32. Пред ниедно доба
Само што не влегол
во ниедно доба,
а како да е во него,
а како да не е веќе она
што е секогаш сам
во мрак, тишина и молк.
Секогаш така стои
пред да реши да биде
зрак мигновен,
како ненадеен глас
на буден штотуку роден
ветар
меѓу две планини
и две спокојни реки.
Негово ниедно доба
по преумора од скитања
низ сечии беспатја.