17. Туѓина-Татковина
Македонски народни пословици
Дошло си од туѓина, сакат да му платат киријата.
Лани бев на туѓина, годинаава не сум дома.
Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат.
‘Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.
Туѓина вали-сам не оди.
Туѓина којшто оди, не треба да се боит.
Туѓината е за сиромав бел образ.
Чужиот леб з’би кршит.
Чужџина(та) другему фали (ја), а сам (ти) не оди.
Туѓината, колку и да е пофална и ползотворна, не му е на секого пријатна; таа си има и свои лоши страни.
Куќен арамија е полош од јабанџија.
Пословици од народите на светот
Во туѓина песот седум години не лае. (Еврејска)
На човекот во туѓина најдрага од сè му е татковината. (Арапска)
На мртвите ниту една земја не им е туѓа. (Данска)
Кој се наоѓа во туѓина, мора да носи најубава облека. (Германска)
Туѓината не им верува на солзите. (Руска)
Во туѓа земја ниту пролетта не е убава. (Руска)
Човек кој не ја запознал туѓината, не ја знае вредноста на човекот. (Турска)
Никој не ја сака татковината затоа што е голема, туку затоа што е негова. (Словенечка)
Од родниот крај и враната е угодна. (Корејска)
Без корен ниту пелинот не расте. (Руска)
При враќање во татковината се нема срам. (Татарска)
Човек без татковина е како земја без семе. (Етиопска)
Издвоен од милата тагува седум години; издвоен од татковината тагува цел живот. (Туркестанска)
Латински изреки
Ubi bene, ibi patria. (Кај што е добро, таму е татковината.)