112. Сомнеж-Скептицизам
Се сомневам дека далеку ќе стасаат оние што од петни жили се трудат да ме имаат под себе, од страв да не се најдам над нив. Особено оти гледам како жив страв ги јаде да не излезам пред нив каков што сум: со чист образ и високо кренато чело.
Уште ме држи сомнежот дека ќе продолжам, а да не стасам на мојот крај. И дека некој друг ќе почнува одново од него.
Скептичен сум дека ќе се направи добро она што се мора без да се сака. Исто така во направено колку да се задоволи наметнато.
Скептичен сум дека утре ќе биде ако денес не е.
Латински цитати
Во сомнеж треба да се суди поблаго. (In dubio pro reo.)
Се сомневам значи мислам, мислам значи постојам. (Dubito ergo cogito, cogito ergo sum.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Сомневај се и ќе бидеш спасен.
Анонимус
Рекле, издумале
Да се сомневаш во себе е прв знак на интелигенција.
Уго Ојети
Сомнежот е потребен придружник на патот до сигурноста.
Уго Ојети
Верата и сомнежот мораат да одат заедно, како воздивот и издивот.
Херман Хесе
Кога си во сомнеж, кажи ја вистината.
Марк Твен
Човек се сомнева додека живее-ако е паметен.
Перл Бак
Помало зло е да се сомневаш, одошто да се успиваш со заблуда.
Алесандро Франческо Манцони
Сомничавоста е тежок оклоп кој оној што го носи повеќе го заморува отколку што го заштитува.
Џорџ Гордон Бајрон
Сомневањето е невиност на интелектот.
Џорџ Сантајана
Кај повеќето луѓе неверувањето скока од едно слепо верување до друго.
Георг Кристоф Лихтенберг
Сомнежот мора да биде само будност, зашто инаку може да стане опасност.
Георг Кристоф Лихтенберг
Во ништо не треба да се сомневаме повеќе одошто во изреки кои станале помодни.
Георг Кристоф Лихтенберг
Скептицизмот е бавно самоубиство.
Ралф Валдо Емерсон
Оној во кого никогаш не се сомневаш или е премногу ценет или е презрен.
Џорџ Сарил Халифакс
Сомничавоста е повеќе добродетел одошто мана, но сè додека бдее како пес не каса.
Џорџ Сарил Халифакс
Луѓето секогаш ќе се сомневаат во лековите против болести на државата ако не можат да видат како се подготвуваат тие лекови.
Џорџ Сарил Халифакс
Сомнежот е често бескорисно патење.
Семјуел Џонсон
Сомнежот е поезија на вистината, трагање по неа, љубов спрема неа. Сомнежот е вежба на духот.
Весна Парун
Кој е сам недоверлив, не заслужува доверба.
Јохан Волфганг Гете
Ние всушност знаеме ако малку знаеме. Со знаењето расте и сомневањето.
Јохан Волфганг Гете
На човек му е дадена интелигенцијата за да се сомнева.
Емил Адолф Густав Верхарен
Сомневајќи се, доаѓаме до вистината.
Петрус Абелардус
Сомнежот, кога еднаш ќе се роди, не познава граници.
Иво Андриќ
Кога Сонцето и Месечината би се сомневале, тие веднаш би исчезнале.
Вилијам Блејк
Кога се сомневаш, секогаш работи со убедување дека луѓето се почесни одошто претпоставуваш, со оглед дека немаш цврсти докази.
Алдоус Хаксли
Ако си во сомнение, воздржи се.
Заратустра
Скептицизмот секогаш се одликувал со неплодност и немоќ.
Иван Сергеевич Тургењев
Сомневајте се, ако ви е волја, во суштество кое ве сака, во жена или пес, но не во самата љубов.
Алфред де Мисе
Тешко е да се верува дека некој човек зборува вистина кога знаеш дека и ти би лажел да си на негово место.
Хенри Луис Менкен
Дали скептицизмот е удобен поглед на светот? Скептиците на тоа гледаат скептички.
Станислав Јержи Лец
Потребен е контролор таму кај што е потребен и контролор на контролор.
Тадеуш Котарбински
Кој е навистина смирен, тој во ништо не се сомнева. Кој е, пак, незадоволен и вознемирен, него го мачат разни сомнежи; самиот не мирува, а не дозволува ни други да мируваат.
Тома Кемпински
Скептик е човек кој со своите одговори поставува прашања.
Херберт Хекман
Повеќе зла што се прават во земјите настануваат поради недоверба зашто луѓето-сомневајќи се во меѓусебната доверба-се принудени да бидат претпазливи. Затоа оној што владее мора во тоа на прво место да води сметка и да се грижи да ги отсртани сомнежите.
Франческо Гикјардини
Што е сомнежот? Чувство што нè гони да го бараме она што не би сакале да го знаеме.
Роберт д Флерс
Кој гледа низ очила на недовербата, тој гледа гасеници и во кисела зелка.
Вилхелм Буш
Сомнежите на мислите им се како лилјак меѓу птици: секогаш летаат во самрак.
Френсис Бекон
Со она малку собрано знаење, што го имаме ние смртниците, никогаш не можеме да кажеме: Тоа не постои.
Рјуносуке Акутагава
Сомничавоста не е одлика на возвишени души, туку на ограничени и вообразени умови.
Игинио Таркети
Трагично е дека глупаците се толку сигурни, а мудрите полни со сомнеж.
Бертранд Расел
Ако некој будала премали, се посомнева во будалаштините и молчи, на негово место настапува нов.
Матија Беќковиќ
Ако се сомневаш во човекот, не работи со него; ако работиш, не се сомневај.
Сјао Хе
Навистина постои речовитост во вистински ентузијазам што да не можеш да се посомневаш.
Ирвинг Вашингтон
Да се избере сомнежот за своја животна филозофија е слично како да се избере неподвижност за превозно средство.
Јан Мартел
Нема да се сомневам во мојот живот.
Јоко Оно
Не е в ред чесни луѓе да остануваат под сомнение затоа што се други лоши.
Меша Селимовиќ
Сомнежот е убиец. Вие треба да знаете кои сте и што сте.
Џенифер Лин Лопез
Сомнежот обично го создава она на што се сомнева.
Клајв Степлс Луис
Ми се чини дека сомнежот е средишна состојба на човечкото битие во дваесеттиот век.
Салман Ружди
Соочете се со своите стравови и сомнежи, а нови светови ќе се отворат за вас.
Роберт Киоски
Кој љуби е сомнителен.
Еми Вајнхаус
Во љубовта често се сомнева во она во што најмногу се верува. Во секоја друга страст човекот не се сомнева повеќе во она што е еднаш докажано.
Мари-Анри Бејл Стендал
Доколку навистина ја бараш вистината, потребно е барем еднаш во животот да се посомневаш што подлабоко во сите нешта.
Рене Декарт
Секогаш сомневајте се во големите ветувања.
Теодор Паркер
Да се верува во сè, да се сомнева во сè; обата начина на живот чуваат од размислување.
Франсоа Мари Аруе Волтер
Верувај им на оние кои ја бараат вистината; сомневај се во оние што ја нашле.
Андре Жид
За човек нема полош непријател на светот од сомневањето.
Мигел де Сервантес Сааведра
Да, Калам, нормално е што се сомневате и сте во недоумица, зашто недоумицата настанала од она што е сомнително. Затоа, Калам, не давајте да ве заведат со она што се прераскажува, ни што станало традиција; ни со тврдења, ни затоа што е во согласност со светите книги, ни со логички заклучоци и домислувања, ни затоа што според сè се чини дека е така, ни затоа што некое гледиште ви изгледа уверливо, ни затоа што така вели испосникот кој ви е учител. Дури тогаш, Калам, кога само ќе согледате дека одредени нешта се неповолни и погрешни, дури тогаш напуштете ги…А кога сами ќе согледате дека одредени нешта се поволни и исправни, дури тогаш прифатете ги и следете ги.
Буда
Ни нашите сетила ни нашите гледишта не ни говорат вистина и лага; на нив не можеме да се потпреме. Затоа треба да бидеме без гледиште, без соединување и непоколебани, говорејќи за секоја работа дека ниту е, ниту не е, ниту и е и не е, ниту ни е ни не е.
Пирон