберт Маркузе

Тој не ја толерира вулгарноста, вклучително вулгарната желба на никаков начин да не изгледа вулгарно.
Едвард Сент Обин

Тој почувствува една од оние таги што ги толерираме затоа што се појавуваат во среќни моменти.
Хуан Габриел Васкез

Тој рече: „Можно е да се бориме со нетолеранцијата, глупоста и фанатизмот кога доаѓаат одделно. Кога ќе ги соберете трите, веројатно е поразумно да се извлечете, дури само за да го задржите својот разум“.
П.Д. Џејмс

Тој се плашеше дека светската борба денес не е на комунизмот против фашизмот, туку на толеранцијата против фанатизмот проповедан еднакво од комунизмот и фашизмот.
Синклер Луис

Тој сè уште не поднесуваше снисходливо однесување кон себеси, бидејќи мачката не толерира вода.
Арчибалд Кронин

Толерантен е оној што истрајува во грешка и незнаење.
Марко Аврелиј

Толеранцијата води до фактот дека нема мистерија во односот на сопружниците.
Зелда Фицџералд

Толеранцијата е добра, но не во однос на нетолерантните.
Вилхелм Буш

Толеранцијата е многу тешка добродетел, за некои е потешко од хероизмот…Нашиот прв порив и дури последователен е омразата кон секој што не мисли како нас.
Жорж Леметр

Толеранцијата е најлошиот рев од сите, вклучително и толеранцијата кон хомосексуалците, феминистките и религиите кои не го следат Христос.
Џош Мекдауел

Толеранцијата значи да го поправаме нашиот ум, да ги поправаме нашите зборови и нашите дејствија на повисок принцип.
Радханат Свами

Толеранцијата и слободата се основите на една голема република.
Френк Лојд Рајт

Толеранцијата, како секој аспект на мирот, е засекогаш незавршена работа, никогаш незавршена и, ако сме толку интелигентни колку што сакаме да мислиме дека сме, никогаш не ја изоставуваме.
Октавија Е. Батлер

Толеранцијата кон нив (грешките) е особено важна во односите со децата. Треба активно да ги охрабрувате да пробуваат нови работи и да прават грешки-престанете да им ги пишувате домашните, да им помагате со проекти или да ги обучувате за испити и тестови.
Санди Ман

Толеранцијата му дава на секое друго човечко суштество секое право што го претендирате за себеси.
Роберт Ингерсол

Толеранцијата на двосмисленоста е неопходен услов за творештво.
Марио Ливио

Толеранцијата на нетолеранцијата е малодушност.
Ајан Хирси Али

Толеранцијата на страдањето исто така подлежи на обука. Штом тркач ќе открие дека може да страда повеќе отколку што претполагал дека може, неговата перцепција за напорите се менува на траен начин.
Мет Фицџералд

Толеранцијата на фрустрација ни дозволува повеќе да уживаме во животот затоа што не губиме време да се јадосуваме за нешта кои не функционираат.
Рафаел Сантандреу

Толеранцијата не е само надмена, туку и опасна.
Владимир Каминер

Толеранцијата не значи недостаток на ангажираност кон сопствените убедувања. Таа поскоро го осудува угнетувањето и прогонството на другите.
Џон Кенеди

Толеранцијата расте само кога верата ја губи сигурноста; сигурноста е убиствена.
Вил Дјурант

Толерирањето на луѓето кои се разликуваат во убедувањата и навиките бара преостаната свест за сложеноста на вистината и можноста спротивставениот став да има некаква светлина врз еден или друг аспект на повеќеслојната вистина.
Рајнхолд Нибур

Треба да можете да го толерирате она што не е задолжително да ви се допаѓа, за да можете да бидете слободни.
Лари Флинт

Треба да почнеме да сме нетолерантни кон оние кои се нетолерантни кон нас. Тоа не е модерна логика, тоа не е крајност, тоа е здрав разум.
Герт Вилдерс

Треба да продолжиме да се трудиме да ги решаваме проблемите еден по еден, етапно, ако не врз основа на увереност и соработка, тогаш барем на взаемната толеранција и личен интерес.
Лестер Пирсон

Треба да сме толерантни кон луѓето кои се толерантни кон нас. Треба да сме нетолерантни кон луѓето кои се нетолерантни кон нас.
Герт Вилдерс

Треба да сме толерантни, праведни, отворени и да ги разбираме правата што ги имаат сите луѓе во нашето општество.
Руди Џулијани

Тренинзите со низок интензитет и обем развиваат толеранција на уморот поефективно од тренирањето со голема брзина. Долготрајните тренинзи со низок интензитет повеќе го уморуваат мозокот од интензивните краткотрајни тренинзи.
Мет Фицџералд

Тука сме за да научиме како да ги обожаваме свеста и сјајот, да ги предизвикуваме еден во друг и да толерираме ништо помалку од нашата најдлабока љубов.
Дејвид Деида

Успешните луѓе зборуваат зборови на вклучување, а не зборови на разделба, зборови на прифаќање наместо зборови на отфрлање и зборови на толеранција наместо зборови на предрасуди.
Џек Канфилд

Фрустрацијата е клучна составка за растежот. Детето кое никогаш не е разочарувано, никогаш не развива толеранција кон фрустрација.
Хенри Клауд

Хронично несигурните луѓе лесно го губат својот алтруизам, толеранција и почит кон несообразноста. Ако немаат алтернатива, тие можат да бидат принудени да ја предадат својата позиција на непознати меѓу нив.
Гај Стендинг

Хуманистичките знаења, култура и учење ја сочинуваат идеалната амнионска течност во која идеите за демократија, слобода, правда, секуларизам, еднаквост, право на критика, толеранција, солидарност, општото добро можат да претрпат енергичен развој.
Нучо Ордине

Цивилизацијата е префинетост на духот, почитување на ближниот, толеранција кон туѓото мислење, учтивост кон манирите.
Висенте Бласко Ибанез

Цивилизираното општество е она што ја толерира ексцентричноста до степен на сомнителна разумност.
Роберт Ли Фрост

Човекот го создаде Бог по свој лик: нетолерантен, сексистички, хомофобичен и насилен.
Мари де Франс

Човештвото може да толерира толку многу отфрлање.
Вилијам Бојд

Широката толеранција во однос на убедувањата е нужно дел од новата етика.
Лафкадио Херн

Што е „срце со големо трпение“? Како практичар, првото нешто што треба да можете да го направите е да не возвраќате кога ве тепаат или проколнуваат-треба да сте толерантни. Инаку, каков практичар ќе бидете?
Ли Хунгџи

Штом некој ќе почне да се сака себеси малку повеќе, тогаш тој може да ги сака и другите луѓе малку подобро. Штом го преодолее своето болно незадоволство од себеси, тој е помалку критичен и потолерантен кон другите.
Лес Гиблин