Потребно време за читање: 27 минути

174. Заблуда

Заблудата е поблиска и многу потешка од лагата. Тоа значи и дека човек полесно се ослободува од заблудата одошто од лагата.

И личната и колективната заблуда траат многу подолго од лажење на еден човек, еднакво на многу луѓе. Најпрвин затоа што на неа ѝ претходат заблудувањето и самозаблудувањето, та следствено и ослободувањето од нив е тешко и долготрајно. Згора на тоа, лажењето побрзо се открива.

Заблудата е за заблудување и самозаблудување? Е, доколку целта е однапред поставена, домислена, догледна, доколку се знае. Притоа, прво е самозаблудувањето. Заблудувањето иде веднаш по него.

Рекле, но треба да се дорече: политичарот најмногу посега по заблудување и самозаблудување. Доречувам: затоа што заблудата е суштествена за неговата политика. На секој политичар? Се разбира не, туку за оној што ја разбира политиката како личен интерес, користољубие, властољубие. За кого политиката не се темели на мудрост, туку на итроштина.     

Македонски народни пословици и изреки

Во мрачнина неживи заблудени.

Во самозаблудата лага најголема, најсилна и со најдлабоки траги.

Голем лажго се ​​лажи себеси за да му поверуваат.

Заблуда је кога сите луѓе се прикажуат како други.

Кој со право се надева, не се заблудуа.

Не чини кога надежта лесно преминува во самозаблудуање.

Никој не може сосем да се заблуди. Исто како што облаци не можат небото.

При големи заблуди борба, при големи вистини мир.

Често разумот се крие кај што и заблудата.

Пословици и изреки од народи на светот

Во хаос заблудувањето е најлесно. (Француска)

Иднината се предвидува без заблуди. (Норвешка)

Има луѓе кои секој ден се заблудуваат со обични и неважни нешта. (Романска)

Луѓето едновремено грешат и се заблудуваат. (Руска)

Меѓусебното залажување опстанува напоредно со самозалажувањето. (Хрватска)

Надминувај ги сопствените заблуди напоредно со менувањето на светот. (Германска)

Најлесно се заблудуваат политичарите. (Германска)

Оној што нема друго освен заблуди, ниту ги напуштаат, ниту ги надминуваат. (Индиска)

Патувањето каде било во суштина е заблудувачко бегство. (Португалска)

Со личен интерес кон заблудување. (Француска)

Со заблуди искривен поглед на светот. (Данска)

Човек секогаш кога може се труди да не биде заблуден. (Италијанска)

Латински изреки

Дека имаме многу време е најголема заблуда.

Заблуда е дека производ ќе се продаде на пазар само зашто е одличен.

Заблудата нема ништо долготрајно. (Simulatum nihil diuturnum.)

Не може без смелост да се признаат сопствени заблуди.

Не треба да се заблудува човек за негово добро.

Нема духовен напредок без чесност спрема себеси и самозаблудување.

Победи во животот без заблуди.

Човекот е бескрајно способен за самозаблудување.

Човекот е подготвен да биде малку заблуден за да остане обичен.

Човештвото скита за да ги открие и надмине своите заблуди.

Домисла, гесло, мисла водилка

Вљубен човек не е во заблуда.
Анонимус

Еден од универзалните закони на светот: се потчинуваат на заблудите на други безмозочни луѓе.
Анонимус

Заблудата нема цена.
Анонимус

Заблудувањето на луѓето е полесно од убедувањето дека се заблудени.
Анонимус

Личното право на заблудување е неприкосновено.
Анонимус

Можно е, дури е лесно да се самозаблуди умот.
Анонимус

Нема заблудување ако се слуша своето срце.
Анонимус

Отворен ум исчистен од мисли што заблудуваат.
Анонимус

Се случува заблуда да има среќен исход.
Анонимус

Честа заблуда е дека никогаш нема една идеја. Секогаш се многубројни.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако бев реалистичен и разумен човек, ако не бев на дваесет и една година и сè уште сум во заблуда, би рекол: Чекај.
Ејми Блум

Ако ги следите патиштата на светот, вашето срце ќе биде привлечено од неговите чувствени нечистотии и лесно ќе се заблуди; ако одите меѓу луѓето, вашите зборови ќе се раководат од одговорите на другите, а не од срцето.
Јошида Кенко

Ако еден човек не е способен без заблуда да го гледа злото во очи, нема да прозре што претставува тоа, ниту да се бори со него.
Бернард Шо

Ако има време да се разоткрие лагата и заблудата со дискусија, да се спречи злото со процесот на образование, лекот што треба да се приложи е повеќе говор, а не насилно молчење.
Луис Брандајс

Ако некој ме праша што постигнав, ќе кажам дека сè што сум постигнал е тоа што сум напишал неколку добри реченици. Се чував од заблуди.
Ерик Хофер

Ако некој се заблуди, тоа не значи дека не е на вистинскиот пат.
Ханс Бехман

Ако некој умре, за преживеаните е важно да биде некој непознат и далечен. Подобро е за самозаблудата.
Еуџенио Монтале

Ако оставите привременото олеснување, постигнато со средување на вашиот физички простор да ве заблуди, никогаш нема да ја препознаете неопходноста да го исчистите вашиот психолошки простор.
Мари Кондо

Ако сакате да го заблудите светот, кажете му ја вистината.
Ото фон Бизмарк

Ако сте постигнале нешто, тоа е најсигурниот доказ дека сте во заблуда. Следствено, да немаш значи да имаш, молчењето е гром, незнаењето е просветлување.
Д.Т. Сузуки

Ако Творецот е семоќен, како си го објаснуваш тоа дека тој секогаш се покажува бесмислен пред лицето на простото заблудување?
Жан-Кристоф Гранже

Ако ти се сметаш себеси за најпаметен и најлукав, секогаш ќе има некој кој ќе ти ја докаже заблудата на тоа погрешно сфаќање.
Алексеј Пехов

Ако фактите се упорни нешта, тогаш заблудите се двојно поупорни.
Луси Мод Монтгомери

Ако човек дава премногу точни одговори брзо, тој може да ве заблуди.
Линор Горалик

Без разлика колку сме збунети или заблудени во моментот, основната и суштинската природа на нашето битие е јасна и чиста.
Тубтен Јеше

Бесмислено е да жалиме за своите великодушни заблуди.
Хенри Џејмс

Би се откажале од обидот да заблудиме некого, дури и себеси.
Пола Меклејн

Бидете снисходливи спрема заблудите, а особено спрема заблудите на младоста.
Марсел Пруст

Благочестивите и пријатни визии исто така можат да нѐ доведат во заблуда.
Херман Хесе

Верата и заблудата се неразделни.
Александар Хемон

Верувам дека лагата и самозаблудата се главната причина за бавниот развој на општествените науки во однос на другите области на знаењето. Верувам дека самозаблудата е важен фактор што го попречува успехот на индивидуата.
Џон Брокман

Видете, и покрај благочестивите тврдења за обратното, голем дел од индустријализираниот свет сè уште не се помирил со признавањето на заблудата за она што го нарекувам синдром на силниот човек.
Воле Сојинка

Вие не можете да негирате дека расизмот е една од најголемите заблуди на нашиот век.
Ежен Јонеско

Визионерот се лаже самиот себеси; лажливецот други.
Фридрих Вилхелм Ниче

Вистината е само заблуда која постои со векови. А заблудата е вистина која постоела само една минута.
Карл Бјорн

Вистината е само збир од надгробни гласни натписи за грешките на одделни луѓе и заблудите на цели поколенија.
Андреј Упит

Вистината е судбина за малкумина, а заблудата е вообичаена и сеприсутна.
Балтазар Грацијан

Вистината се состои во тоа да го зборуваш она што го мислиш, дури и ако си во заблуда.
Балдасаре Кастиљоне

Вистинската величина е суверена мудрост. Ние никогаш не се заблудуваме од нашите добродетели.
Алфонс де Ламартин

Во војна секоја идеја за човекољубие-погубна заблуда, апсурд.
Карл фон Клаузевиц

Во наша моќ е не толку да се заштитиме од грешки, колку да не опстојуваме во заблуди.
Пјер Гасенди

Во очите на зависта, најдобрата репутација не е ништо поразлично од општествена заблуда.
Жан Батист Масијон

Во светот владеат каприци, заблуди и безумие.
Жорж Санд

Во спорот се раѓа колективната заблуда, а ние ја нарекуваме накратко вистина.
Евгениј Лукин

Вселената ќе соодветствува каква било вибрација да испуштате. И не можете да ја заблудите Вселената.
Џен Синсеро

Всушност, барањето на нешто важно и заблудата изгледаат исти некое време.
Пола Меклејн

Главната заблуда на човекот е неговото убедување дека има причини различни од неговата состојба на свеста.
Пем Граут

Големиот дух може да биде во заблуда исто како и малиот: првиот поради тоа што не ги познава границите, а вториот затоа што својот хоризонт го смета за цел свет.
Јохан Волфганг Гете

Големите луѓе ги научија малодушните да размислуваат, водејќи ги по патот на заблудата.
Лук де Клапиер Вовенарж

Гордоста нè заблудува дека сме автори на сопствениот живот.
Дејвид Брукс

Граѓанин на тоталитарна држава, несогласувајќи се со режимот, беше принуден да тргне по патот на самозаблудата, барајќи вратички и изговори. Но, на тој начин тој едноставно ја изгуби почитта кон себеси која толку се трудеше да ја сочува.
Бруно Бетелхајм

Да, ако нешто е моја лична заблуда, можете да мислите на различен начин, колку што сакате.
Глорија Му

Да ​​бидеш среќен, значи да бидеш засекогаш во состојба на човек кој умешно се заблудува.
Џонатан Свифт

Да ​​живееш во заблуда значи да живееш во удобноста на идеологијата.
Џон Ралстон Сол

Да заблудиш некого што ти верува, значи да влезеш во пекол кој може да те доведе до работ на лудоста.
Осаму Дазаи

Да сакаш или да се преправаш дека сакаш-која е според суштината разликата ако успееш да се заблудиш себеси?
Фредерик Бегбеде

Да се ​​заблудуваш е едноставно прекрасно, ако имаш време и расположение да се насладуваш на тоа чудо.
Мајкл Свонвик

Да се ​​сметаш себеси посреќен или понесреќен отколку во реалност,-вообичаена заблуда на младоста.
Готхолд Ефрем Лесинг

Да се ​​утешуваш со надежта значи да се заблудиш.
Едвард Кери

Дали преземаш мерки на претпазливост за да не се заблудуваш?
Јулија Гејлоф

Демонологијата е наука за заблудување на суштества надарени со разум.
Ерик Френк Расел

Децата не се заблудуваат. Тие знаат дека издвојуваме време за нештата што ги сакаме.
Џон Бредшоу

Добивањето втора шанса е најголемата човечка мечта и заблуда што ги имаме. Тоа дури ѝ претходи на религијата.
Питер Ф. Хамилтон

Додека теоретските знаења остануваат привилегија на грст „академици“ во партијата, последните ќе бидат исправени пред опасноста да се заблудуваат.
Роза Луксембург

Докажувањето на своите способности е можеби најопасна самозаблуда.
Фриц Перлс

Долгиот и трнлив пат кон вистината е подобар од тоа да живеете во заблуда.
Лоис Мекмастер Бујолд

Долго верувал дека еден џентлмен треба да се сврти кон огледалото со чувство на недоверба. За разлика од оружјата за самооткривање, огледалата обично се инструменти за самозазблуда.
Ејмер Таулс

Дури да можеме да продолжиме да ги заблудуваме другите, станува сè потешко да ја сокриеме вистината од себеси.
Матје Рикар

Дури и најдостојните понекогаш се заблудуваат.
Џојдип Рој-Батачарја

Дури и тогаш кога сите стручњаци се согласуваат, сепак можат да бидат во заблуда.
Бертранд Расел

Европски кошмар-заблудувачкиот мит за една крв, една раса, еден народ.
Џон Ралстон Сол

Егзистенцијалната основа на секоја заблуда е дека на човекот му се случува нешто што не му се случува.
Вадим Руднев

Единствената реалност што не заблудува и не лаже е смртта.
Болеслав Прус

Една лага може да заблуди некој друг, но таа ви ја кажува вистината: вие сте слаб.
Том Волф

Една од најголемите заблуди на обичниот човек е да заборави дека животот е заробеник на смртта.
Емил Сиоран

Една од најздравите заповеди за проучување на човечката заблуда е дека секое златно доба е или минато или се приближува.
Мајкл Шејбон

Една од најчудните појави е таа што се залажуваме дека од зависни луѓе можеме да очекуваме независно мислење.
Артуро Граф

Едно по друго бевме во заблуда: тоа беа најдобри времиња.
Јохан Волфганг Гете

Економијата е проследувана од повеќе заблуди од секое друго истражување познато на човекот.
Хенри Хазлит

Експерт е човек кој ги избегнува малите грешки додека се движи кон големата заблуда.
Стивен Вајнберг

Ете зошто љубовта беше толку опасна. Љубовта го претвори светот во градина, толку заблудена што е лесно да се заборави дека ливчињата од рози се толку ефемерни како чувствата; на крајот тие ќе свенат и ќе умрат, не оставајќи ништо друго освен трње.
Стефани Гарбер

Жедта на Магелан за слава, под превезот на религиозниот плам, го заблуди фатално.
Лоренс Бергрин

Жените му придаваат преголемо значење на еден восхитувачки поглед. А мажите се грижат да ја поддржат таа заблуда.
Џејн Остин

Живите луѓе чекаат и гледаат затоа што се заблудуваат дека имаат време. Мртвите луѓе гледаат и чекаат.
Марлон Џејмс

Животот е дим, обичен и едноставен; едноставно се заблудуваме дека е поинаку. Сè од што имаме потреба е еден добар порив и ние лебдиме и исчезнуваме, оставајќи ја зад себе само аромата на нашето преминување под формата на спомени.
Коди Мекфејден

Животот е пред сè хаос во кој ти си заблуден.
Хозе Ортега и Гасет

Животот е премногу краток за да нема ништо друго, освен заблуда за себеси.
Џин Симонс

За да бидеме, треба да си кажеме, а во таа приказна за себеси има многу приказна: се лажеме себеси, си вообразуваме, се заблудуваме.
Роза Монтеро

За да внесете во главата некакво количество вистина, од неа често треба да извадите такво количество заблуди.
Клод Адријан Хелвециј

За младоста е карактеристично да се заблудува.
Брена Јованоф

За разлика од возрасните, децата имаат мала потреба да се заблудуваат.
Јохан Волфганг Гете

Заблуда е да се мисли дека давајќи само материјални добра ќе го исполниме долгот кон децата и ќе ги израдуваме и нив и самите себе.
Олег Торсунов

Заблудата е недостаток на доволна свест, а не на крива свест.
Санкја јога

Заблудата е чудна, едни луѓе да имаат права да принудуваат други луѓе на она што тие го сметаат дека е добро за тие луѓе. На таа чудна заблуда се засноваат сите уредби на животот.
Лав Толстој

Заблудата за единствената кауза е толку древна, колку и опасна.
Ролф Добели

Заблудата мораме да ја сакаме и да ја негуваме: таа е мајка на спознавањето.
Фридрих Вилхелм Ниче

Заблудата се јавува кога нешто внатрешно почнува да се восприма како надворешно, кога човек извлекува внатрешен глас кој се восприма како реалност.
Вадим Руднев

Заблудата секогаш противречи на себеси, а вистината никогаш.
Клод Адријан Хелвециј

Заблудениот во љубовта не знае за снисходливост.
Пјер Корнеј

Заблуди ме еднаш, срам за тебе. Заблуди ме двапати, срам за моите допамински неврони.
Јона Лерер

Заблудите кои содржат во себе некаков дел вистина се најопасни.
Адам Смит

Заблудите на големите луѓе повеќе се ценат од вистините на малите.
Фридрих Вилхелм Ниче

Заблудите на големите умови се многу поучителни, отколку вистинските судови на ништожните умови.
Артуро Граф

Заблудите не ја поднесуваат јарката светлина на реалноста.
Барбара Шер

Заблудите понекогаш се пострашни од чумата.
Владимир Тендрјаков

Заблудување е и она што го знаат сите.
Галина Гончарова

Зарем не се заблудувате сакајќи спокојство во љубовта? Нели за љубовта нема лек-така ни велат старците.
Хафез

Зборот заблуда се користи кога луѓето не успеваат да применат логично правило кое е очигледно.
Даниел Канеман

Зграда изградена врз самозаблуда порано или подоцна ќе се урне, закопувајќи под урнатините животи; ако не на градителот, тогаш на неговите деца.
Алис Милер

Здравиот ум не треба да е виновен за логичка заблуда, но и покрај тоа има многу фини умови неспособни да следат математички демонстрации.
Анри Поенкаре

Земја која не знае да чита и пишува е лесно да се заблуди.
Че Гевара

Злото, кое прима форма на најчесто среќавани нешта, понекогаш нè води во заблуда.
Донато Карици

Зошто на човекот да му се руши саканата и нештетна заблуда ако тој, живеејќи со неа, е посреќен отколку со вистина?
Јоже Менцингер

Зошто најмоќни од сите се покажуваат имено желбите што почиваат на заблуди?
Криста Волф

Ѕвездите, кои природата ги обеси на небото и ги наполни нејзините светилници со вечно масло, им даваат соодветна светлина на заблудените и самотни патници.
Џон Милтон

И воопшто, што е толку добро дело? Не дозволувај да се заблудиш-секое добро дело се прави за да добиеш нешто во замена.
Труман Капот

И додека мечтата им припаѓа на сите, заблудата им припаѓа само на поетите.
Висенте Видобро

И знаете, тоа не е лесна задача-да ги заблудувате луѓето. И за жал, заблудата секогаш се открива.
Александар Волков

И кога еден воин ќе каже „Јас сакам“, тој треба да си ја отвори душата со остро сечило за да разбере: тоа ли го сака тој или тоа го сакаат неговите заблуди?
Луис Ривера

И колку често примаме за убедување измама или заблуда на разумот.
Михаил Јурјевич Лермонтов

И нема ништо поедноставно од тоа да се заблудиш себеси.
Валентин Распутин

И сепак е изненадувачки што, заблудувајќи се еден со друг, никој од луѓето, како што гледате, не се измачува од тоа-како да не ја забележале измамата.
Осаму Дазаи

И така, основниот принцип е да не се заблудувате. И најлесно е да се заблудите. Тука треба да бидете многу внимателни. И ако не се заблудувате, ќе ви биде лесно да не заблудувате други учени. Потребна е само едноставна чесност.
Ричард Фајнман

Иднината знае што сакаме, освен ако на патот нема нешто поголемо што ќе нè заблуди.
Стефани Гарбер

Извор на секоја заблуда во животот е недостатокот на памет.
Ото Вајнингер

Изгледаше како човек пристрасен кон поправање на заблудени луѓе.
Мајкл Шејбон

Измамата, ако многу луѓе ѝ подлегнат, станува несвесна или поточно престанува да биде измама и се претвора во недоразбирање. Во овој случај никој намерно не доведува во заблуда; секој изневерува невино.
Џозеф-Ернест Ренан

Илјадници патишта водат кон заблуда, кон вистината-само еден.
Жан-Жак Русо

Има видливи заблуди како во време, така и во простор.
Марсел Пруст

Има голема разлика меѓу интелигенцијата и мудроста. Мнозина се заблудуваат дека се нешто исто, но не се. Сум видел интелигентни сериски убијци, но никогаш не сум видел мудар.
Тимоти Ферис

Има голема разлика меѓу она што го зборуваш за да заблудуваш и да молчиш за да бидеш непробоен.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Има зборови за заблуда на другите, како „рационален“. И други, како „дијалектика“, за самозалажување.
Николас Гомез-Давила

Има и такви кои се обвиткуваат со знамиња и трубат со лимена труба на патриотизам како средство за заблуда на народот.
Џорџ Галовеј

Има многу начини да го заблудите сопственото срце.
Кристофер Гортнер

Има многу чекори од чиста и едноставна фантастика до неволна заблуда.
Марк Блок

Има приказни кои всушност стануваат просто бајки. Заблуди.
Сузан Хил

Искусниот фокусирач се стреми да го натера во заблуда разумот на гледачот, а не неговиот вид.
Џефри Дивер

Историјата во создавањето барем на лично ниво е речиси исклучително патетична. Луѓето страдаат и умираат во незнаење и заблуда.
Чарлс Фрејзер

Историјата го исполнува само своето вообичаено дело: да создава и распространува во текот на многу години заблуди.
Густав Лебон

Јас не сум полицаец. Јас сум само уметник за тетоважи. Јас сум само човек кој претходно беше вљубен во девојка. Јас сум само глупак кој бил заблуден премногу пати претходно. Јас сум само човек кој најнакрај се одмаздува.
Карина Хали

Јас сум без илузии; што би направил Сенатот со мене, неискусен законодавец кој нема способност за самозаблуда, суштествен услов за желбата да ги раководи другите?
Џузепе Томази ди Лампедуза

Јас сум голем поддржувач на жените. Но не сум приврзаник на либерализмот. Феминизмот е она на што се спротивставувам. Феминизмот ги доведе жените во заблуда. Го сакам женското движење, особено одењето зад него.
Раш Лимбо

Јас сум ентузијастички Европеец и моето искуство од прва рака за војна и омраза го зајакна тоа убедување. Видов како заблудените еднострани националистички идентитети донесоа разурнувања и смрт. Сепак, јас сум и граѓанин на светот.
Клаус Шваб

Како заклучок предупредив дека почитувањето на разумот што понекогаш се среќава во филозофските и научните средини е заблуда. Тоа е пример за верување во нешто што не постои.
Џонатан Хајд

Како општествено добро, мислам дека приватноста е многу преценета бидејќи приватноста во основа значи криење. Луѓето кријат работи за да заблудат други за нив. Тие сакаат да изгледаат поздрави отколку што се, попаметни, почесни и така натаму.
Ричард Поснер

Како правило, изворот на нашата тага се нашите заблуди.
Жан Батист Масијон

Капацитетот на човекот за самозаблуда е безграничен, а ефектите од верата се огромни.
Мајкл Шермер

Кога го ангажирате научниот метод со религиозни тврдења, вие правите логична заблуда.
Френсис Колинс

Кога една неука толпа се обидува да формира свое сопствено мислење за нештата, многу е лесно да се заблуди.
Натаниел Хоторн

Кога импровизираш, невозможно е да се заблудиш.
Пети Смит

Кога мртвите заминаа, тие однесоа секакви заблуди, во кои би можеле да ни дозволат да веруваме додека беа живи; ние кои сме изоставени треба да започнеме поинаков живот бидејќи мртвите веќе не се тука за да ни помогнат да се заблудиме.
Јун Ли

Кога некој се срами од себеси, дали ќе сака да знае за подвизите на другите, зашто треба да слуша отворена и искрена приказна од некој што ќе ги заблуди?
Ричард Адамс

Кога правилата на играта се нејасни во животот, се појавуваат заблуди, разочарувања и чувство на неправда. Едно од најважните животни правила  вели: колку даваш, толку добиваш.
Џон Бејнс

Кога сме изгубени во заблуда, тешко е да ги видиме дури и најочигледните вистини.
Џек Корнфилд

Кога сте ослободени од заблуда, можете да уживате во илузијата. Уживајте во мечтата, но уживајте во мечтата да бидете слободни.
Муџи

Кога човек ќе му каже на друг дека му се доверува, тој се ангажира да не ја заблуди неговата доверба.
Ерве Базен

Кој ги лаже другите, нека не се жали ако го заблудат.
Џамбатиста Базиле

Колку долго можеш да се заблудуваш за целта на твојот живот, ако всушност не го правиш она што те определува?
Рејчел Капелке-Дејл

Колку е поголем бројот на луѓето, толку полесно се заблудуваат дека тоа што го прават треба да биде паметно.
Мајкл Луис

Колку луѓе ме нарекуваа фантазер, како нашиот заблуден кусоглед свет се смееше над моите идеи. Времето ќе ни суди.
Никола Тесла

Колку повеќе човек е занесен во таканаречената филозофија, толку се поголеми заблудата и слепилото.
Емануел Сведенборг

Колку способност има да се познаваат нештата,  толку патишта има кон заблудата.
Александар Николаевич Радишчев

Колку стануваме заблудени кога ќе почнеме да веруваме дека сè на светот е за нас. Колку напорно работиме за да ги направиме нештата да одговараат на нашите измислени теории. Колку слепо ги следиме насобраните емоции, добрите, лошите и грдите.
Лејла Атар

Колку често се заблудуваме верувајќи дека знаеме сè за темата, нудејќи факти и давајќи логични аргументи.
Џон Кехо

Компјутерот би заслужил да се нарече интелигентен, ако можеше да го заблуди човекот да поверува дека е човек.
Алан Тјуринг

Кралевите не лажат. Тие бараат светот да се заблудува.
Р. Скот Бекер

Луѓето во ништо не се заблудуваат толку често, како во оценката на сопствената приврзаност.
Џејн Остин

Лесно е да ве заблудат кога вашата личност е целосно создадена од измама.
Ендрју Фукуда

Луѓето кои цврсто веруваат дека имаат силна волја и ја контролираат сопствената судбина, неизбежно учествуваат во самозаблуда-тоа ја потхранува нивната увереност.
Џејмс Болдвин

Луѓето не се заблудуваат за последиците од своите дејствија; луѓето се обвинуваат себеси за леснотијата со која можат да живеат со последиците.
Џон Едвард Вилијамс

Луѓето обично мислат дека е подобро да се заблудуваат во толпата, отколку сами да ја следат вистината.
Клод Адријан Хелвециј

Луѓето се заблудуваат дека настаните во кои учествуваат се од особено значење за историјата, но тоа е ретко така. Една империја е иста како друга.
Пол С. Кемп

Луѓето се менуваат и забораваат да им кажат за тоа на другите. Тоа е лошо и ги доведува другите во заблуда.
Лилијан Хелман

Љубовта е заблуда дека една жена е различна од друга.
Хенри Менкен

Љубовта кон татковината никогаш не заблудува: единствениот брег за неа беше оној што е најблиску до домот.
Ернест Томпсон Ситон

Малкумина заблудуваат така, како спомените.
Карлос Сафон

Масовната заблуда е единственото нешто што ги одржува луѓето нормални.
Кристофер Хиченс

Медицината е една од најголемите заблуди на човештвото.
Молиер

Меѓутоа, ако идеалистот не може да се издигне до врвот на сопствените принципи, тогаш вистината станува ништо пред лицето на самозаблудата и тие принципи се обезвреднуваат.
Р.А. Салваторе

Мислам дека ако ги заблудував луѓето повеќе од 35 години, веќе ќе бев фатен како ги заблудувам.
Бени Хин

Мислам дека донекаде мултитаскингот е начин да се заблудиме дека сме исклучително ефективни.
Џејмс Суровиецки

Мислам дека најголемиот проблем на луѓето е наивната заблуда дека се попаметни или поитри од другите.
Сергеј Минаев

Младост-заблуда, зрелост-борба, старост-сожалување.
Бенџамин Дизраели

Младоста нè заблудува да мислиме дека има бескрајни патишта за избор во животот; зрелоста нè доведува во заблуда да мислиме дека постои само еден.
Алис Фини

Многу заблуди настанале од вистини кои луѓето ги злоупотребуваат.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Многу од најчестите заблуди во економското размислување доаѓаат од склоноста, особено означена денес, да се размислува апстрактно-колективитетот, „нацијата“-и да ги забораваме или пренебрегнуваме луѓето што ја сочинуваат и ѝ даваат смисла.
Хенри Хазлит

Мнозина писатели се нашле во тешка положба, без да имаат темелна основа како што е животното искуство. Да мислиш дека прво можеш да пишуваш, а потоа да живееш е заблуда.
Џастин Гордер

Може да измислите технологија која е просто брилијантна, но се обложувам дека луѓето само ќе се заблудуваат со неа.
Рид Кинг

Може да испадне дека и големите филозофи се заблудуваат.
Жак Маритен

Може да мислите дека можете да му се доверите на некој, но не можете. Луѓето лажат. Тие заблудуваат.
Синтија Идн

Може ли некој да си претстави колку вешто луѓето го заблудуваат сопственото срце?
Јукио Мишима

Можеби, иако разбрав многу за измамите, сепак ја потценив способноста на луѓето да се самозаблудуваат кога им одговара.
Кристин Терел

Можеби грешите, можете да опстојувате во заблуди, ве молам. Сепак, одбивам да трпам човек кој дури не се труди да постигне нешто.
Вилијам Бојд

Можеби заблудата на младите се крие во ова: тие се сметаат за поумни од своите родители.
Дејвид Николс

Можеби науката е просто магија со заблуди за недостиг на величие.
Питер Дејвид

Можеби тоа е вистинската дефиниција за прагматизмот-способноста да се заблудуваш и така да им свртиш грб на принципите, законите или обичаите, ако застанат на патот на она што го сакаш.
Џулијан Ратбоун

Можеме толку да се обвиткаме со сопствените заблуди, што да ја пропуштиме едноставната убавина на вистината.
Деб Калети

Можете да заблудите премногу од луѓето во премногу од времето.
Џејмс Турбер

Можеш да ги победиш твоите противници само ако си способен да мислиш како нив. Во спротивно ќе се заблудиш.
Џулија Наваро

Можеш да заблудиш дел од луѓето цело време, сите луѓе во дел од времето, но не можеш да ги заблудиш сите луѓе цело време.
Абрахам Линколн

Мозокот на семејството на мравките е самото семејство. Мозокот на пчелниот рој е самиот рој. И ние ги следиме општите заблуди и лудоста на толпата.
Едгар Лоренс Доктору

Мудрите молчат, глупавите говорат, а децата се заблудуваат.
Алџернон Блеквуд

На крајот на краиштата, сега живеам не во нашиот разумен свет, туку во древниот, заблуден, во светот на корените од минус-единици.
Евгениј Замјатин

На луѓето во светот не им се допаѓа искреноста која ги разбива нивните заблуди.
Парамаханса Јогананда

На многу начини ние се заблудуваме и елементарната поделба на добри и лоши ни изгледа премногу едноставна.
Станислав Лем

На почетокот беше лага, после силна заблуда и на крајот целосна лудост.
Артур Велсли

Надворешниот изглед е една од најзаблудувачките човечки квалитети.
Џон Бојн

Надежта беше светлината што му овозможи на човекот да надвладее во најлошите состојби. Но, исто така може да стане дрога на самозаблудувачите и наивните.
Џејмс Ли Бурк

Најголем грев е да се наречеш грешник. Ти си Божјо дете. Иако златото е прекриено со кал со векови, тоа останува злато. Така и чистото „злато“ на душата може со векови да биде покриено со калта на заблудата, но во својата вистинска природа останува засекогаш неизвалкано.
Парамаханса Јогананда

Најголемата заблуда што луѓето ја имаат за книжевниот живот е неговата романтика. Дека еден писател има достапен голем свет на расположение за него, за луѓе, за идеи, за преживувања, за размена на идеи.
Волтер Мозли

Најголемата научна заблуда од сите е дека науката веќе ги знае одговорите. Деталите допрва треба да се разработат, но во принцип главните прашања се решени.
Руперт Шелдрејк

Најголемата образовна догма е и нејзината најголема заблуда: верувањето дека она што треба да се научи нужно може да биде научено.
Сидни Харис

Најголемата пречка за задоволството не е болката; тоа е заблудата.
Стивен Гринблат

Најголемата самозаблуда е да си кажеш: „Само јас знам за тоа“.
Натаниел Брендон

Најголемиот непријател на знаењето не е заблудата, туку стагнацијата.
Хенри Бакл

Најгорчливата вистина е подобра од најпријатната заблуда.
Василиј Головачев

Најдобрите лажговци се оние кои ве заблудуваат, тврдејќи дека никогаш не лажат.
Адам Силвера

Најлесно човек може да се заблуди себеси.
Едвард Булвер-Литон

Најнакрај би се откажал од моите заблудувачки хипотези и би се вратил на мислењето за себе како човек на поконвенционални околности и да се вратам на математичките истражувања.
Џон Неш

Најчеста причина да се сопнуваме во заблудата за немоќта е дека се плашиме од она што другите луѓе би го направиле, рекле или почувствувале, ако требаше да дејствуваме како што сакаме.
Марта Бек

Напорите на лажливиот пат ги умножуваат заблудите.
Френсис Бејкон

Направивте легенди за нас. Но, тие не се целосно точни. И веројатно е предоцна да нè обвинувате нас за вашите заблуди.
Питер Ф. Хамилтон

Нас треба да нè заблудат за да ја стекнат нашата доверба.
Мечислав Шарган

Науката е едноставно здрав разум во најдобар случај; строго точен во набљудувањето и беспоштедно спрема заблуда во логиката.
Томас Хаксли

Науката не може да даде ништо во замена на она што религијата го дала со заблудување на човекот. Науката му ја открива на човекот.
Василиј Сухомлински

Науката нè заблудува на три начини: претворајќи ги предлозите во норми, откривајќи ги своите резултати, а не своите методи и пренебрегнувајќи ги своите епистемолошки ограничувања.
Николас Гомез-Давила

Научна заблуда е верувањето дека науката веќе ја разбира природата на реалноста во принцип, оставајќи ги само деталите за пополнување.
Руперт Шелдрејк

Научниот метод всушност правилно ги користи најдиректните докази како најсигурни, затоа што на тој начин е најмалку веројатно да ве заблудат во последна улица и погрешно да ги разберете вашите податоци.
Обри Де Греј

Нашата колективна заблуда е дека преумората и прегреаноста се цената што треба да ја платиме за да успееме.
Аријана Хафингтон

Нашата смртност нè ужаснува затоа што она што навистина го бараме е бесмртноста-тоа на крајот на краиштата е заблуда.
Роџер Карас

Нашиот мозок е многу, многу добар во самозаблудување. Она што се случува е дека го ослободува хормонот на стрес кортизол во мозокот, што води до замаглено размислување, така што дури не можете ни да процените дали работите добро или не.
Даниел Левитин

Нашите лаги се толку совршени што дури и се заблудуваме-и веруваме во нив.
Мигел Руиз

Нашите можности за самозаблуда се навистина безгранични.
Џон Штајнбек

Нашите мозоци всушност не се дуплекси апартмани окупирани од непријателски соседи. А како го остваруваме сложениот чин на самозаблуда останува мистерија.
Кетрин Шулц

Не војувајте во името на Бога, не можете да го заблудите!
Хенрик Сенкјевич

Не дозволувајте мојот опуштен изглед да ве заблуди. Во мене има ѕвер кој е способен за ужаси кои не можете да си ги претставите.
Лариса Јон

Не е ли овој свет илузија? И сепак, тој ги заблудува сите.
Анџела Картер

Не е тешко да ги заблудиш луѓето кога не сакаат да ја знаат вистината.
Ким Рајт

Не можеме да знаеме што е заблуда, ако не ја знаеме непогрешливата вистина.
Чогјам Трунгла

Не можете да му се доверите на неприродното, лажното-тоа сигурно ќе ве заблуди.
Пола Меклејн

Не можеше да се заблуди. Секогаш ги гледаше нештата во очи и никогаш не се преправаше дека тоа што го гледа всушност не се случува.
Роуз Тримејн

Не сакајте никого додека не можете да се сакате себеси, бидејќи љубовта на друг е само празно ласкање и самозаблуда за оној кој не може да се прифати себеси без претензии.
Л.Е. Модесит Помладиот

Невиноста завршува кога човекот се лишува од заблудата дека си се допаѓа.
Џоан Дидион

Нејасната привлечност на срцето никогаш не се заблудува во неговите брзи тајни претчувства.
Александар Куприн

Нека никој не се заблудува: едноставноста може да се постигне само со напорна работа.
Кларис Лиспектор

Некои денови ќе те изедат жив. Тоа се ветувања кои ги давате за да се заблудите дека на крајот сè ќе се покаже правилно.
Илса Маден-Милс

Некои живеат во заблуда, некои од заблуда.
Влада Булатовиќ ВИБ

Некои луѓе мислат дека отворањето книга е нешто едноставно. Тие грешат. Малкумина луѓе разбираат дека книгата навистина може да те заблуди.
Скарлет Томас

Нема заблуда во која нема зрнце вистина.
Карло Доси

Нема на светот полоша лага од самозаблудата.
Чарлс Дикенс

Нема неподнослив, болен пекол како што е да ги заблудуваме луѓето цело време.
Осаму Дазај

Нема нештетни заблуди.
Артур Шопенхауер

Нема ниту еден добар човек кој не би ризикувал во своите заблуди. Но животот е поголем, посилен е од нашите заблуди и порано или подоцна нè води по патот.
Михаил Пришвин

Нема ништо полошо од тоа да бидеш пијан и во заблуда.
Брет Истон Елис

Нема ништо потажно и позаблудувачко од големо дело, бидејќи ништо толку јарко не ја открива немоќта на човекот да ја сфати сопствената големина и достоинството.
Морис Метерлинк

Нема сигурност на сопственоста кога деспотска власт може да ја поседува сопственоста на субјектот против негова согласност. Нема и таква сигурност кога согласноста е само номинална и заблудувачка.
Жан Батист Сеј

Нема таков човек кој не може да биде заробен или заблуден. Неопходно е само да го изберете најправилниот начин.
Василиј Јан

Немојте да мислите дека сте се родиле предоцна. Сите ја имаат таа заблуда. Секако не е така. Единствениот проблем е ако размислувате доцна.
Дијана Вриланд

Неповрзаните мисли изложени со помош на поврзан говор навистина можат лесно да нè заблудат дека се плодови на разумот.
Евгениј Лукин

Неправилните заблуди неизбежно произлегуваат од нашиот континуиран обид да го осмислиме светот.
Даниел Канеман

Неразделната љубов така се разликува од взаемната љубов, како заблудата од вистината.
Жорж Санд

Неспособноста на толпата да расудува им пречи да не се критични кон нешто, т.е. да ја разликуваат вистината од заблудата.
Густав Лебон

Не се заблудува тој што не знае, туку тој што вели дека знае.
Жан-Жак Русо

Не се заблудувајте, вие и јас остануваме цврсти, дури ако останатиот свет се разнесе.
Ребека Занети

Не се заблудувајте: молчаливите лудаци ја доближуваат иднината.
Габриел Гарсија Маркез

Не се заблудувајте: не можете да успеете без медиумска реклама.
Џеј Конрад Левинсон

Не се заблудувајте од сопствената мудрост.
Витолд Гомбрович

Не се заблудувајте од фатаморгани. Во повеќето случаи авансот на жените е измислица.
Вис Виталис

Не се заблудувајте: Правниот факултет не е бастион на интелектуалниот дискурс.
Такер Макс

Не се спротивставувам на оптимизмот, но се плашам од оној вид што доаѓа од самозаблудата.
Сидарт Мукерџи

Не сметајте никое мислечко суштество за свој непријател: да го правите тоа е само заблуда на вашиот ум.
Падмасамбхава

Ние војуваме поради различноста во заблудите.
Венедикт Ерофеев

Ние исто знаеме колку често е сурова вистината и се чудиме дали заблудата не е поутешителна.
Анри Поенкаре

Ние мажите често се заблудуваме кога ги оценуваме луѓето што ни се драги, но судиме разумно за оние што ги мразиме. Жените, напротив, ослепуваат од злоба, но љубовта ги прави проникливи.
Леонид Јузефович

Ние се заблудуваме… Им раскажуваме на други луѓе приказни за да се сокриеме од сопствената вистина.
Лорет Ен Вајт

Ние сме се научиле да кажеме дека сме задоволни од промените за да не се задавиме, ние се обидуваме да се заблудуваме велејќи дека промените нè прават среќни, а всушност тие воопшто не нè радуваат.
Ерланд Лу

Ние сме склони да се заблудуваме во лажлива сигурност од политички трикови дизајнирани да ласкаат, а не да поучуваат.
Џејмс Гарфилд

Ние честопати ја преценуваме усогласеноста со другите, верувајќи дека сите други мислат и чувствуваат исто како нас. Таа заблуда се нарекува ефект на лажен консензус.
Ролф Добели

Никогаш немојте да мислите дека постои совршено општество создадено од луѓе! Ако размислувате на тој начин, ќе го игнорирате непријателот! Не се заблудувајте од изгледот!
Еичиро Ода

Никогаш не сум можел да разберам зошто е толку лесно да се заблудуваат луѓето и толку комплицирано да им ја кажуваш вистината.
Моника Гутиерез

Никогаш не сум помислил дека е нужно да ги осудувам наивните заблуди, ако тие му даваат на човек малку радост.
Оливер Голдсмит

Никој не е премногу мудар за да се заблудува, но малкумина се толку мудри за да ги признаат и поправат своите грешки, а особено грешките на предрасудите.
Исак Бароу

Никој не ме заблудува, не давам втори шанси и никогаш не ронам солзи над луѓе кои не го заслужуваат тоа. Ги чувам за луѓето кои се.
Флечер Прат

Никој не може да ги знае точните добродетели, особено кога некои од пороците се до толкав степен блиски до добродетелите што лесно може да се заблудат според сличноста.
Пјер Абелар

Ништо не е позаблудувачко за младите на нацијата, отколку да се посочи резултатот веднаш по почетокот како ништо да не може да се случи меѓу нив.
Густав Штреземан

Ништо не е постојано и сите страдања се резултат на нашите заблуди за постојаност.
Октавија Е. Батлер

Ништо не е толку заразно, како заблудата подржана пд громки имиња.
Жорж Буфон

Ништо не го залажува другиот толку сигурно, како вашето највообичаено однесување.
Криста Волф

Ништо не може да принуди една мисла да се врати во стариот канал, ако еден ден губејќи го својот пат се заблуди и се затрча во сосема друга насока.
Решат Нури

Ништо не ранува повеќе. Тоа е нешто што води до заблуди.
Бритни Спирс

Ништо не сака човек толку, колку заблудата. Тие се неговиот леб.
Луис Ривера

Но, да можеш да ги заблудиш луѓето да мислат дека имаш карактер не е исто како дејствително да имаш карактер.
Трејси Волф

Но, зарем сите не сме се заблудувале во врска со нашите херои и не сме го промениле своето мислење стотици пати?
Вилијам Текери

Но, никој не е полесно да се заблуди од родителите; тие го гледаат само она што сакаат да го видат.
Карен Џој Фаулер

Нурнувајќи се во нашите заблуди, не наоѓаме бисери. Гадна празна школка-тоа е нашето минато, но сепак е подобро да се земе в рака и да се погледне, отколку едноставно да се згази.
Андреј Упит

Обидот да се заблудите себеси е разновидност на злоупотреба на сопствените сили.
Даниел Милман

Обидот да се редефинира семејството како чисто доброволна спогодба произлегува од модерната заблуда дека луѓето можат да ги држат сите свои можности отворени цело време.
Кристофер Лаш

Обожувам кога си во заблуда, но сега твојата глупост се граничи со суровост!
Марк Леви

Од некоја причина се верува дека луѓето стануваат попаметни со возраста, но судејќи според однесувањето на некои возрасни тоа е очигледно заблуда.
Филип Кер

Од ова искуство научив дека кога ќе се заблудиш, од темнината секогаш ќе излезе рака за помош.
Мари Бенедикт

Оние кои дозволуваат да бидат измамени, не се помалку порочни од оние што ги заблудуваат.
Том Робинс

Опасно е да земеш тигарче од тигрица, а од жена нејзината заблуда.
Артур Конан Дојл

Општеството сака да се заблудува од наметливото здравје.
Џон Д. Мекдоналд

Ослободувањето од заблуди нè прави помудри, отколку откривањето на вистината.
Карл Бјорн

Основната заблуда на човекот е неговата убеденост дека има причини различни од неговата сопствена состојба на свеста.
Пем Гроут

Основната заблуда на човештвото се вкорени во претпоставката дека јас сум тука, а ти-таму.
Јасутани Роши

Особено во биологијата имаме етикети за сè-молекули, анатомски делови, физиолошки функции, организми, идеи, хипотези. Номиналната заблуда е грешката да се мисли дека етикетата носи објаснувачка информација.
Џон Брокман

Особена современа заблуда е да си претставиме дека конечното решение на болеста е да се промени природата-т.е. гените-кога околината е често поподатлива.
Сидхарт Мукерџи

Откако ќе разберете нешто, веќе не можете да си го заблудите мозокот. Никогаш.
Џилијан Мекалистер

Очајот е најголемата од сите наши заблуди.
Лук де Вовенарж

Паметта е најпрекрасната од сите способности со кои природата го надарила човекот. Таа му дава најголема радост и болка и секогаш безмилосно го заблудува.
Патриша Хајсмит

Перверзните предрасуди изродија масовна заблуда која од своја страна дополнително ја искриви реалноста.
Котаро Исака

Песимизмот секогаш на крајот на краиштата се заблудува себеси.
Жак Маритен

Петелот го прославува дури и она утро кога заминува во шупа.
Станислав Јержи Лец

Повеќе од сè друго во животот ги цениме задоволствата и забавите кои ги заблудуваат и мамат нашите чувства.
Џонатан Свифт

Повеќето учени често се разликуваат од обичните смртници според способноста да се восхитуваат на многуслојни и сложени заблуди.
Анатол Франс

Под влијание на силно чувство лесно бидуваме заблудени. Страшливецот, под влијание на стравот, а вљубениот на љубовта, гледаат илузии. Како резултат на дребна прилика страшливецот мисли дека гледа непријател, а љубовникот-својата сакана.
Аристотел

Подобро жестока вистина, отколку удобна заблуда.
Едвард Пол Аби

Подобро неспокојство во сомнеж, отколку спокојство во заблуда.
Марина Серова

Подобро е да бидете заблудени од вашето неверување, отколку повторно да се удавите во заблуда.
Бентли Литл

Подобро е неспокојство во сомнежите, отколку успокојување во заблудите.
Алесандро Манцони

Поентата е да ја уништиш својата емпатија кон предметот на неговото или нејзиното исмејување преку дехуманизација. Тоа можеби не изгледа ништо страшно, но не се заблудувај: ти си изманипулиран да мразиш друг човек.
Артур К. Брукс

Полесни се заблудите на оние што веруваат, отколку вистините на оние што не веруваат.
Душан Радовиќ

Поминувањето на лесниот пат не е правилно. Треба да ги правите нештата правилно во животот за да ги постигнете најдобрите резултати. Луѓето кои ги сечат аглите само се заблудуваат.
Шинејд Морирати

Понекогаш нештата можат да те заблудат.
Сју Графтон

Првиот принцип е дека не треба да се заблудувате-и вие сте најлесниот човек за заблуда.
Џулија Галеф

Претпочитам да бидам радосно заблуден, отколку озлобен, негативен, и да кукам за дребни нешта што ги мачат негативните луѓе секој ден.
Вишен Лакиани

Претпочитам да продолжам да се заблудувам, барем уште малку.
Такер Макс

Признакот на глупоста не е толку незнаењето, колку склоноста кон самозаблуда.
Мортимер Адлер

Пријател е човек кој ги споделува вашите заблуди, стравови и суеверија.
Хенри Менкен

Примери за заблуда при планирање изобилуваат од искуството на луѓе, влади и компании. Списокот со приказни на ужасите е бескраен.
Даниел Канеман

Природата е секогаш во право-грешките и заблудите доаѓаат од луѓето.
Јохан Волфганг Гете

Причината заблудена од гордоста не ја признава мудроста што произлегува од тагата.
Ли Јеон

Пропагандата не ги заблудува луѓето; таа просто им помага да се заблудат.
Ерик Хофер

Простете ѝ ги на младоста нејзините заблуди. Има скитнички огнови кои на патникот му го покажуваат суштинскиот пат, имено оној на кој нема заскитани светлини.
Роберт Шуман

Публиката знае дека е заблудена. За тоа и плаќа.
Роберт Ирвин

Раѓање и смрт-што може да биде почудовишно од тоа? Сакаме да се заблудуваме и да го нарекуваме чудесно, убаво и величествено, но чудовишно е, да си признаеме.
Рохинтон Мистри

Разбирањето сосем не доаѓа без напор. Без напор доаѓаат само заблудите.
Александар Зиновјев

Рамнодушноста е дури полоша од заблудата.
Томас Харди

Реката на вистината протекува низ каналот на заблудите.
Рабиндранат Тагоре

Ризиците поврзани со потрагата по магија се-едноставно речено-или исплашеност од непријатни перцепции или заблуда. За жал, можно е да страдате од двата симптома во исто време.
Филип Кар-Гом

Родителите обично се сигурни дека многу добро ги познаваат своите деца, а времето само ја засилува таа нивна заблуда.
Теодор Драјзер

Само арогантно суштество како човекот верува дека може да заблуди друго умно суштество.
Мо Гаудат

Само глупак се обидува да ги заблуди паметните луѓе, а тој на кого му е нужно да ги заблуди глупаците самиот е глупак.
Вилијам Фокнер

Само горчливо искуство: љубовта е опасна заблуда, а сестра ѝ, се надевам, е измамничка химера.
Халед Хосеини

Само ни се чини дека можеме да го разликуваме внатрешното од надворешното и вистинското од измисленото. Оваа илузија е дел од нашата консензуална заблуда.
Вадим Руднев

Самозаблудата е корисна стратегија за поверување во приказните што си ги раскажуваме.
Ден Ариели

Самозаблудата е последната сламка за која можам да се фатам.
Јукио Мишима

Самозаблудата е постојан проблем додека напредуваме по духовниот пат. Егото секогаш се обидува да постигне духовност. Тоа е повеќе како да сакаш да станеш сведок на твојот сопствен погреб.
Чогјам Трунгпа

Самозаблудата е татко на измамата!
Себастијан Брант

Самоизмамата никогаш не работи, не ве доближува до она што го сакате затоа што заблудувајќи се себеси вие сепак знаете одлично дека е тоа измама.
Олег Рој

Самоубиството е дел од животот, тоа е дел од заблудата.
Рут Озеки

Се заблудив да мислам дека сум нешто важно за останатиот свет.
Нед Визини

Се надевам! Дека сè ќе биде во ред во последната секунда. И до ден денешен секогаш верувам во тоа, иако секогаш се заблудувам.
Ларш Соби Кристенсен

Сè беше премногу заблудувачко, премногу неверојатно за навистина да не се случи.
Фредрик Браун

Сè наоколу не е како што изгледа, далеку од тоа. Затоа не се заблудувајте, гледајте на светот со отворени очи, бидете на штрек, во ред?
Олег Рој

Сè уште никој не се заблудил следејќи го својот внатрешен глас.
Џон Кракауер

Сега, огледувајќи се назад, гледам дека дум бил во заблуда за Ева: подобро да живееш надвор од пределите на Рајот со неа, отколку без неа во Рајот.
Марк Твен

Секогаш е полесно да заблудите чист човек, отколку лош човек кој е способен да измами.
Едвард Бернард Рачински

Секогаш се случува: измамниците се првите глупаци. Секој лажливец смета дека може да го заблуди целиот свет, но всушност најлесно е да се заблуди себеси.
Исак Сингер

Секој културен човек смета дека е важен дел од светскиот поредок. Тоа е иста заблуда како суеверноста на неписмените луѓе.
Умберто Еко

Секој ум треба да го разбере тоа што е. Во спротивен случај, ќе падне во заблуда.
Тома Аквински

Секој човек греши, само неразумниот истрајува во својата заблуда.
Цицерон

Секој човек е потенцијален победник. Некои луѓе се маскираат како губитници. Не дозволувајте нивниот изглед да ве заблуди.
Спенсер Џонсон

Секој што верува дека вечното прашање за војната и мирот во Европа веќе не постои, ризикува длабоко да се заблуди.
Жан-Клод Јункер

Секоја заблуда е погубна, но кога страста ќе се измеша со неа, таа е двојно погубна.
Плутарх

Секоја заблуда си има своја сопствена школа, свој аудиториум. Но, на ниедна нема натрупано толку многу ѓубре како на концептот на војна.
Теодор Хипел

Секоја вистина е урамнотежена со заблудите.
Жорж Батај

Сите дела на историчарите можат да се препознаат како плод на целосна заблуда: тие си мислат дека го опишуваат минатото, а всушност се обидуваат да ја објаснат сегашноста.
Мајкл Брукс

Сите мои слабости и заблуди произлегуваат од мојата желба да бидам апсолутно слободен. Оваа лажлива слобода ме претвори во роб.
Исак Сингер

Сите ние имаме потреба од малку самозаблуда. Нè поминува низ мачните места.
Џон Ралстон Сол

Склоноста кон споредување е најголемата заблуда на машкиот дел од човештвото.
Ерланд Лу

Следствено, веќе не се заблудувам од механизмот на револуциите: тој е толку неопходен за нашиот вид, колку брановите за потокот да не се престори во застоен базен. Генијалноста на човештвото цути во непрестано обновуваната младост.
Јохан Готфрид Хердер

Слепата вера, која лежи во основата на религијата, е извор на заблуди, илузии, лаги.
Жан Мелиес

Слепите подобро ги познаваат нештата од светот, очите се заблудени лажговци.
Рамон Марија дел Вале-Инклан и де ла Пења

Слободната волја е заблуда; развратниот карактер на човекот е само уште една алатка за подржување на балансот во природата.
Артур Хејли

Сметам дека една од големите грешки и заблуди е да ја поставиш економијата главна на сè.
Станислав Говорухин

Смртта не може да биде заблудена.
Гијом Мусо

Со заблуда се гледате себеси како сноп од месо и коски, што во најдобар случај е гнездо на непријатности.
Парамаханса Јогананда

Со исклучок на бројките, нема ништо позаблудувачко од фактите.
Сидни Смит

Со искористувањето на технички уреди ние се заблудуваме во нешто суштествено.
Рајнхолд Меснер

Со радост разбра дека за да го насочи умот по патот на вистината, прво треба да го заблуди. Затоа што темнината доаѓа пред светлината.
Филип Солерс

Создадете заблуда. Утврдете сомнение. Нахранете ја паранојата.
Џон Каценбах

Сомнението е пат кон Вистината; кој не се сомнева не гледа, кој не гледа-не разбира, кој не разбира-останува слеп и во заблудите.
Ал-Газали

Специјалистот е тој што никогаш не прави мали грешки, додека се движи кон големата забалуда.
Маршал Меклуан

Спор: способност да го убедите противникот во своите заблуди.
Амброуз Бирс

Срцето изневерува како и разумот. Заблудите на срцето не се помалку кобни од заблудите на разумот.
Анатол Франс

Стареејќи, заблудата се шири, а вистината ослабува.
Станислав Лешчински

Стари луѓе-тие како деца се навредуваат кога сакаат да ги заблудат.
Џон Д. Мекдоналд

Сум слушнал многу луѓе да се самозалажуваат, но никогаш никого не заблудуваат.
Стив Мартин

Тоа да не е некаков метафоричен јазик заснован на древните културни заблуди, дека срцето се јавува како центар на емоциите?
Пендлтон Ворд

Тоа е една од особените нешта за лошото настроение-често се заблудуваме и создаваме страдање кажувајќи си нешта кои едноставно не се верни.
Дејвид Брнс

Тоа е истражување на тоа како човечкиот мозок е проектиран-со природен одбир-да нè заблуди, дури да нè пороби.
Роберт Рајт

Тоа е почетокот на мудроста, кога ќе признаеш дека си се заблудил.
Џон Брунер

Тоа не е љубовна приказна, туку само самозаблуда. Но, тоа може да се каже за сите љубовни приказни, во извесна смисла.
Мелиса де ла Круз

Тој може да изгледа како идиот и да зборува како идиот, но не дозволувајте тоа да ве заблуди. Тој навистина е идиот.
Граучо Маркс

Тој што се стреми  да ги заблуди другите, пред сè се самозалажува.
Дмитриј Лихачев

Тој што учи не размислувајќи е во заблуда. Тој што не размислува, не сакајќи да учи, се наоѓа во тешкотија.
Хонг Ѕихенг

Треба да имаме храброст и да се исправиме пред вистината, а не да се заблудуваме со глупави надежи.
Михаил Шолохов

Треба да научите да апстрахирате. Погледнете ја суштината на нештата, пазете се од површноста. Не дозволувајте да бидете измамени и не се заблудувајте.
Андреас Штајнхофел

Треба да се откажете од секаква површност, секаква условност, секаква суета и заблуда.
Густав Малер

Усната историја е рецепт за целосно претставување во заблуда, бидејќи речиси никој не ја кажува вистината, дури и кога вознемирува.
Нил Фергусон

Успешните луѓе сепак веруваат дека секогаш има врска меѓу она што го направиле и до каде стигнале-дури и кога исчезнува врската. Тоа е заблуда, но исто така дава сила.
Маршал Голдсмит

Утврдив дека отфрлањето може да биде единствениот противотров за заблудата.
Отеса Мошфег

Фантазијата на жената е заблуда и лага, фантазијата на мажот како уметник или филозоф е највисоката вистина.
Ото Вајнингер

Фотографиите го заблудуваат времето, приковувајќи го лицето на парче картон каде душата лежи како на дланка.
Изабел Аљенде

Фундаментална заблуда: има нешто некаде таму што ќе ме прави среќен и исполнет засекогаш.
Ерик Јоргенсон

Хармоничниот и среќен човек секогаш го задржува присуството на својот дух и не дозволува страстите да го заблудат.
Мери Шели

Целата моја интелигенција и некој како него наполно ме заблудија.
Виктор Метос

Целосно заблуденото алиби за технолошкиот развој е дека континуираниот напредок и богатењето на богатите земји еден ден ќе доведе до полза на сиромашните земји.
Рафаел Ферлосио

Често заблудата е исто вистина која сепак сè уште не се знае дали ќе созрее.
Жил Ромен

Човек никогаш не треба да се срами од своите заблуди, односно од тоа дека денес е помудар отколку што бил вчера.
Џонатан Свифт

Човек се раѓа за да стане сирак и да ги заблудува другите.
Сол Белоу

Човек ќе се заблуди само кога ќе се концентрира премногу на својата цел.
Себастиен Де Кастел

Човекот е толку лошо устроен што му е најлесно да се заблуди самиот себе.
Олег Дивов

Човекот ја усвојува заблудата колку побрзо и подобро, толку повеќе другите луѓе споделуваат слични ставови.
Александар Панчин

Човечките суштества изгледа имаат речиси неограничен капацитет да се самозаблудуваат и залажуваат себеси прифаќајќи ги сопствените лаги како вистини.
Роналд Лејнг

Чувството дека мојот свет е стабилен и неподвижен, дека промената никогаш нема да дојде и дека сè ќе продолжи непрестано,  како што е, е природата на секоја заблуда.
Бренда Шошана

Шесте грешки на човекот:

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 175

1. Заблудата дека личниот напредок се постигнува со газење на другите.
2. Склоноста да се тревожиме за нешта кои не можат да бидат променети или поправени.
3. Тврдењето дека нешто е невозможно затоа што не сме способни да го направиме.
4. Одбивањето да ги оставиме настрана нашите дребнави претпочитувања.
5. Пренебрегнувањето на развојот и усовршувањето на духот и немањето навика за читање и учење.
6. Обидите да ги наметнеме своите убедувања на другите и својот начин на живот.
Марко Тулиј Цицерон

Што може подобро да го заблуди противникот од зголемувањето на количеството цели?
Лоис Мекмастер Бујолд

Што претставуваат призраците ако не надежта дека љубовта продолжува надвор од нашите обични сетила? Ако призраците се заблуда, тогаш нека се заблудувам.
Ејми Тан