ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 49

Потребно време за читање: 4 минути

49. Без рода

Здраво-живо народецу мој,

Непара си кажувам и си пишуам оти сум без рода откога си ојде во неврат Громојца моја, си ја пресели душата на оној свет, му се претстави на Бога. Непара најпрвин поради зато шо од шо ми тежи, од шо некоаш ме доболуа до срце, а после оти секоаш кога се вртам околу себеси гледам сè појќе такви ко мене и сè појќе слушам за такви сè помлади од мене. То многу ме загрижуа, многу ми го товари умо.

Прво оддалечуањето на рода од рода. Ко шо ја гледам, слушам и осетуам лично ем персонално, ја сум сè појќе и сè подлабоко убеден оти то во нашиве тешки ем мачни деноноќија стана најболно, најтрогателно, а богами и со недогледливи ем несогледливи последици. Дури мислам на него, брчкиве на мојво чело ми се продолжуаат по целово лице, истовремено стануајќи сè подлабоки. Кога ми се праат такви, работата али нештото пред шо сум али во шо сум је баш за никаде.

Само едно ми го заклучуа товарениов ум: оддалечуањето на рода од рода значи обезроднуање или стручно-експертски отуѓуање односно алиенација. А шо доведуа до дрво без корен, со крајна последица праење изродник односно нечоек од чоек. Мислите оти претеруам? Ај подразмислете, па пробајте да ми докажите оти правилно мислите.

Ја сега ќе одам докрај и ќе кажам кој сè је во врска со без рода односно со безродништвото, кој сè је крив за то и поради то треба да му одгоараат на чоеко:

Прво је крив чоеко во чоеко! Значи, он је најкривио од кривите, а то истовремено значи оти треба да се казни најмногу и со најголема казна. Еве заошто: поради зато шо дозволил јали дозволуа да му се уништи јали ништи баш он-чоеко во него. Дури дозволуа и појќе од то: да му го сотрат и самио да си го сотира чоечкото на чоеко во него. За да не останам неразбран од вас јали за да ме доразберете правилно, ќе ви се конкретизирам:

Шо е најважно шо го прај чоеко чоек? Знам оти знајте: го праат чувствата, односно по странски емоциите. И то сите топтан, значи заедно и едновремени. Одделни и разновремени, значи едно, две, можи и три имаат и други во животинскио свет, и диви и питоми, ама топтан се само кај чоекот напраен ко чоек. Можи да бидат и со исти нагони ко чоеко, односно по странски инстинтки, ама и они во чоеко се контролирани од чоеко, шо значи он не им дава да му се соголат до гола коска. Туку…Шо ми беше зборо?…А да, проблемо без рода, односно мојто кажуање за то кој сè је во врска со без рода односно со безродништвото, кој сè је крив за то и поради то треба да му одгоараат на чоеко.

Ја лично сум и површински и длабоко убеден дека втор кривец се политиката и власта во држава и општество шо го растураат разни ебиветри, неранимајковци и неранитатковци шо им коленичат, поточно им се тртат на стратешки партнер кој им крои сè живо и диво за сè да биди по негоо, шо значи тесно скроено за тесно да го носат. Ај само помислете на ова и не морате ич да се замислуате: дали  можат разни ебиветри, неранимајковци и неранитатковци, сите можиме да ги наречиме изроди, да им коленичат, поточно да им се тртат на силници со геостратешки интереси, ко шо се вика стручно ем експертски, ако имаат во себеси бар најмалце чоечко во себеси? Па ако имаат, тогај не би биле то шо се сите наречени исто-изроди!

Е сега иди она за шо ви порачав оти не морате ич да се замислуате: растурањето на држава и општество со политика и власт на ебиветри, неранимајковци и неранитатковци шо коленичат и се тртат. Сакам да доречам: не за спас на чоечкото во чоекот, ами за докусуруање на чоеко во чоеко се прај сè за он најнакрај да остани без рода. Причински ем последично.

Се преуморив од промислуање…Шо ми беше зборо?…А да, за без рода…

Ќе речам само уште едно нешто и толку ќе биди речено од мене за ова: ја сум апсолутно за родова еднаквост, поточно речено за еднаквост прво на ближната рода, а после на подалечната, далечната и ептен далечната. Оние од изродине шо кога се залагаат за неа мислат на пол меѓу машкио и женцкио пол, го  нарекуаат транс…, демек еден пол исто ко друг и еден ист со ист машки јали женцки јали така некако, јали толку им сечи умо јали се болни во умо! А гарант се од оние шо им коленичат и им се тртат на силник ко стратешки партнер. Во контексто на моево кажуање, да повторам оти родовата еднаквост не шо можи, ами мора да биди каква што се знај и каква шо ја знајме откога постои чоечкио род, од веки веков. И точка!

Сега да се подвлечам: баш поради зато шо со намисла ни се урнисуа јали веќе ни је урнисана родовата еднаквост, ние сè појќе остануаме без рода. И ко такви за нигде и за никаде. При то не мислам само на фамилијарноста, ами и на меѓуфамилијарноста ко заедничка живеачка. Шо е еден, можи да биди и клучен предуслов за здрав живот. Па следи логика: поради зато шо сè појќе луѓе се без рода, али се без неа ко да не се, значи забораени, толку оддалечени шо не се ни паметат, сè појќе се без чоечко во чоеко. А без чоечко во него он просто напросто не је чоек. Ја така мислам и точка!

Ај уште ова од мене, а во врска со личното и персоналното:

Тргнуам од себеси кога заклучуам оти без рода најтешко им је на старите лујѓе. Не на возрасните односно зрелите и презреаните, ами баш на старите, односно на оние стари шо се сè поблизу до умирачката. Откога ме напушти мојта Громојца, Бог да ја прости, ич не ми је лесно. Имам рода, ама…Да речам искрено, од ден на ден ми је сè потешко. Да не сте ми вие, лујѓе мои, богами…

Ја ко ќе кажам кажано је!