Во зимскиот период сме повеќе изложени на сезонски вирусни инфекции како што се настинки и вирози. Покрај тоа, во студените месеци сме помалку изложени на сонце, а и на располагање имаме помалку свежи производи богати со микронутриенти во однос на пролетта и летото. Сето ова ја зголемува потребата на телото за дополнителен внес на хранливи материи што придонесуваат за оптимална функција на телото.
Урамнотежената и разновидна исхрана е првата и најважна одлука на патот кон урамнотежен начин на живот – со оглед на тоа дека интегралните намирници освен есенцијални содржат и бројни други комплементарни нутриенти.
Ако и покрај трудот што го вложуваме не можеме редовно да внесуваме оптимални количини урамнотежени макронутриенти и микронутриенти, додатоците во исхраната може да ни помогнат да го постигнеме препорачаниот дневен внес за витамини и минерали што се потребни за оптимална функција на телото.
Ви го претставуваме нашиот избор додатоци во исхраната што се важни за оптимална функција на телото, особено во постудените месеци.
Здрави масти
Омега-3 за срце, вид и мозок
Еден од клучните нутриенти што во денешно време голем дел од нас не го внесуваат во доволни количини се омега-3 масните киселини. Имено, знаеме дека мастите, како неопходни составни единици на телото, се делат на добри и лоши масти. Незаситените масни киселини (за разлика од заситените), покрај тоа што се извор на енергија, учествуваат и во разни други функции во телото. Тука особено се важни омега-3 полинезаситените масни киселини, како што се EPA и DHA.
Најчести извори на омега-3 масни киселини се масна риба и рибино масло. Со денешниот западен начин на исхрана често внесуваме мала количина омега-3 масни киселини, а голема количина омега-6 масни киселини*. (*Gomez Candela, C., Bermejo Lopez, L. M., & Loria Kohen, V. (2011). Importance of a balanced omega 6/omega 3 ratio for the maintenance of health: nutritional recommendations. Nutr Hosp, 26(2), 323-329.)
Рибино масло од одржливи извори богато со омега-3 масни киселини
Herbalifeline® Max гел капсули со нова подобрена формула што содржат рибино масло од одржливи извори акредитирано од страна на организацијата „Friend Of The Sea“.
Богати се со омега-3 масни киселини (EPA и DHA) што имаат повеќе корисни ефекти:
- EPA и DHA придонесуваат за нормално функционирање на срцето1
- DHA придонесува за одржување нанормален вид2
- DHA придонесува за одржување нанормална функција на мозокот2
- DHA и EPA придонесуваат за одржувањена нормално ниво триглицеридиво крвта3
DHA и EPA придонесуваат за одржување на нормален крвен притисок4
- Корисен ефект се постигнува со дневен внес на 250 mg EPA и DHA.
- Корисен ефект се постигнува со дневен внес на 250 mg DHA.
- Корисен ефект се постигнува со дневен внес на 2 g EPA и DHA.
- Корисен ефект се постигнува со дневен внес на 3 g EPA и DHA.
Не треба да се надминува вкупниот дневен внес од 5 g EPA и DHA преку додатоци во исхраната.
Витамини и минерали
Микронутриенти без кои не можеме
Витамините и минералите се клучни микронутриенти што се неопходни за многу хемиски реакции во телото и главно се внесуваат преку храна.
За урамнотежен начин на живот, посебно во период кога владеат сезонски вирусни инфекции, важно е редовно да внесуваме микронутриенти што поддржуваат оптимална функција на имунолошкиот систем. Особено е важно да внесуваме витамин А, витамин Ц, витамин Д, цинк, селен и железо што придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Витамините Ц и Е придонесуваат и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Урамнотежената исхрана е неопходна за внес на оптимална количина витамини и минерали, а кога не може целосно да се внесат преку исхраната, добар извор се и квалитетните додатоци во исхраната со витамини и минерали.
За неа и за него
Формула 2 Комплексот од витамини и минерали за жени и Комплексот од витамини и минерали за мажи му даваат комплетна нутриционистичка поддршка на телото со дури 24 клучни микронутриенти во количини што се специјално прилагодени за жени и за мажи.
Со дури 13 витамини, 10 минерали и холин, Формула 2 е одличен начин да внесувате соодветна количина од потребните хранливи материи.
Herbalife Nutrition производите може да се набават исклучиво преку Herbalife Независни Дистрибутери, направете нарачка денес.
Извор: www.wellnessmk.com