ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 10 минути

114. Моќ-Сила-Свирепост-Насилство-Безобѕирност

И моќ и сила како моќ и сила. Едната во друга, едната по друга, едната и другата едновремени. Потребни му се на човекот? Да за опстанок во свет во кој смртта навалува на животот, притоа не давајќи му време да се вкорени, да расте, да се извишиува, да се плоди. Не против она, оној или оние што се секогаш со добро, за добро, кои дејствуваат, работат и создаваат за доброто на човештвото и светот во кој коегзистираат.

Свирепоста ретко е пред, по или наспоредна со моќта и силата. Напротив, таа поначесто е, некогаш неизоставно заедно со слабоста, инфериорноста, немоќта, обесссиленоста, па и со бесчестието. Со свирепост се владее најнапред поради страв од оној кон кого е таа насочена.

И насилството и безобѕирноста се од и за бесмислено, бесцелно и некадарно владеење, најчесто поттикнато и поддржано од туѓини за нивни замисли и интереси. Но секое насилство и секоја безобѕирност не издржуваат долго пред самосвеста, слободата, слободоумноста и самобитноста на оној што ја открил, ја научил, ја почитува и брани вредноста на постоењето.   

Македонски народни пословици и изреки

Кај што има сила, има и правина.

Кај што има сила, нема правина.

Не давај си, мажу, силата на жената.

Од сила и планина пука.

Сила го тера, затоа толку вјаса.

Од огон ќе изгори; сила голема од него излегуа.

И ваква сила-не сум видел откоа сум се родил.

Пословици и изреки од народи на светот

Сите кучиња се моќни во своите дворишта. (Руска.)

Не чини на секоја птица да се биде кобец. (Српска)

Кај што ѕвонат големи ѕвона, тука мали не се слушаат. (Германска)

Макар да е од камен, секоја сила за времиња. (Арапска)

Секоја сила за времиња, а неволјата оди со ред. (Француска)

Латински изреки

Силата го погребува правото. (Jus obruitur vi.)

Сосила направено не е сигурно.

Домисла, гесло, мисла водилка

Вистината се потпира на моќта. Моќта е посилна од вистината.
Упанишади

Подобро е да се наоѓаме помеѓу прогонетите, одошто помеѓу прогонителите.
Талмуд

Рекле, издумале

Има извесен кукавичлак, извесна слабост, дури и помеѓу мошне ценети луѓе. Само разбојниците се убедени-во што? Дека мораат да успеат. И тие така успеваат.
Шарл Бодлер

Децата се често безобѕирни во изразувањето како што возрасните можат да бидат само во мислите.
Иво Андриќ

Дека молчењето е сила, а говорењето слабост, се гледа според тоа што старците и децата сакаат да зборуваат.
Иво Андриќ

Луѓе кои најлесно минуваат низ животот се оние кои имаат тврдо срце и добро варење.
Хариет Мартино

Има луѓе кои смеат сè затоа што не се плашат од ништо, затоа што од ништо не се срамат.
Јован Дучиќ

Безобѕирните луѓе уживаат полна поддршка на обѕирните.
Душан Радовиќ

Кај што престанува свеста, тука почнува силата.
Душан Радовиќ

Големите луѓе својата моќ му ја припишуваат на Бога; тие самите се само посредници.
Свами Рама

Моќта е слатка; таа е како дрога која се зголемува со навиката.
Бертранд Расел

Стремежот за знаење, мислам, најмногу е поттикнат од љубовта за моќ.
Бертранд Расел

Моќта треба да ги одреди своите граници.
Рабиндранат Тагоре

Цивилизацијата не смееме да ја судиме и цениме врз основа на тоа колкава моќ остварила, туку според тоа колку во своите закони и дела изразила љубов спрема човекот.
Рабиндранат Тагоре

Страсната желба за моќ нема корен во силата, туку во слабоста.
Ерих Фром

Тајната на моќта е во сознанието дека другите се поплашливи од нас.
Елизабет Борн

Нема посилен отров отколку што е моќта над луѓето.
Максим Горки

Сè додека чувствуваме дека сме жртвувани ќе ја запоставуваме својата моќ за промена.
Роберт Ентони

Сојузот со моќни никогаш не е сигурен.
Федар

Од сите причини што ги дегенерираат и деградираат луѓето, моќта е најактивна и најопасна,
Џон Далберг-Актон

Има такви на кои не им треба моќ: урок од нив зрачи.
Станислав Јержи Лец

Моќта корумпира, но недостатокот на моќ уште повеќе.
Едвард А. Стивенсон

Секаде кај што постои вишок на моќ, тгаа сака да освојува.
Фридрих Вилхелм Ниче

Нема гозба без суровост.
Фридрих Вилхелм Ниче

Може ли силата да ѝ се спротивстави на вистината?
Фридрих Вилхелм Ниче

Моќта на волјата ја проценувам според количеството отпор, патење и мака кои таа може да ги издржи и да ги сврти во своја корист.
Фридрих Вилхелм Ниче

Што е добро? Сè што го зголемува чувството на моќ, волјата за моќ и самата моќ во човекот.
Фридрих Вилхелм Ниче

Во љубезноста има многу презир спрема луѓето.
Фридрих Вилхелм Ниче

Сè додека овците се глупави, пастирите ќе бидат сурови.
Сет Годин

Она што го сториле други, ќе го сторам и јас. „Јак и силник нема да умре со лесна смрт“.
Лао-Це

Да познаваш други е интелигенција; да се познаваш себеси е вистинска мудрост. Контролата на други е сила; контролата на себеси самиот е вистинска моќ.
Лао-Це

Сила без памет се руши под својот товар.
Хорациј

Кој може сè, од сè треба да се плаши.
Пјер Корнеј

Силата отсекогаш привлекувала луѓе со низок морал.
Алберт Ајнштајн

Сила без правда е насилство.
Отон Жупанчич

Волкот не се грижи за бројот на овците.
Овидиј

Грубата сила, неумешноста, незнаењето и празноверието секогаш ќе ликуваат над науката, вештината, знаењето и логиката.
Виктор Иго

Пред силата разумот отстапува.
Оноре де Балзак

Пред силата разумот молчи.
Жорж Фејдо

Силата никогаш не била мила.
Људевит Гај

Ако сакаме да го измамиме страотниот нагон на глупоста, нејзината бездушна моќ нè сили на конкретни работи спротивни на нашите стремежи.
Џорџ Мередит

Ако постои збор што го мразам, тогаш тоа е моќно! Колку лажно звучи!
Џером Дејвид Селинџер

Амбицијата е всушност страст за моќ.
Чарлс Колтон

Архитектурата е опасна мешавина на моќ и импотенција.
Рем Колхас

Што било да се обидеме да направиме на кое било поле, мораме да го ставиме под нашето залагање зашто зависиме од силата.
Никола Тесла

Да се биде човек значи да се поседува чувство на инфериорност кое постојано притиска кон сопствени освојувања. Поголемото чувство на инфериорност што го доживуваме е помоќно од поривот за освојување и понасилно според емоционалната вознемиреност.
Алфред Адлер

Да имам голема моќ, макар и за кратко, би сторил да исчезнат омразата и злото, луѓето меѓусебно да делат љубов.
Тоше Проески

Дар поради самиот дар е кич и обична претстава. Надареноста која дејствува со радост со цел остварување на универзалната вистина на поседникот издигнува до ново ниво на моќ во улога на добродетел.
Ралф Валдо Емерсон

Им се восхитувам на сите луѓе кои се обидуваат да имаат добра моќ во овој хаотичен свет.
Јоко Оно

Од Големиот Дух, Големата Тајна, доаѓа сета сила. Големиот Дух му дава на светиот човек мудрост, моќ на лечење и вршење на светите чини. Човекот знае дека сите лечебни билки ги дал Големиот Дух; затоа се свети. Така е и бизонот на светот, зашто е дар на Големиот Дух.
Главатарот Железна Плоча (Маза Бласка), Оглала Сиукс (Индијанци)

Јас ја сакам моќта-но ја сакам на начин на кој уметникот ја сака уметноста. Ја сакам како што музичарот ја сака виолината од која извлекува звуци, акорди и хамонија.
Наполеон I Бонапарта

Еден моќник ни чини доволно добро со самото тоа што не ни нанесува зло.
Пјер Бомарше

Еден сон е помоќен од илјада стварности.
Џон Роналд Рејел Толкин

Единствен начин за воспоставување на заедничка власт, поради одбрана од напади на странци како и меѓусебни повреди, за да можат да живеат сигурно и задоволно од својата работа и плодовите на земјата, е сета своја моќ и сила да му ја пренесат на еден човек или на група луѓе кои сите нивни волји, изразени со мноштво гласови, ќе ги сведе на една волја; што значи, да именуваат човек или група кои ќе дејствуваат во нивно име; и секој да зема и признава како свое дело сè што прави или одредува тој што ги претставува, во сите прашања што се однесуваат на мирот и сигурноста од значење за сите; и сите и секој да ја подредат својата волја на неговата волја, и своите просудувања на неговите, а тоа лице се вика суверен, и се вели дека има суверена власт, и секој друг е негов поданик.
Томас Хобс

Зашто иако модерниот човек и покрај најдобрата волја не е во состојба на себеси да си претстави од колкаво значење биле религиозните содржини на свеста на начинот на живот, културата и карактерот на народот, сепак не може да биде наша намера наместо едно еднострано материјалистичко толкување да поставиме едно исто така едноставно спиритиуалистичко причинско толкување на културата и историјата. Обете се подеднакво моќни, но и едното и другото подеднакво малку ѝ служат на историската вистина, ако полагаат право да бидат крај на истражувањето, а не негова примена.
Макс Вебер

Кога ќе ги достигнете своите цели, поставете си нови. Така раснете и станувате помоќен човек.
Лес Браун

Стравот нема некоја посебна моќ освен онаа што сами му ја давате кога му се предавате.
Лес Браун

Кога силата на љубовта ќе ја победи моќта на љубовта, светот ќе го знае мирот.
Џими Хендрикс

Како идиотската вселена би можела да создаде суштество чии само соништа се помоќни, подобри, посуптилни од самиот него?
Клајв Стиплс Луис

Конкретна задача на политиката е да ја стави моќта под закрила на правото, управувајќи така со нејзината правилна употреба.
Јозедф Рацингер-Папа Бенедикт XVI

Лавот и телето можат да легнат заедно, но телото нема баш да се наспие.
Вуди Ален

Ние сè уште размислуваме за моќен маж како роден водач и за моќна жена како аномалија.
Маргарет Етвуд

Интелигенцијата воопшто не е неопходна во спроведување моќ. Напротив, таа е често бескорисна.
Хенри Кисинџер

Моќта е најдобар афродизијак.
Хенри Кисинџер

Моќта е наклонета кон осиленост, а слободата кон дрскост, и поради тоа се мошне ретко во добри односи.
Џорџ Савил Халифакс

Моќта може да направи сè, но најважната ствар е: не може да ја контролира љубовта.
Филип Јенси

Најлошо зло од кое пати светот не е моќта на лоши луѓе, туку слабоста на добри луѓе.
Ромен Ролан

Најмудар е оној што се има себеси во сопствената моќ.
Луциј Анеј Сенека

Природата замислила дека не ни треба голема опрема за да живееме среќни; секој од нас е способен сам да ја создава својата среќа. Надворешните ствари не се важни…Сè што е најдобро за човекот лежи надвор од моќта на друг човек.
Луциј Анеј Сенека

Најголемата сила со која располага човештвото е ненасилството. Тоа е посилно и од најмоќното разурнувачко оружје што го создал човечкиот мозок.
Махатма Ганди

Силата е оружје на слабите; ненасилството е оружје на јаките.
Махатма Ганди

Кај оној што се користи со сила сè уште постои надеж дека тој еден ден ќе пронајде пат до ненасилството. Кај кукавиците таа надеж не постои.
Махатма Ганди

Ненасилството е ставено на проба оној момент кога некој ќе му се спротивстави со сила.
Махатма Ганди

Целосното ненасилство е целосно отсуство на лоши намери спрема сè што живее. Активното ненасилство е совршена љубов.
Махатма Ганди

Најголемата замка во нашиот живот не е успехот, популарноста или моќта, туку самоотфрлањата.
Анри Новен

Наша прва одговорност среде насилство е да го спречиме да нè уништи.
Анри Новен

Најди време за молитва, тоа е најголемата сила на земјата.
Мајка Тереза

Не може нагоните на сопствената природа да се задушуваат со сила, а таа природа да не се повлече во себе.
Џек Лондон

Не се мотивирам со суета, слава или потрага по моќ.
Мишел Бахман

Не се плашам од војска лавови што ја предводи овца. Се плашам од војска овци што ја предводи лав.
Александар Македонски

Никој на светот не ме покорил, освен мене.
Александар Македонски

Немаме моќ над што било, освен над своите мисли.
Рене Декарт

Ненасилството е моќно и праведно оружје. Навистина, тоа е единствено оружје во историјата; тоа напаѓа без оставање рани и тоа го прави благороден оној што го употребува.
Мартин Лутер Кинг

Ако вие во вашата борба не му одолеете на искушението да употребите сила, генерациите што доаѓаат ќе мораат за жетва да имаат долга и неутешна ноќ.
Мартин Лутер Кинг

Во овој свет повеќе не е изборот помеѓу насилство и ненасилство; сега е помеѓу ненасилство и уништување.
Мартин Лутер Кинг

Никогаш не ја потценувајте моќта на човечката глупост.
Роберт А. Хајнлејн

Никогаш од никого не треба да се бара услуга за што било, никогаш, а особено од оние што се помоќни од тебе.
Михаил Булгаков

Никој не ја контролира вашата среќа, но вие да. Имате моќ да промените што било во врска со себе или што сакате да промените во својот живот.
Барбара Де Анџелис

Никој не е толку моќен како што сме ги направиле да биде.
Алис Вокер

Онаа моќ во човекот која себеси се нарекува дух, со сите можни средства на влијание настојува да ја спречи за на Земјата да се чувствува како дома. Науката го прави спротивното.
Франц Верфел

Организиравме цивилизација чии сите битни елементи длабоко зависат од науката и технологијата, кои истовремено никој не ги разбира. Тоа е сигурен рецепт за катастрофа. Запаливиот спој на незнаењето и моќта порано или подоцна ќе ни експлодира в лице.
Карл Едвард Саган

Перото е помоќно од меч.
Едвард Литон

Постои само едно време што е важно-СЕГА! Тоа е најважно време зашто единствено тогаш имаме кава било моќ.
Лав Николаевич Толстој

Правда без моќ е безмоќна; моќ без правда е тиранска.
Блез Паскал

Правда без моќ и моќ без правда: која страшна несреќа.
Жозеф Жубер

Престана вечната борба на природата и човекот. Штом ја сфати својата моќ, човекот спрема природата почна да се однесува како спрема случајна и несносно неуредена во уредениот поредок на вештачки ствари, во светот на сопствени производи кои, инаку, без природата би бил совршен.
Борислав Пекиќ

Војните нè израмнуваат: еднаква ни е моќта, еднакви делото и надежта, еднаков ни е и векот.
Добрица Ќосиќ

А замислете што би било од земјата кога некоја сила би почнала да преместува реки и планини и да ги разместува по свое.
Добрица Ќосиќ

Зборовите немаат моќ да го импресионираат умот без финиот ужас на својата стварност.
Едгар Алан По

Сите моќи во вселената се веќе наши. Ние сме тие кои ги ставиле своите раце пред нашите очи и плачеле дека е мрак.
Свами Вивекананда

Сите кои поверуваа во моќта на знаењето и нешто научија, почувствуваа колку згрешиле. Но повеќе се немаше каде. Она што еднаш го научија не можеа лесно да го заборават. Последиците на лесно мисленото учење ги претрпеа сите кои учеа; оние што само го почувствуваа вкусот на знаењето, а особено оние што стекнаа највисоко образование.
Матија Беќковиќ

Сите ние имаме доволно сила да ги поднесуваме туѓите несреќи.
Семјуел Бекет

Ти имаш моќ утре да го направиш подобро.
Ашер Тери Рејмонд

Во животот, особено во јавниот живот, психологијата е помоќна од логиката.
Лудвиг Квид

Вие имате моќ над мислите-не надвор од настаните. Сфатете го тоа, а вие ќе пронајдете сила.
Марко Аврелиј

Волјата е моќ на сопствената каузалност наспроти надворешниот свет.
Рудолф фон Јеринг

Убедувањето е често покорисно од силата.
Езоп

Силата и разумот се спротивности; моралот престанува кај што силата почнува.
Ајн Ранд

Силникот пропаѓа поради сила, незаситникот поради пари, покорниот пропаѓа служејќи, а оној што бара наслада пропаѓа поради сласт.
Херман Хесе

Допуштено е сила да се одбива со сила.
Марко Тулиј Цицерон

Ако сакаме да го измамиме страотниот нагон на глупоста, нејзината бездушна моќ нè сили на конректни дејствија спротивни на нашите стремежи.
Џорџ Мередит

Глобализацијата не е нешто што можеме да го запреме или угаснеме. Тоа е економски еквивалент на силата на природата како ветрот или водата.
Бил Клинтон

Јас се спротивставувам на обете сили, и на онаа која се обидува да одржи неправеден систем и на онаа која се обидува истиот тој систем да го урне.
Дезмонд Туту

Најчест начин на кој луѓето се откажуваат од својата сила е мислејќи дека немаат ништо.
Алис Вокер

Престанав да верувам дека постои сила на доброто и злото кои се надвор од нас. И почнав да верувам дека доброто и злото се имиња за нешта кои луѓето ги прават, не за тоа што тие се.
Филип Пулман

Сите ние сме едно. Луѓето меѓусебно се поврзани со невидливи сили.
Никола Тесла

Трајниот оптимизам е множител на силата.
Колин Пауел

Насилството е навистина во родство со стравот.
Артуро Граф

Државата во која насилството и поединците остануваат неказнети ќе заврши во длабока темнина.
Софокле

Луѓето ноќе мирно спијат во своите кревети само затоа што цврсти луѓе стојат подготвени да сторат насилство во нивно име.
Џорџ Орвел

Насилството е последно прибежиште на неодговорните.
Исак Асимов

Насилството може да се покрие само со лага, а лагата може само со насилство да се одржи.
Александар Солженицин

Никогаш нема да ти треба аргумент против употреба на сила-секогаш ќе ти треба аргумент за негова употреба.
Ноам Чомски

Има четири главни зла на власта: одлагање, подмитување, грубост и поводливост.
Френсис Бекон

Најљубезните луѓе по правило се најстудени и најбезобѕирни.
Сигмунд Граф

Leave the first comment