Добар зет за Шкотланѓанец

Виц-блиц

Сега поминав покрај една кафеана,-му раскажува една Шкотланѓанка на својот маж,-а таму, замисли само, нашата ќерка му седи в скут на кафеџијата и уште малку, па да почнат да водат љубов.
-И што?- прашува мажот.
-Како што? Тој ги истерал сите од кафеаната и го изгаснал светлото.
-Значи, тој ќе биде добар зет. Не пие, штеди струја и ќе скрши само една столица.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.