Држава во распаѓање со народ пред целосно разнебитување ниту има, ниту ѝ треба каква било дипломатија-голема, мала, учена, неука, вешта, наивна, со голи раце или во ракавици. Во таква дури не се знае што е тоа дипломатија.
Исто како она со жабата и потковицата: видела таа како на коњот му ставаат потковица, па и она дигнала нога.
Употреба или злоупотреба на дипломатијата?
Употреба како одбранбена вештина, со ученост и умност; нејзина злоупотреба со лаги, крадби, секакви распродажби и безумни дворски игри за туѓи интереси.
Дипломатијата најблиска до итроштината, дури секогаш заедно? Тоа не е далеку од вистина, но да се има предвид дека итроштината не излегува на мегдан со умноста и знаењето.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 172