Дух-Духовност

Потребно време за читање: < 1 минута

Дух и тело, дух со тело, дух во тело, дух по тело. Духовност и материјалност, духовен и материјален свет. Може тој без таа и таа без таа? Само се чини дека може. Само се чини, но не може. Проблем се силата и енергијата на духот и телото, исто така на духовноста и материјалноста.

Духот во телото на човекот го одржува него. Го поткрева, го извишува. Со нив секогаш заедно, значи никогаш одделно човекот се препознава себеси како човек. Пред сè и над сè творечкиот дух. Кој се изразува и се докажува незапирливо, без оглед на што било. Што со неговата сила и енергија? Ништо, освен дело! Прво во свое и за свое време, а потоа за заедничко со друг, со други. И исто и различно.

Дуовноста е своевиден збир на духот, свеста и умот човечки. И како филозофија и како животна стварност. И како постојаност и како развој. И како сегашност и како иднина. И како вера и како доследност. И како верба и како доверба.

Има луѓе со слаб дух, со паднат и има луѓе со непореклив. Има луѓе со извишен и има луѓе со возвишен. Меѓу нив луѓе што ги обединува конкретна духовност; со смисла на животот и негово траење.     

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 182