ДУМА, ОПИТ, УКА, 155

Потребно време за читање: 7 минути

155. Доследност

Доследноста сама по себе e нескршлива, e нескротлива и е во темелот на опстанувањето и постоењето на човекот.

Доследноста заслужува почит, недоследноста презир.

Доследниот му е најголем непријател на недоследниот. Знаејќи дека не може да го порази,недоследниот одбегнува каков било судир со него. Доследниот, пак, му е под честа да биде близу до него, а камо ли во борба со него да се докажува како таков.

Не политичарите, а политикантите се најнедоследни човечки суштества. Недоследен политичар е лесно препознатлив на политичката сцена и обично служи за потсмев и подигравка.    

Македонски народни пословици и изреки

Не сила на волјата, ами сила на доследноста.

Ја заборајвме добрата вредност на упорната и доследна работа.

Големи успеси во животот и работата сал со доследни дејанија.

Попрво да бидеме доследни, одошто различни.

Добрите работи со трпение и доследно одење кон она што се сака.

Во расправија е важно да си доследен, макар и да не си во право.

Пословици и изреки од народи на светот

Не си секогаш доследен кога збориш, зашто умот ти работи брзо и немаш време да им се објаснуваш на други. (Индиска)

Кога имате работа со луѓе, никогаш не се потпирајте на логика или доследност (Англиска)

Без доследна стратегија, тактиката е бесмислена. (Италијанска)

Вложувајќи во нашата духовност, ние доследно ја издигаме свеста и сè повеќе се поврзуваме со духовниот свет. (Француска)

Со доследност ги сознаваме причините и последиците и создаваме доследни планови за иднината. (Арапска)

Ти си принципиелен зашто работиш доследно, со јасни принципи. (Руска)

Со доследност и упорност до успех погодолем од со што било друго. (Балкански народи)

Латински изреки

Глупавата доследност е суеверие на тапоглави.

Глупоста ѝ е омилена на човечката природа при доследност на мислењето.

Доследност при каков годе избор.

Треба да се одржи збор ако му е даден на непријателот.

Моќна личност со доследност да сработи нешто докрај.

Внатрешна доследност во верување.

Подлеците се најдоследни: секогаш остануваат подлеци.

Домисла, гесло, мисла водилка

Животот со доследност од случајности кои влијаат на други неочекувано, непредвидливо, дури и погубно.
Анонимус

Доследноста во одбраната на внатрешен мир, докажлива во свет на невини.
Анонимус

За какви било резултати во животот клучна е доследноста.
Анонимус

Со доследен ум и спокојни емоции до решение.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако е нешто правилно, треба да се сработи без оглед колку причини има за откажување.
Марија Склодовска-Кири

Ако човештвото отсекогаш било доследно и мудро, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Џејмс Џорџ Фрејзер

Анализата сугерира дека луѓето постигнуваат максимална благосостојба како што ја прикажуваат, без разлика дали се егоистични, алтруисти, лојални, злобни или мазохисти. Нивното однесување е насочено напред, а исто така доследно со текот на времето.
Гери Бекер

Без сомнение, јас би станал христијанин кога христијаните би биле тоа сите дваесет и четири часа на ден.
Махатма Ганди

Беше невозможно да се поверува дека некој не сака да биде спасен од нивната недоследност.
Дебора Леви

Вистинските корени на човекот се негуваат во доследноста на поколенијата и тој ги губи своите корени во нарушено време на развој, а не во напуштени локалитети.
Ерик Ериксон

Во суштина, ако сакаме да го насочиме нашиот живот треба да ја преземеме контролата врз нашите доследни постапки. Не она што повремено го правиме го обликува нашиот живот, туку она што го правиме доследно.
Ентони Робинс

Глупавата доследност е суеверие на безумните умови.
Ралф Валдо Емерсон

Доследност се наоѓа во таа работа, чија целина и детали се соодветни на приликата. Тоа произлегува од околностите, обичаите и природата.
Витрувиј

Доследноста е клучот за успех во секоја работа.
Џејми Форд

Доследноста е подобра од совршенството. Сите можеме да бидеме доследни-совршенството е невозможно.
Мајкл Хајат

Доследноста е ретка скапоценост.
Маргарет Мичел

Дејствието има смисла само ако е доследно.
Лили Синг

Доследноста е неопходна, но не е доволна за да стигнете до ниво што ќе ве стави пред сите други.
Рамит Сети

Доследноста е последно прибежиште на оние кои немаат фантазија.
Оскар Фингал Вајлд

Душата прави круг на неизбежност облечен доследно од еден или од друг живот.
Питагора

Единствениот доследен наратив што го имаме е оној што го споделуваме со секоја друга форма на живот: се раѓаме, живееме, а потоа умираме.
Стивен Ериксон

Една методологија е ефикасна само кога се практикува доследно.
Скот Белски

Едно нешто научив: не наидуваме на неверојатен живот случајно. Потребна е одлука, посветеност постојано да работиме на себеси.
Камал Равикант

Едноставните работи кои што се прават доследно водат до извонредни резултати.
Метју Хаси

Етички тип на размислување-обезбедува доследна примена на морални ставови во работата и животот, како и желбата да се работи достојно и да бидеш вистински граѓанин.
Хауард Гарднер

За мене стилот е доследност.
Адам Ант

За жал, дејствијата извршени со методична доследност стануваат опасни, ако му станат познати на непријателот.
Јан Флеминг

Заговорите и тајните операции се рационални, организирани и доследни само во историските романи.
Жан-Кристоф Гранже

Зашто, недоследна и невнимателна мисла може да остане во грешка неопределено време, без никакво чувство на непријатност.
Овен Барфилд

Злото, по правило, се одмаздува, но доброто нужно не се наградува. Злото е многу подоследно.
Карол Ижиковски

Зошто постои времето? Зошто секогаш е само една идиотска доследност, а не бурна заситена едновременост?
Херман Хесе

Зрелата и доследна филозофија станува неподнослива. Ако поезијата треба да е глупава, тогаш филозофијата треба да е луда, како сиот наш живот. Во една разумна филозофија толку перфидност и предавство, колку и во обичниот здрав разум.
Лев Шестов

И мислата се бори против резултатите, обидувајќи се да ги избегне тие непријатни резултати додека истовремено продолжува со тој начин на мислење. Ова е она што јас го нарекувам „продолжителна недоследност“.
Дејвид Бом

Инспирацијата е единствена, никогаш доследна.
Алфонс де Ламартин

Инспиративната визија исполнува три критериуми. Таа е специфична, концизна и доследна.
Кармин Гало

Историјата, како и самиот живот, е сложена и збунувачка. Историјата и човечкиот живот се тешки за изучување за оној кој бара едноставност и доследност.
Џаред Дајмонд

Јас сум најголемиот верник во доследноста!
Дарен Харди

Како што ќе ви каже секој тренер или спортист, доследноста на напорите на долг рок е сè.
Анџела Дакворт

Компонентите на филозофијата треба да стојат или да спаѓаат во нивната сопствена внатрешна доследност или емпириска поддршка, независно од личните особености на основачот или на следбениците или моралните недоследности.
Мајкл Шермер

Конфликтите и страстите се збунети и испреплетени во душата на човекот и во нив нема психолошка доследност.
Џозеф Рот

Лидерот е пример за живот во кој се мешаат доследноста, цврстите вредности, модерноста и знаењето, зашто тој човек е автентичен и доследен.
Маријан Рохас Естапе

Лидерот мора да „изгледа“ доследен. Тоа не значи дека тој треба да биде доследен.
Џејмс Калахан

Лагата мора да биде доследна.
Мејв Бинчи

Луѓето никогаш не прават зло со толку ентузијазам и доследност, освен кога го прават од религиозни убедувања.
Блез Паскал 

Мали, интелигентни избори + доследност + време=РАДИКАЛНА РАЗЛИКА
Дарен Харди

Многу од нашите најсериозни конфликти се конфликти во нас самите. Оние кои претпоставуваат дека нивните проценки се секогаш доследни, се нерефлексивни или догматични.
Џон Ролс

Мажите се многу недоследни кога се во прашање жените.
Мурасаки Шикибу

Моето губење на тежината е прашање на доследност, а не на волја.
Екатерина Мириманова

Набљудувајќи ја човечката природа, тој сфати дека лагата никогаш не прибегнува кон очајни, голи зборови, бидејќи е лесно да се оспорува, и дека недоследноста е сигурен знак за вистина.
Сузана Фортес

Навистина, при креирањето надворешна политика недоследноста често е доблест. Не зборувам за принципи, туку за политика.
Ричард Хас

Науката не може да каже дали абортусот е убиство, но таа може да каже дека вие сте недоследни ако мислите дека абортусот е убиство, а убиството на шимпанзо не е убиство.
Ричард Докинс

Нашите деца се потпираат на нас за да обезбедиме две работи: доследност и структура. На децата им требаат родители кои го кажуваат она што го мислат, го мислат она што го велат и го прават она што велат дека ќе го направат.
Барбара Колоросо

На децата не им требаат исклучоци од правилото. Ним им треба доследност и стабилност.
Ана Бикова

Не гледам доследен глобален поредок никаде на хоризонтот.
Јан Бремер

Не можам да разберам како е можно да се сака човек кој така доследно го негира светот.
Зејди Смит

Не менувајте ја насоката на потокот двапати за кратко време. Секогаш треба да има доследност во дејствијата. И ако предизвикате дожд, тогаш оставете го.
Андреј Реутов

Не се обидувај да ме направиш доследен. Учам цело време.
Бакминстер Фулер

Не сум доследен писател.
Доктор Сус

Недоследноста на генијот е доследна тема на творештвото.
Џона Лерер

Ние правиме глупости така доследно!
Жан-Кристоф Гранже

Нема расправа за тоа: доследноста е од решавачко значење кога станува збор за воспитување и дисциплинирање на нашите деца.
Даниел Сигел

Нејасното размислување води до двоумење во дејствието. Јасното размислување го олеснува дејствувањето смело и доследно.
Стив Павлина

Од искуство научив дека ако работите напорно на тоа и вложите повеќе енергија и време и повеќе доследност, ќе добиете подобар резултат. Тоа доаѓа од работата.
Луи Си Кеј

Основниот принцип на успешни лаги е доследноста.
В. Е. Шуаб

Оценувајте ја стратегијата, а не резултатите. Не стремете се кон моментален успех по секоја цена. Продолжете да ја правите вистинската работа. Верувајте ѝ на вашата интуиција и искористете ги можностите. Бидете доследни и користете интелигентен пристап.
Том Четфилд

Полека дојдов до заклучок дека оваа борба да се најде доследност и добра рутина, како и да се акумулира креативна работа е предизвик за сите креативни луѓе. Тоа е она што го издвојува писателот од човекот кој има идеја за роман ако можеше да најде време.
Хелен Симонсон

Полесно е да се одржи говор одошто збор.
Милован Витезовиќ

Првиот чекор е од решавачко значење-нека биде мал. Сè уште немојте да бидете амбициозни. Тоа води до неуспех. Доследноста е она кон што се стремите, та затоа држете ја пречката што е можно пониско.
Ерик Баркер

Разликата помеѓу гласините и пророштвата често е во доследноста. Гласините често се покажуваат како пророштва.
Херберт Хемфри

Резултатот е доследно извршување на здодевните процеси.
Максим Батирев

Сега е јасно дека доследноста не е својство на формалниот систем сам по себе, туку зависи од толкувањето што се нуди за него. На ист начин недоследноста не е вродено својство на кој било формален систем.
Даглас Хофстадер

Според нормите за рационалност, инсистирајќи само на внатрешната согласност човекот може да биде сосем доследен и сепак да греши во сè.
Герд Гигеренцер

Стратегијата е внатрешна доследна конфигурација на дејности што ја разликува фирмата од нејзините конкуренти.
Мајкл Портер

Секој кој воспитувал деца знае дека доследноста нема апсолутно никаква врска со дисциплината.
Бил Козби

Толку е недоследна човечката природа, особено во идеалот, што воопшто непреземањето акција изгледа подобро од преземањето акција и да не успееш.
Хариет Бичер Стоу

Уметноста им раскажува на луѓето за нивното постоење. Ја открива смислата на нивното битие, ја посветува судбината и доследно ги води на нивниот животен пат.
Дејвид Вајс

Универзумот постои само преку постојан танц на последователност и промена. Преку доследноста свеста наоѓа смисла; преку промена, таа наоѓа стимулација и проширување. Да се ​​најде доследност во промената значи да се прифати текот на расплетот.
Енодија Џудит

Успешните луѓе прават обични работи со исклучителна доследност, ангажираност и фокусираност.
Џон Гордон

Целиот наш живот е доследна серија одлуки што ги носиме во еден или друг момент под влијание на една стратешка задача: да преживееме.
Грег Ејлс

Човечките суштества може да се недоследни, но човечката природа е верна на себеси.
Џон Џејкс

Што се однесува на доследноста на мислата, претпочитам недоследност.
Џон Кејџ

Што е култура? Тоа е збир од доследни модели кои луѓето ги следат за комуникација, размислување и дејствување, сите засновани на нивните заеднички претпоставки и вредности.  
Мајкл Воткинс