Рок-легенда родена од инстинкт, бунт и звук
Џими Хендрикс (James Marshall Hendrix, попознат како Jimi Hendrix, 23 ноември 1942 – 18 септември 1970) останува една од највлијателните фигури во историјата на модерната музика. И денес, повеќе од пет децении по неговата смрт, критичарите, музичарите и публиката се согласуваат во едно: Хендрикс не беше само виртуозен гитарист, туку вистински музички револуционер. Во повеќето релевантни анкети и анализи на специјализирани медиуми како Rolling Stone, Guitar World и BBC Music, тој и натаму е рангиран меѓу, или директно како, најголемиот гитарист на сите времиња.
Она што го издвојува Џими Хендрикс не е само техничката умешност, туку начинот на кој ја прошири улогата на електричната гитара. Како самоук, леворак музичар кој свиреше на десначка гитара со превртени жици, тој разви сосема нов израз. Со фидбек, дисторзија, wah-wah педали и експерименти со засилувачи, Хендрикс создаде звук што во 1960-тите звучеше како иднина.
Корените: блузот како темел
Роден во Сиетл, во семејство каде што блузот и џезот секогаш биле присутни, Хендрикс рано се среќава со музиката на B.B. King, Muddy Waters, Robert Johnson и Chuck Berry. Токму тие влијанија ќе станат основата врз која подоцна ќе изгради стил што ги спојува рокот, блузот, психоделијата, соулот, R&B-то и елементи на џез импровизација.
Една анегдота често се прераскажува како симбол на неговата рана опседнатост со звукот: како дете, Џими „свирел“ на метла во својата соба, толку убедливо што татко му, Ал Хендрикс, подоцна препознал дека музиката не е минлива детска фаза. Џими во својата соба лудувал и замислувал како свири на гитара кога му дошол татко му со метла и му рекол да ја среди собата. Татко му отишол, а кога се вратил го нашол Џими како спие со метлата преку себе како да држи гитара. Го разбудил и го прашал „Што си работел?“, а Џими му одговорил „Ја свирев метлата!“. На 15-годишна возраст му купува електрична гитара, која Џими веднаш ја прилагодува за леворако свирење. Треба да се наспомне дека татко му Ал Хендрикс имал голем број на блуз и џез колекции на плочи
Сепак, приказната за неговата музичка кариера започнува многу порано. На 16 години во средното училиште го формира својот прв бенд. Хендрикс толку време минувал со гитарата в раце што како да се „стопил“ со неа. Поради обврска, во 1961. година се пријавува во војска, а веќе следната е отпуштен поради тешка повреда по скок со падобран. По враќањето од војска ја започнува својата музичка кариера.
Поради прекумерна доза на таблети за спиење и вино, на 18. септември 1970. година во хотелот „Самарканд“ во Лондон, каде што се сместил со девојката Моника Данеман, умира една од најголемите икони на рок музиката- Џими Хендрикс. Проживеал само 27 години! Го пронашле мртов покрај девојката која, ако била будна, можеби и можела да му го спаси животот.
Во 2009. година британските медиуми повторно ја распламтеа приказната дека Хендрикс е убиен од страна на својот тогашен менаџер Мајкл Џефри, кој со убиство на Хендрикс (со помош на убиствена комбинација на шише вино и таблети за спиење) се спасил од банкрот. Последните зборови на Џими Хендрикс што го напишал ноќта пред смртта биле: „The Story Of Life Is Quicker Then The Wink Of An Eye The Story Of Love Is Hello Goodbye Untill We Meet Again“.
Од придружен музичар до светска сензација
Пред светот да го запознае, Хендрикс минува години свирејќи како придружен гитарист на имиња како Sam Cooke, Ike & Tina Turner, Wilson Pickett и други. Пресвртниот момент доаѓа во Њујорк, кога го запознава Chas Chandler од групата The Animals. Chandler го препознава неговиот потенцијал и го носи во Лондон – градот каде што ќе започне митот, каде ја започнува својата кариера.
Во 1966 година се формира триото The Jimi Hendrix Experience, со Mitch Mitchell на тапани и Noel Redding на бас. Веќе со првиот сингл „Hey Joe“, кој се пласира високо на британските топ-листи, станува јасно дека сцената добила нешто сосема ново. „Purple Haze“ и „The Wind Cries Mary“ го зацврстуваат статусот на Хендрикс како водечка фигура на психоделичниот рок.
Monterey, Woodstock и моментите што станаа историја
Настапот на Monterey Pop Festival во 1967 година, снимен во документарецот Monterey Pop на D.A. Pennebaker, го претвора Хендрикс во глобална сензација. Кулминацијата – симболичното кршење и палење на гитарата – станува еден од најиконските моменти во историјата на рок-музиката.
Албумот Are You Experienced? (1967) веднаш се вбројува меѓу најважните деби-албуми на сите времиња, а следните Axis: Bold as Love и Electric Ladyland само го потврдуваат неговиот авторски и изведувачки раст. Во 1969 година, на Woodstock, пред повеќе од 400.000 луѓе, Хендрикс ја изведува американската химна „Star-Spangled Banner“ на начин што и денес се анализира како музички и политички коментар на своето време.
Богата куса музичка кариера
Мошне богата е неговата куса музичка кариера. Најнапред свирел како придружба на познати музичари во тоа време (Same Cooke, Ike & Tina Turner, B.B. King, Wilson Pickett…). Во Њујорк се запознава со Chas Chandler, бас гитарист на групата The Animals и тоа е неговиот вистински музички почеток. Имено, Chas Chandler и Michael Jeffery му стануваат менаџери, го убедуваат да дојде во Лондон, па на иницијатива на Chandler го формира триото The Jimi Hendrix Experience- со Mitch Mitchell на тапани и Noel Redding на бас гитара. Премиерен настап триото имало во париската хала Олимпија, а во есента на 1966. година го снима синглот „Hey Joe“, кој на британската топ листа се пласира на 6. место. Потоа излегува вториот сингл, можеби најпознатиот хит на Хендрикс „Purple Haze“.
На препорака од Paul McCartney, Хендрикс заминува да свири на добротворниот Monterey Pop Festival (за кој D.A.Pennebaker го сними документарниот филм „Monterey Pop“), што се одржал пред 50.000 посетители. Освен Хендрикс, настапиле и The Who, Otis Redding, The Byrds, Greatful Dead, Jefferson Airplane, Big Brother & The Holding Company, The Mamas & the Papas, Canned Heat и др. На концертот имал одличен настап, бил оценет како најкреативен гитарист (притоа ја жртвувал-искршил гитарата!). Тоа и се потврдило со деби албумот „Are You Expirienced?“, кој достасал на 2. место на британската топ листа, а по фестивалот и на 5. место на американската топ листа.
Специфики во свирењето на Џими Хендрикс
Стручњаците веднаш ги забележале спецификите на свирењето на Џими Хендрикс: испрекинати рифови, растурачки фидбек и срцепарателни wah-wah педали. А со свирењето на својот Fender Stratocaster зад грбот и зад вратот, па дури и со заби, со своето шоу привлече и многу познати музичари на своите свирки (Eric Clapton, Jeff Back).
Последните години и прераната смрт
Поради меѓусебно несогласување, во 1969. година бендот се растура, а Хендрикс се враќа во Америка. Свири по фестивали, од кои секако најважен е Вудсток, дотогаш најголем фестивал на кој и премиерно ја отсвирел американската химна „Star Spangled Banner“, пред повеќе од 400.000 луѓе. По распадот на оригиналниот Experience и Вудсток, Хендрикс формира нов бенд „Band Of Gypsies“, во кој настапуваат само црни музичари, и ескпериментира со пофанки и потешки ртими. Иако издаваат само еден, и тоа албум во живо, снимен на дочекот на 1970. во Filmore East халата во Њујорк, влијанието на овој проект е огромно.
Во текот на концертот во Madison Square Garden во Њујорк, на запрепастување на своите фанови, а и на другите членови на бендот, Хендрикс едноставно среде настапот отишол од сцената и со тоа дал на знаење дека повеќе не сака да настапува со нив. Се враќа во Лондон, каде што повторно го собира „Experience“ и се обидува да сними нов албум, кој требало да се вика „First Ray Of The New Rising Sun“. Не успева поради трагичната смрт.
На 18 септември 1970 година, во Лондон, Џими Хендрикс умира на само 27 години, придружувајќи им се на т.н. „Клуб 27“. Официјалната причина е задушување поради комбинација од апчиња за спиење и алкохол, но со години подоцна се појавуваат и теории за можна вмешаност на неговиот менаџер. Неговите последни запишани зборови – „The story of life is quicker than the wink of an eye…“ – денес звучат како тивко збогување со светот.
Наследство што не згаснува
Хендрикс е погребан на Greenwood Memorial Cemetery во Рентон, близу Сиетл. По долгите правни битки, семејството ја презема контролата врз неговото наследство, а во наредните децении се објавуваат бројни постхумни албуми, архивски снимки и ремастерирани изданија. Албуми како First Rays of the New Rising Sun и Valleys of Neptune му овозможуваат на новите генерации да откријат материјал кој сведочи за неговата постојана креативна потрага.
Таткото Ал Хендрикс по низа судски и правни борби во 1995. година го добива правото на наследство на се што создал и оставил Џими Хендрикс, па потоа издава видео касета за снимањето на албумот „Electric Ladyland“, со помош на Џени Хендрикс-Врајт (Janie Hendrix-Wright), сестрата на Џими.
На 9. март 2010., е објавен албум со наслов „Valleys of Neptune“, на кој се наоѓаат 12 студиски снимки. Песните се ремастерирани и до сега не се комерцијално објавени на ниеден албум на Џими Хендрикс. Снимките настанале во 1969. со составот „The Jimi Hendrix Experience“, кога Хендрикс за првпат засвирел со басистот Billy Cox.
И денес, Џими Хендрикс не е само име од музичката историја. Тој е мерка за слобода, храброст и звук што оди чекор пред своето време.
Дискографија.
- Со The The Jimi Hendrix Experience: Are You Experienced (1967.), Axis: Bold as Love (1967.), Electric Ladyland (1968.)
- Со Band of Gypsys: Band of Gypsys (1970., во живо).
- Постхумни албуми:
- The Cry of Love (1971.),
- Rainbow Bridge (1971.),
- War Heroes (1972.),
- Loose Ends (1974.),
- Crash Landinq (1975.),
- Midnight Liqhtininq (1975.),
- Nie to the Universe (1980.),
- Radio One (1988.),
- First Rays of the New Rising Sun (1997.),
- South Saturn Delta (1997.),
- Valleys of Neptune (2010.).






